• Latest

Дигитализација на Западен Балкан за поголема соработка и економски развој

April 20, 2018

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
Foto: Wikimedia Commons

ОН: Само во октомври повеќе од 260 напади врз Палестинци во Западен Брег

November 14, 2025
Американските воздушни сили, USAF (Photo by Hans Dorries on Unsplash)

САД одобрија продажба на воени авиони и делови на Тајван во вредност од 330 милиони долари

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Х

Шест загинати во рускиот напад врз Кијив, Азербејџан упати силен протест до Москва откако руска ракета ја оштети и нивната амбасада

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Гардијан

Демонстранти го блокираа главниот влез на зградата каде се одржува КОП30

November 14, 2025

Марш на ангелите – 30-тиот протесен марш за правда во Скопје

November 14, 2025
Фото: Фејсбук  на Љубомир Костовски

Министерот што подигнува само рачна, говори за брзината на пругите!

November 14, 2025

Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

November 14, 2025

Анализа на Гардијан: Климатското финансирање оди во погрешни раце – Кина, Саудиска Арабија и ОАЕ меѓу најголемите добитници

November 14, 2025
Фотографија: Скриншот

Новиот исламофобичен говор на Додик – радикална реторика што потсетува на воените злосторници од 90-тите, алармираат аналитичари и ОБСЕ

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Дигитализација на Западен Балкан за поголема соработка и економски развој

April 20, 2018 07:49
in ВЕСТИ, ТЕХНОЛОГИИ
Share on FacebookShare on Twitter

Дигитална трансформација на земјите од Западен Балкан за поголема соработка и економски развој, но и пониски цени на роаминг во регионот и со ЕУ се целите постигнати на дводневниот Самит што се одржа во Скопје во рамки на Берлинскиот процес.

Премиери, претставници на влади, на ЕУ,  регионални оранизации, академската заедницата, бизнисмени и млади изнесоа идеи и порачаа дека технолошката  трансформација и нивна целосна дигитализација е еден од врвните приоритети.

– Дигитализацијата е можност која не теба да се пропушти доколку сакаме да обезбедиме иднина. Регионалната соработка има клучно значење во поврзувањето на граѓаните и државите на Западен Балкан. Таа регионална соработка доби суштина со Берлинскиот процес, а особено со усвојувањето на планот во Трст, порача на отворањето на Самитот македонскиот премиер Зоран Заев.

Тој истакна дека инвестирањето во нови технологии ќе донесе ефикасност и продуктивност, а особено важно е дека во дигиталниот свет нема големи и мали играчи и оти се обезбедени доволно средства во буџетот за дигитализација.

– Целта е да се овозможи дигиталната трансформација на општеството во Западен Балкан. Тоа ќе го овозможиме со примена на мултисекторски пристап кој се соочува со главните предизвици што ни претстојат, развојот на дигиталните вештини вклучително и кај жените, развојот на поврзаноста и инфраструктурата, мобилизацијата на јавната администрација и е-владата, јакнењето на нашата отпорност и компјутерска безбедност. Имаме намера да ги намалиме цените со ЕУ и тоа ќе го направиме во следните месеци, рече еврокомесарката за дигитална економија и општество Марија Габриел.

Дигитализацијата, според министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски треба да придонесе за  зголемување на работните места, на платите во регионот, на подобрување на услугите, индустриите, образованието и на намалување на корупцијата

Како што рече тој на Самитот е дадено ветување дека заедно ќе работат на намалување на цените на роамингот во регионот и со земјите од ЕУ. –  Ја изразивме нашата заложба за воспоставување регионален дијалог со повеќе засегнати страни, со операторите, ИТ компаниите и организациите за заштита на потрошувачите, поддржани од страна на Регионалниот совет за соработка и Европската Комисија, се со цел да се постигне усогласеност со моделот ЕУ роаминг како дома, рече Манчевски.

Од Скопје се испрати порака за следните два самита, во Софија и Лондон, дека местото на Западен Балкан е во ЕУ.  – Не чека многу работа, но доколку постои политичка волја, а конечно постои, тоа ќе се постигне. Дигиталниот самит во Скопје е само една од потврдите за тоа, наведе Манчевски.

Според министерот за надворешни работи Никола Димитров, агендата на Самитот е поврзана со една од шесте иницијативи кои се дел од Стратегијата промовирана од претседателот на ЕК Јункер. – Следниот чекор, Самитот во Софија, ќе го спои овој напор на регионот заедно со земјите членки на ЕУ и се надевам дека ќе има и конкретни резултати, што ќе ги почувствуваат граѓаните, меѓу другото и за роаминг услугите, потенцира Димитров.

На Првиот дигитален самит за Западен Балкан државите од регионот се обврзаа и дека ќе го подобрат пристапот до широкопојасен интернет, изразија подготвеност и иницијатива да работат на активно меѓусебно признавање на дигиталните сертификати, потписи и печати, како и на олеснување на прекуграничните  доверливи услуги . Се обврзаа и на следење на примената на реализацијата на иницијативата за ви-фи на ЕУ за која ЕК донесе одлука за проширување во Западен Балкан.

Заедно ќе работат и на сајбер безбедноста и на имплементацијата на Европската директива за мрежна информациска безбедност. Договорено е и креирање на политики за ИКТ образование и сертифицирање на сите групи население, како посветеност за подобрување на дигиталните вештини на луѓето кои не се вклучени во образованиот процес. Ќе ја зголемат и регионалната соработката на полето на старт-апи, а со размена на искуства ќе создаваат и заеднички технолошки паркови кои ќе одговараат на критериумите поставени од ЕУ.

Смитот беше заокуржен со дебата за медиумите во дигиталната ера и борбата против лажните вестина во која беше истакнато дека тие се предизвик на традиционалните медиуми.

– Проблемот со лажните вести е што се губи довербата и тоа е најголем предизвик за традиционалните медиуми, рече министерот за надворешни работи Никола Димитров.

Министерот за отчетност Робер Поповски, посочи дека Македонија не е исклучена од феноменот на лажни вести.  – Заробената држава верувам дека е зад нас, но алатките се уште се тука. Покрај се што се случи праксата не престана. За локакните избори се создаде измислица дека во општините низ Македонија ќе бидат населени бегалци. Тоа сега не престанува, неодамна се појави измислица дека спомениците ќе се тргаат со бугарски кранови, посочи Поповски.
Во насока на справување со тоа, продолжи тој, Владата забрани владино рекламирање, се заложи за целосна поддршка на слободата на медиумите и транспарентност и отчетност, за што веќе е промовирана и алатка.
– Велес не ги измисли лажните вести, туку некој само добро заработи со нив. Ќе се стремиме Велес да биде препознаен како синоним на борбата против лажните вести, рече Поповски.
Дигиталниот самит на Западен Балкан, беше дел од Берлинскиот процес и има за цел регионална координација и приближување на регионот до Европа.
Следниот дигитален самит, според најавите ќе се одржи во Србија.

Извор: МИА
Tags: SkopjeДигитален СамитЗападен Балкан
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    119 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ