• Latest

Децата најголем процент меѓу идентификуваните жртви на трговијата со луѓе, најчеста сексуалната експлоатација

August 10, 2021

АВМУ: Ноќеска на полноќ завршува објавувањето резултати од анкети за Локалните избори 2025

October 13, 2025
Војо Маневски

Граѓаните прашуваат ли нешто?

October 13, 2025
Скриншот од видео на Sky News Australia

Сите 20 живи заложници во Газа ослободени и предадени на ИДФ

October 13, 2025
Илустрација ВИ

Последна недела од кампањата за локални избори

October 13, 2025
Скриншот од видео на
The Free Press Journal

Најмалку 27 лица убиени во судирите меѓу Хамас и вооружени членови на клан во градот Газа

October 13, 2025
Скриншот од видео на АРТ

Десетици убиени во судирите меѓу Пакистан и Авганистан во најжестоките борби откако Талибанците се вратија на власт

October 13, 2025
Фото: Скриншот од видео на Sky News Australia

Макрон го објави новиот кабинет со премиерот Себастијан Лекорну, додека притисокот околу буџетот се интензивира

October 13, 2025
Скриншот од видео на FOX news

Трамп размислува да испрати ракети „Томахавк“ во Украина

October 13, 2025
Израелски хеликоптери се упатуваат кон базата Реим за да ги примат вратените заложници. Фото: ИДФ

Првите седум ослободени заложници од Газа придружувани од ИДФ се враќаат во Израел, потврди војската

October 13, 2025

Жерновски: Ни ја исклучија струјата сред митинг во Иловица, но не и вербата!

October 12, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Децата најголем процент меѓу идентификуваните жртви на трговијата со луѓе, најчеста сексуалната експлоатација

August 10, 2021 11:15
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Share on FacebookShare on Twitter

КОВИД пандемијата не остави некоја посебна промена во однос на борбата против трговијата со луѓе односно и натаму остануваат присилните бракови и сексуалната експлоатација, при тоа можеби малку повеќе се зголеми влијанието на интернетот како начин на врбување на децата, вели за МИА, Љупчо Маркудов, началник на Единицата за трговија со луѓе и криумчарење мигранти и помошник раководител на Националната единица за сузбивање криумчарење на мигранти и трговија со луѓе.

Овој тренд не карактеристичен само за изминатата, туку и за последните неколку години. За жал, потенцира тој, сите идентификувани, не потенцијални, туку идентификувани, жртви на трговија со луѓе во најголем процент се деца од 12 до 17 години. Најчесто, наведува, е сексуалната експлоатација, но се застапени и присилните бракови, во кои пак е вклучена сексуална и трудова експлоатација.

Маркудов говорејќи за состојбите во борбата против трговијата со луѓе и илегалната миграција, меѓу другото информира дека во Центарот за жртви на трговија со луѓе во моментот има само две лица, од женски пол и тоа деца, жртви на сексуална експлоатација. Другите кои се рехабилитирани и на кои им е помогнато, дадени им се можности кои ги прифатиле, одат на курсеви, се насочуваат за да им се обезбеди и работа и сите права од програмата и индивидуалниот план за помош и поддршка на секоја жртва.

Влијанието на Ковид пандемијата во идентификување на потенцијални жртви на трговија со луѓе и борбата против трговијата со луѓе

КОВИД пандемијата, оценува Маркудов, не остави некоја посебна промена. И натаму, потенцира, присилните бракови и сексуалната експлоатација остануваат, можеби малку повеќе се зголеми влијанието на интернетот како начин на врбување на децата. Многу повозрасни се претставуваат како дечковци и закажуваат состаноци, па на тие состаноци покрај дечкото доаѓа некој многу повозрасен, кој потоа ја презема целата работа во експлоатацијата на децата.

Маркудов истакнува дека интернетот и социјалните мрежи се главен проблем во државата.

– Сега имаме посебна организациона единица во МВР што ги следи, но се разбира не е во можност да ги следи сите веб страни или социјални мрежи. Тука дефинитивно ни треба помош и од родителите и до целата заедница. Каква било информација да имаат да можат да ја споделат, за да може да му се помогне на кое било дете, изјави Маркудов.

Маркудов низ конкретен пример опиша еден од начините за регрутација на жртви на трговија со луѓе преку интернет.

Девојче на 15 години од асоцијално семејство, родителите разведени, мајката не заинтересирана за детето, таткото живее надвор од Република Северна Македонија. Стапува во контакт преку социјална мрежа со дечко, две до три години постар од неа, се зближуваат, договараат заеднички средби. Две средби се реализираат со дечкото, а на третата се појавува „таткото“.

чат бокс, фото МИА

Ги носат во друг град во нашата држава, заедно живеат во стан, одат по кафулиња, по туристички места, девојчето е среќно, конечно наоѓа нешто што личи на љубов, меѓутоа тоа многу брзо се менува. Девојчето се затвора во стан, во еден од градовите во државата и тука под дејство на дрога, алкохол е доведена во состојба на послушност и принудена да дава сексуални услуги на машки лица.

Овие деца, нагласува Маркудов, иако не се спремни за брак, ниту физички, ниту психички, присилно стапуваат во брак и тука од страна и на целото семејство се сексуално експлоатирани, се принудувани да вршат тешки физички домашни работи што не одговараат на нивната возраст. Многу често и полски работи, па дури и питачење, работа на пазар итн. Тоа се главните форми на експлоатација кога се работи за децата.

Жртвите на трговија со луѓе не познаваат националност 

Жртвите на трговија со луѓе ги има од сите националности, наведува Маркудов, но најзастапени се од ромската популација, затоа што тоа со години наназад се третираше како нивно обичајно право. Но, тоа во последните години го менуваме, вели тој, и Јавното обвинителство се повеќе ги прифаќа препораките од меѓународните организации, но и нашите пријави кои се однесуваат на присилните бракови.

– Ако детето е најзаштитена категорија, не можеме ние да дозволиме да стапи во присилен брак или да биде експлоатирано на кој било начин, додава Маркудов.

Каде се сместуваат децата жртви на трговија со луѓе 

Децата жртви на трговија со луѓе не мора да бидат во специјалниот Центар, што на некој начин е по затворен тип во однос на другите групни домови. Онаму каде што нема безбедносен ризик по детето можно е сместување и во  групни домови. Таму се работи со тие деца, таму следат и настава, а самото дружење со другите деца доведува до подобра и полесна ресоцијализација на детето. Тоа е една од програмите, тоа не е нешто што не се случува и во другите држави.

Инаку во рамки на одбележувањето на 30 јули – Светскиот ден за  борба против трговијата со луѓе, Министерството за внатрешни работи, заедно со Министерството за труд и социјална политика и невладините организации, со поддршка на Меѓународната организација за миграции (ИОМ), ги реактивираа мобилните тимови за идентификација на жртвите и потенцијалните жртви на трговија со луѓе.

Целта на мобилните тимови е да бидат институционално стабилни, постојани и функционални на терен, со што ќе придонесат кон подобрување на идентификацијата на ранливите категории граѓани, преку проактивно дејствување на терен, обезбедување помош и поддршка и споделување информации со надлежните органи за водење проактивни истраги, со што ќе се зајакнат националните капацитети и ќе се зголеми ефикасноста на службите.

Според Маркудов, мобилните тимови се покажале како добра идеја и се очекува оваа година да дадат поголеми резултати затоа што е направен подобар избор на нивни членови. Предимството е што имаат директен контакт со ранливите категории лица од кои најчесто доаѓаат жртвите кои се идентификуваат.

 

Пет мобилни тимови во Битола, Гевгелија, Куманово, Скопје и Тетово се формирани во јануари 2018 година и се еден од успешно реализираните приоритетни активности предвидени во тогашниот реформски владин план 3-6-9 со поддршка на ИОМ.

Во периодот март 2018 – декември 2019 година, мобилните тимови првично контактирале, информирале и асистирале на 797 лица и тоа 719 државјани на Северна Македонија и 78 странски државјани, од кои биле детектирани 14 жртви на трговија со луѓе. Сите тие биле од женски пол, од кои 10 деца и четири возрасни, како и 190 потенцијални жртви на трговија со луѓе и 593 ранливи категории лица , од кои 318 мажи и 275 жени.

ИОМ: Трудовата експлоатација доминантна кај возрасните мажи, жените жртви на трудова и сексуална експлоатација

Соња Божиновска Петрушевска, раководител на канцеларијата на ИОМ во Скопје укажа дека податоците на Организацијата од поширокиот регион укажуваат дека трудовата експлоатација била предоминантна кај возрасните мажи, а жените биле жртви и на трудова и сексуална експлоатација.

Момчињата биле главно експлоатирани за работни цели, а во помал обем за питачење и сексуална експлоатација. Спротивно на ова, девојчињата главно биле жртви на сексуална експлоатација, а во помал обем за принудна работа и питачење.

 

ИОМ од средината на 90-те години на минатиот век на глобално ниво, со своите партнери, има обезбедено асистенција на околу 100 илјади мажи, жени и деца тргувани со цел сексуална и трудова експлоатација, ропство, сервилност или отстранување на органи. Секоја година на глобално ниво ИОМ обезбедува асистенција на околу осум илјади жртви на трговија со луѓе.

На глобално ниво, социо-економските последици од пандемијата ја зголемиле ранливоста во однос на трговијата со луѓе. Децата станале уште поранливи како последица на пандемијата, а девојчињата изложени на уште поголем ризик од рани бракови, бременост и насилство.

Светските податоци, истакнува Божиновска Петрушевска, покажуваат дека од почетокот на пандемијата, насилството врз жените е во пораст во многу земји во светот. Глобалните извештаи укажуваат и на зголемениот ризик за регрутирање на жртвите преку интернет.

Инаку, Република Северна Македонија се придружи на кампањата на Обединетите нации наречена „Сино срце“ и е втора земја во регионот која ја поддржува оваа кампања. Во фокусот на кампањата се жртвите на трговија со луѓе и важноста да се слушнат и да се учи од жртвите на трговија со луѓе.

Кампањата ги прикажува жртвите ако клучни актери во борбата против трговијата со луѓе и улогата што ја имаат во воспоставување на ефективни мерки за спречување, идентификување, поддршка и нивниот пат кон рехабилитација.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Мицкоски: Да за ЕУ и гаранции од Европскиот совет, не за билатерални услови

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Семејни пат’ридии

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ