Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски на својот Фејсбук профил објави дека направил тестови за коронавирусот кои испаднале негативни, па бара под итно да се укинат решенијата за самоизолација.
Денеска од епидемиолошката служба при ЦЈЗ Куманово побарал да ги разгледаат резултатите од тестирањата, по потреба да се повтори тестирањето и под ИТНО да му се достави барање за укинување на решенијата за самоизолација за него и членовите на неговот семејство и сите негови контакти посочени во епидемиолошка анкета.












