• Latest

Џелатите – „жртви“ и нивните нови „сојузници“

April 24, 2019

САД одбија да учествуваат во ревизијата на ОН за човековите права

November 7, 2025
Мирослав Јовановиќ - Слободен печат, панел „Уставни измени - Исток или запад“, 29 јуни, 2023
фото: Д. Муратов

Каде го загубивме чувството за срам?

November 7, 2025

Данска планира да воведе минимална возраст за користење социјални мрежи

November 7, 2025
Кривичен суд - Скопје

Притвор за четири лица осомничени за поткуп во врска со ИПАРД програмата

November 7, 2025
Фридрих Мерц (фото извор: Wikimedia)

Мерц најави милијарди за фондот за тропските шуми на КОП30

November 7, 2025

Извештај за проширување: Што е следно за земјите кандидати за членство во ЕУ

November 7, 2025
Фото: Скриншот

Собранието констатира нови мандати за тројца пратеници

November 7, 2025
Zohran Mamdani
Source> Wikimedia commons

Мамдани со поддршка од двајца милијардери – наспроти десетици зад Куомо

November 7, 2025
Фото: wikimedia commons

Ништо од бизнисот: Ганвор Груп ја повлекува понудата за подружниците на Лукоил откако САД ја нарече компанијата „руска марионета“

November 7, 2025
Скриншот од видео на Canal 26

Кремљ ги вклучува окупираните делови од Украина во рускиот Јужен воен округ, во услови на обновен мобилизациски притисок

November 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Џелатите – „жртви“ и нивните нови „сојузници“

April 24, 2019 08:15
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Упорно, иако замина Груевски, не престанаа, туку се засилија напорите навредите, пцовките и плуканиците да се продадат како критика, а аргументите и директните одговори на лагите како ароганција. Актерите се исти, како во деценијата зад нас.

Ама уште повеќе импонира тоа што спротивставувањето на аргументите на таа „критика“ сега се доживува и претставува како „притисок“ на власта, односно „новиот режим“.

Петрит Сарачини

За жал, џелатите – жртви засега добиваат засилување и од доста луѓе кои се од многу причини разочарани од оваа власт, но кои би можеле да дадат далеку посодржајна поаргументирана критика и чариња за состојбите.

Но, одбрале да не го прават тоа, туку се приклучуваат на навредувачкиот хор.

Работата стигна дотаму што довчерашните жртви на куририте на Груевски сега ги имате секојдневно по два-три пати на истите тие курири, како ја критикуваат власта. Во два-три реда текст.

А има и некои од довчерашните жртви на куририте што почнаа да ги споделуваат нивните содржини во кои се критикува власта на вообичаен начин – со манипулација, без шанси за објаснување, со лаги – како релевантни.

Не велам дека довчерашните жртви на куририте на Груевски заборавиле со кого си имаат работа. Не ги есапам за толку наивни. Ниту пак сакам да ги едначам куририте со оние што и сега и пред 3 години или 5 години критикуваа со аргументи.

Сакам само да ги потсетам, а и сите што читаат, барем што се однесува до оваа тема за отвореност кон јавноста и критиката, дека на многумина им чинеа и се уште им чинат оние што затвораа медиуми и новинари, што оставија стотици семејства без работа и леб, што напаѓаа и физички и вербално цели заедници поради етничка, политичка, сексуална припадност, што шиканираа стотици јавни личности од различни професии и нивните семејства само затоа што не мислеа како нив, што таквите ги спружуваа по медиуми и напаѓаа и физички и малтретираа психички, а казна за тоа никогаш немаше, туку само институционално охрабрување.

Да не зборуваме за ароганцијата, неодговарањето на новинарски прашања, игнорирањето на сите критички редакции и селектирањето медиуми, отсуството од дебати, недавање документација од јавен карактер…

Истото е и денес кај таа структура.

Сега, кај овие на власт го нема сето тоа. А зошто сега не чинат овие што одговараат секому, па дури и на коментари на Фејсбук? Сега, кога нема да им одговорат на прашање на личен ѕид на ФБ во 23ч навечер, тоа е веднаш општествен проблем. А кога ќе одговориш – или вршиш притисок или си арогантен.

Искрено се надевам дека има капацитет критичката јавност во нашата земја да се одвои од плукачката јавност. Оти, прилично тажно изгледа оваа нова злоупотреба од страна на џелатите, кои нивните довчерашни жртви ги злоупотребуваат за да се справат со противниците на нивните вчерашни и денешни газди. Не за некаков општествен ќар, туку за да преживеат, а по можност и да се вратат да не доуништат криминалците кои не доведоа до ова дереџе.

Таа критика и тие луѓе ни се потребни како општество, не на Фејсбук и на алуминиумски портали со по три реда текст, туку на релевантни форуми и аргументиран мегдан, како што на сите ни доликува. Тоа е единствениот начин угоре. Темелно, со почит, ама и со аргументи и квалитетна расправа и чариња, а не со финти за лајкови.

 

Share105Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Последни часови од гласањето: Гласачите во клучните трки се незадоволни од Трамп и загрижени за економијата, покажуваат излезните анкети на CNN

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ