Државната изборна комисија информира дека заклучно со 28 август 2021 година, до 21:00 часот, во подрачните одделенија и канцеларии на Државната изборна комисија потребните потписите за учество на локалните избори ги собрале 18 кандидати за градоначалници, а за уште 15 кандидати продолжува процедурата.
Како што соопшти ДИК, во истиот период во подрачните одделенија и канцеларии на ДИК потребните потписите ги собрале 38 независни групи избирачи, а за 26 продолжува процедурата.
Подрачните одделенија и канцеларии на ДИК денеска ќе работат до 21 часот, а утре до 24 часот, кога и истекува законскиот рок за собирање потписи.
Исто така, заклучно со вчерашниот ден, во избирачкиот список се провериле вкупно 7909 лица, соопшти Државната изборна комисија (ДИК).
Поднесени се вкупно 17 барања за запишување во избирачкиот список, 12 барања за бришење на податоците од избирачкиот список и осум барања за измена на податоците во избирачкиот список, на нивната мејл адреса upisis@sec.mk се поднесени вкупно 23 барања.
Постапката за јавен увид во Избирачкиот список за локалните избори закажани за 17 октомври ќе трае до 9 септември












