• Latest

Деспотовски и Ангеловска со предлог да се формира регионален ФИТР со седиште во Скопје

February 22, 2020
Трамп и Путин во Алјаска. Фото: Скриншот

Путин и Трамп се ракуваа пред медиумите и прошетаа по црвениот тепих во Енкориџ

August 15, 2025
Фото: Профил на Х, Карл Билд

Карл Билд: СССР беше мизерно промашување како општество и како економија

August 15, 2025
Фото: Фејсбук страница на Собрание на РСМ

Собранието закажа итна седница за измени на Изборниот законик, иако изборите се веќе распишани

August 15, 2025
Фото: Принтскрин

Навалнаја до Путин: Ослободете ги сите политички затвореници

August 15, 2025
Ескалација на протестите во Србија
Фото извор - Нова.рс

Генералниот секретар на Советот на Европа загрижен поради протестите во Србија: Власта да го почитуваат правото на мирно собирање

August 15, 2025
Фотографија: МИА Архива

Министерот за одбрана на САД Хегсет ќе се придружи на самитот Трамп-Путин во Алјаска

August 15, 2025

ЗНМ: Недостигот на правила за платена политичка реклама во онлајн медиумите создава корупциски ризици

August 15, 2025

24 ЧАСА: Кривична за екс- претседателка на ДКСК – обвинува за притисок од власта; Путин на гости кај Трамп; судири, солзавец и демолирање на протестите во Србија; САД ги избришаа правата на македонското малцинство во извештајот за Бугарија

August 15, 2025
Фотографија: МИА

Екс-антикорупционерката Ивановска доби кривична – обвинува за притисок од власта

August 15, 2025

МВР поднесе кривична против директорката од Демир Хисар за одземање или уништување службен печат или спис

August 15, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Деспотовски и Ангеловска со предлог да се формира регионален ФИТР со седиште во Скопје

February 22, 2020 17:15
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, ТЕХНОЛОГИИ
Share on FacebookShare on Twitter

Основање регионален фонд што ќе работи по примерот на Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) е предлог што министерката за финансии Нина Ангеловска и директорот на Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) Јован Деспотовски го дадоа на денешниот Самит на раководители на акцелераторот за конкурентност и иновации, а седиштето на фондот би бил во Скопје.

Ангеловска за МИА посочи дека ова е прва иницијативата на Светскиот економски форум за земјите од Западен Балкан, што има за цел да се развие конкурентноста на регионот преку воспоставување акцелелатор, платформа, што ќе биде во соработка со јавниот и приватниот сектор за да се помогне на домашните комапнии да се прошират на глобалниот пазар.

Таа, како што јави известувачот на МИА од Тирана, наведе дека иницијативата има идентификувано четири приоритети.

“Тоа се трансформативното претприемништво, кое е навистина многу важно за развој на регионот, вториот приоритет е трпеливо инвестирање, односно да не се чекаат брзи резултати, туку оти дека треба да се инвестира и во истражувањето, во развој со цел понатаму да се комерцијализираат идеите и да се има солиден план за развој. Друг приоритет е освојување на нови пазари и последното е предвидување или соработка на приватниот сектор со академиите, со цел да се основаат нови иницијативи кои ќе бидат кокреирани и од академијата и од приватниот сектор’, појасни министерката за финансии.

Ангеловска, како дел од лидерската група на акцелераторот, посочи дека ќе работи на акцискиот план што треба да биде подготвен до септември, за, како што рече, понатаму да се продолжи со следните чекори, односно реализацијата.

„Оваа иницијатива е навистина многу важна за целиот наш регион, за да се развива и да може полесно да соработува“, заклучи Ангеловска
Деспотовски ја истакна успешноста на ФИТР, нагласувајќи дека дале предлог седиштето на регионалниот Фонд да биде во Скопје.

„Ние имаме инвестициско портфолио од околу 65 милиони евра. Над 340 компании веќе користат средства за иновации и технолошки развој. Сите овие бројки и резултати се препознаени и од меѓународните партнери. Целта е моделот што веќе функционира во Северна Македонија, кој, исто така постои и во Србија, да се подигне на едно повисоко ниво, да се овозможи не само фрагментирани пазари од по неколку милиони луѓе, туку да се искористи целиот потенцијал на регионалниот пазар од 17 милиони луѓе“, наведе Деспотовски.

Инаку, по иницијатива на Светскиот економски форум, денеска почнува со работа акцелераторот за конкурентност и иновации на земјите од Западен Балкан.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Скриншот од видео на
TRT World

    САД ги избришаа правата на македонското малцинство во извештајот за Бугарија

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • РУСКИ ХИБРИДНИ ЗАКАНИ: Моделирање и пристапи (1)

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • БГНЕС: Иницијативата на Поповска во служба на агендата на Мицкоски за оддалечување на Македонија од членството во ЕУ

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
  • Без автор, со агенда: Јахта-пропаганда и предизборен спин на Плусинфо

    86 shares
    Share 34 Tweet 22
  • МВР го разреши началникот од Демир Хисар за непрофесионално однесување

    86 shares
    Share 34 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ