• Latest

Џафери: Кампањата ќе ја водиме транспарентно, непосредно и директно

September 7, 2018
Марта Кос(Фотографија: Википедиа)

Кос: Време е за проширување на проширувањето – Европа нема време за губење

November 18, 2025

Албанија ја претрча Македонија на патот кон ЕУ, Мицкоски упорно инсистира дека не е така – Брисел упорно го демантира

November 18, 2025
Фото: Х профил на Марта Кос

Утрински вести со – Рама!

November 18, 2025

Утре почнува судскиот процес за трагедијата во „Пулс“

November 18, 2025

Десетици илјади Словаци протестираа против Фицо по повод годишнината од падот на комунистичкиот систем

November 18, 2025

Фон дер Лајен: Проширувањето е инвестиција во мир, безбедност и заедничка иднина

November 18, 2025

„Децата молчат, ние мора да зборуваме“: Почнува кампања „1 од 5“ за спречување сексуално насилство врз деца

November 18, 2025

Советот за безбедност на ОН го прифати американскиот план за мир во Газа

November 18, 2025

Загрепскиот небодер ‘Вјесник’ во пламен: Огнот беснее по катовите, штетата огромна, нема човечки жртви

November 18, 2025

Студентите од Србија под кибер-офанзива: „Некој сака да го замолчи нашиот глас“

November 18, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Џафери: Кампањата ќе ја водиме транспарентно, непосредно и директно

September 7, 2018 13:14
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Пратениците ја почнуваат кампањата за референдумот закажан за 30 септември. Денеска се одржува последната седница пред одржување на референдумот, а активностите се очекува да започнат од понеделник.

Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска на прес-конференција пред отпочнување на кампањата рече дека самото прашање „Дали сте за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција?“, во себе ја содржи стратешката определба за која се залага секој претставник на граѓаните од осамостојувањето на Република Македонија до денес.

– Денес сме овде како координативно тело да ја информираме јавноста дека како овластени носители на кампањата, ќе ја водиме транспарентно, непосредно и директно, без дискриминација, предрасуди и со почитување на волјата на секој граѓанин. Наша цел е детално да ги информираме граѓаните за големата слика, за придобивките од нашето членство во НАТО и ЕУ, кое не подразбира само заштитени граници, заедничка надворешна политика и отворени патишта за нашите граѓани, туку членството подразбира повеќе странски инвестиции, работни места, поголем пазар за пласирање на производи, повеќе можности за образование и напредок на младите генерации, а истовремено и целосно владеење на правото, правната држава, како и реформи во судството и во сите сфери на социјалниот живот, изјави Џафери.

Свесни сме, додаде тој, дека голем дел од граѓаните ги знаат придобивките од членството, но и дека има граѓани кои не го поддржуваат членството на земјата во овие институции.

Џафери во име на координативно тело ги повика сите учесници во кампањата да се однесуваат, како што кажа, соодветно, коректно, достојно со цел граѓаните на 30 септември да ја донесат вистинската одлука.

Во кампањата на Собранието ќе се вклучат 71 пратеник од сите пратенички групи, со исклучок на опозициската ВМРО-ДПМНЕ која го извести Џафери дека нема да учествува во кампањата и дека бара средствата да бидат потрошени за други цели.

Џафери појасни дека Собранието ќе откупи простор во некои од 65–те медиуми кои до 10 август доставиле ценовник до Државната изборна комисија за референдумот. Медиумскиот план, кажа Џафери, ќе биде објавен на веб-страната  на Собранието и пратениците кампањата ќе ја реализираат на телевизиите и радијата и за преставување на своите ставови ќе имаат девет минути во еден час.

Инаку, пратениците по личен избор ќе можат своите референдумски ставови да ги претставуваат и во своите изборни единици, а како што рече Џафери, нема пречка во таа кампања да се вклучат и други претставници на Владата и политичките партии, но повтори дека тоа мора да биде со сопствени средства.

Претседателот на Собранието уште еднаш потенцира дека пратениците за медиумската кампања нема да добиваат кеш пари, туку дека Собранието ќе исплати средства само за медиумски закуп. Ги повика медиумите што доставиле ценовници до ДИК и до кои е испратено циркуларно писмо да се обратат до Парламентот за склучување на договори за закуп на овој простор за кампањата.

Во однос на одржувањето на пленарните седници, претседателот на Парламентот рече дека денеска на предлог на пратеници ќе се одржи итна седница и оти најверојатно ќе биде последна до одржувањето на референдумот на 30 септември. Џафери, сепак, остави простор и рече дека не се исклучува можноста да има и друга итна седница доколку за тоа има потреба. (МИА)

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Како е поврзан министерот Трипуновски со корупцискиот скандал во кој е осомничена негова блиска соработничка

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ