• Latest

Џафери: Ротирачки спикер или премиер е прашање на политички договор

August 17, 2020

Удри дете и избега! Полицијата го фати 59-годишниот скопјанец што прегази 11-годишно девојче во Маџари

October 31, 2025

Последен ден од изборната кампања за вториот круг од локалните избори, на полноќ почнува изборниот молк

October 31, 2025

Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

October 30, 2025
Фото: Град Скопје

Арсовска го назначи Александар Јовановски за нов в.д. директор на Комунална хигиена – Скопје

October 30, 2025

ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР ВО ТЕТОВО: Од локални гласови до заедничка иднина

October 30, 2025
Тепање на руски војник со повикувачки знак „Фикса“ од 80-тиот тенковски полк на 90-та тенковска дивизија на Централната група. Фотографија: Скриншот од видео разговор со роднини/Верстка

Руските армиски началници мачат и егзекутираат војници кои одбиваат да се борат во Украина, открива истрагата на независниот медиум Верстка

October 30, 2025

Словенечкиот проблем: Кога стравот станува политика

October 30, 2025

Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

October 30, 2025
Скриншот од видео на CNN-News18

„Ова беше колеж, а не операција“- фавелата се тресе од најсмртоносниот полициски напад во Рио

October 30, 2025
Фотографија: Скриншот

Аналитичари за укинувањето на санкциите за Додик -„возвратена услуга“ за повлекувањето од функцијата претседател на РС, аналитичарите за укинувањето на санкциите за Додик

October 30, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Џафери: Ротирачки спикер или премиер е прашање на политички договор

August 17, 2020 21:49
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседавачот на Собранието Талат Џафери изјави дека ќе закаже продолжение на конститутивната седница штом добие потврда дека партиите ги решиле двете останати прашања – избор на претседател на законодавниот дом и комисија за избори и именувања.

Вели дека не е и нема намера да биде причина за блокирање на институцијата и оти ги следи процедурите.

„Во моментот кога ќе има предлог дека се решени прашањата по однос на комисијата за избори и именувања и кандидат за претседател на Собранието, без разлика кој и да е тој, моја обврска според Деловникот е да продолжам со седницата за да може да се довршат тие точки. Јас во тој правец не правам никаков проблем“, рече Џафери на дневникот на Сител ТВ.

Во однос на можноста за ротирачки премиер или ротирачки собраниски спикер, Џафери рече дека тоа е пакет на политички договор меѓу партиите кои прават мнозинство и во таа насока, како што рече, не се раководи од личните статусни прашања.

„Работата е политичка. Затоа се доделува мандат за состав на Влада и програма за работа на владата  која се поднесува до Собранието. Ако во тие 20 дена преговори за состав на влада го имаат соодветното парламентрано мнозинство, во рок од 15 дена од приемот на предлог составот и програмата на Владата, Собранието треба да одржи седница и да избере влада. Доколку е политичкиот договор таков, тоа е неспорно“, нагласи Џафери.

Прашан дали е оптимист дека до крајот на неделава е можен договор и продолжување на седницата, Џафери не одговори конкретно, само посочи дека во животот секогаш бил оптимист.

Тој смета и дека треба да се допрецизираат одредбите за тоа кога е конституирано Собранието, ако не во Уставот како потешка процедура, тогаш во собранискиот Деловник, за да нема недоразбирања во иднина.

Талат Џафери минатата недела најави дека ќе свика продолжение на конститутивната седница дента кога претседателот Стево Пендаровски му го довери на лидерот на СДСМ Зоран Заев мандатот за составување влада, но се откажа од намерата поради семејни обврски, односно затоа што доби внук од ќерка.

Print Friendly, PDF & Email
Share36Tweet23Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    147 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    138 shares
    Share 55 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ