Државната изборна комисија денеска со почеток во 11:15 часот ќе одржи јавна седница на која ќе се разгледуваат и одобруваат барањата за добивање на овластувања за набљудување на Референдумот.На оваа седница ќе се разгледуваат барањата на Комитетот за отворена демократија (Committee for open democracy), Фондација за спасување на Земјата (The Earth Saviours Foundation) и Набљудувачка мисија за Референдумот на ОБСЕ / ОДИХР (OSCE/ODIHR Referendum Observation Mission).
На девен ред е и разгледување и усвојување на Предлог Решение за утврдување и објавување на описите на избирачките места, разгледување на Конечната информацијата за текот на пријавувањето на граѓаните за гласање во ДКП на РМ во странство, разгледување и усвојување на Предлог Заклучок за усвојување на извештајот во врска со поднесените пријави со кои граѓаните се пријавуваа за гласање во дипломатско-конзуларните претставништва и конзуларни канцеларии на Република Македонија во странство.
ЦМ












