Самопопишувањето на македонската дијаспора се интензивира. Денешната состојба покажува дека за еден ден се попишале 7102 македонски државјани и се надеваме дека ова темпо на попишување ќе продолжи сè до крајот на Попис2021, на 21 април.
Ги покануваме сите наши иселеници да ја искористат можноста и да одговорат на прашањата во апликацијата. За сите нејаснотии во врска со методологијата на попишувањето или какви било технички проблеми, Државниот завод за статистика им стои на располагање со отворените линии за комуникација достапни на веб-страницата Popis2021.stat.gov.mk
„Одвојте 10-ина минути од вашето драгоцено време за да бидете дел од сликата за Република Северна Македонија“!, стои во соопштението од Државниот завод за статистика.
Вкупната бројка на самопопишани од дијаспората заклучно со 08:00 часот денеска изнесува 137.111.