• Latest

Димитров: Добра реформска кондиција е аргумент плус за да ги поченеме пристапните прговори

March 10, 2021
ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ

Локалните избори ќе се рапспишат во првата половина на август, нема најава за измените во Изборниот законик

July 7, 2025
Фотографија: МИА

Четиристотини невработени лица ќе бидат ангажирани за превенција и справување со пожари

July 7, 2025
Фото: МИА

(ИЗБОР) Албански медиуми: Опозицијата во Косово не прифаќа ниту тајно гласање, ниту по 43-ти пат не успеа конституцијата на собранието; Ќе се изградат два моста на реката Ибар, Српска листа со петиција против, ЕУ бара инклузивност во процесот на изградбата

July 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на CLRCUT

Германија започнува воена реконструкција – нарачува 600 тенкови „леопард“ и 1.000 оклопни транспортери „боксер“

July 7, 2025
Фото: Скриншот ЦИВИЛ Медиа

(ВИДЕО) Диме Велев за ЦИВИЛ: Нема да дозволиме петмина во Комисијата за дијабетис да изиграваат Господ и да одлучуваат каква терапија треба да примаат 40.000 пациенти

July 7, 2025

Нови тајни преговори: Дали Додик ќе се повлече од функцијата шеф на СНСД ако биде ослободен?

July 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на DawnNews English

Грција спаси стотици мигранти во текот на викендот кај островите Гавдос и Крит

July 7, 2025

Зеленски: За една недела Русите употребија околу 1.270 беспилотни летала, 39 ракети и 1.000 лизгачки бомби против Украина

July 7, 2025

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Колку нашата држава е спремна да се справи со пожарите?

July 7, 2025
Азербејџански војници. Фото: Министерство за одбрана на Азербејџан (mod.gov.az)

Москва го проширува военото присуство во Ерменија при растечки тензии со Баку, Ереван негира, пропагандисти и експерти разработуваат можни сценарија за војна

July 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Димитров: Добра реформска кондиција е аргумент плус за да ги поченеме пристапните прговори

March 10, 2021 09:37
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Агендата „Европа дома“, асоцира на европските стандарди и европскиот начин на живот да го донесеме дома, за да не се селиме во европските држави во потрага по подобри услови. Дури и пристапниот процес е алатка. Имаме јасна агенда и тешко е да се сработи ако се нема план, изјави вечерва вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров.

-Ако успееме да го завршиме овој план кој што е годишен и се однесува на оваа година заклучно со декември, тогаш јас сум убеден дека ќе имаме одличен извештај од ЕК и што е поважно дел од овие реформски напори ќе ги почувствуваат во важни области и граѓаните во своето секојдневие. Ние вложуваме напори да најдеме начин да ги почнеме пристапните преговори и Бугарија да влезе во консензусот кој постои меѓу останатите земји членки, ама паралелно не смее да се застане со работа за да имаме добра реформска кондиција. Меѓу другото, оваа работа ќе ни биде аргумент плус дури и во тој однос и ќе стане речиси невозможно да се блокира една земја која што си ја турка работата, вели Димитров во гостувањето на ТВ 24.

По однос на разликите со Бугарија, Димитров, рече дека таа е блиску до парламентарни избори и не би било рационално да се очекуваат сега некакви интензивни преговори. Вистинскиот обид, додаде, ќе дојде по изборите кога ќе се формира влада и ќе почне фазата на поинтензивни разговори.

-Ова статус кво не одговара на македонските интереси бидејќи не држи надвор од пристапниот процес, и не одговара ниту на добрососедството, ниту на долгорочните интереси на Бугарија да ни биде пријател. Со ова статус кво се трујат односите, особено со блокадата и изјавите не се нешто со кое сегашната генерација на луѓе кои одлучуваат ќе бидат горди ако ова остане, рече Димитров.

Никој во светот, вели тој, не прашуваат кои сме ние, оти тоа е право на самоопределба, а и прашањето на македонскиот јазик е прашање за нас. Со Преспанскиот договор, вели, ние го затворивме процесот во ОН и нема правна основа сега некој да отвора теми за нашето име и јазик.

Запрашан каде се скрши довербата на релација со Софија, Димитров посочи на разликите во очекувања, но и дека дел од обвинувањата од бугарска страна реално не се основани.

-Сите знаевме дека ова нема да оди лесно и живееме во регион што е прилично закопан во рововите на историјата. И по Дејтонскиот договор, овие неколку години ние сме тие кои успеваат да решат големи и тешки прашања. Така што не е дека ова беше изненадување, но имаше еден вид надеж дека некако ќе најдеме разум…Искрено, не можеме да преземеме одговорност за некој друг. Ние можеме да преземеме одговорност за наши дела и за не делување а требало да делуваме, но не може да се најде. И тоа укажува и на ситуација во која земјите членки немаат баш разбирање за овој проблем, рече Димитров.

Запрашан за неуспешното бегство на поранешниот шеф на УБК Сашо Мијалков кое одекна во јавноста, рече дека тоа било потрес за земјата и вели, покажа за малку по втор пат дека во системот нешто не функционира со големите симболи на нашата мака.

–Ние имаме систем на поделба на власт. Судската власт е една од трите покрај Владата и претседателот како извршна и законодавната во Собранието. Ако Владата многу влезе во судската власт пак ќе ризикуваме на некој начин да дојдеме до епитетот на заробена држава бидејќи ќе има злоупотреби. И ЕУ тоа не го дозволува. Има законска рамка и тука се работи за спроведување на актуелните закони, рече Димитров.

Посочи дека недостасуваат луѓе во правосудните органи, има застарена опрема и оти Владата тука може да помогнеме, но одговорноста треба да си ја превземе правосудството.

-Нас ни требаат шампиони на интегритетот, да блеснат имиња во судството, Јавното обвинителство кои ќе ја работат својата работа. Тоа ни треба. Нема волшебна формула за реформите во однос на правосудството, вели вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров.

 

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: ВИ

    24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Канта за смет

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Скопје како зона без контрола: Убиен пешак, нападната пратеничка, автобус во пламен – државата го губи компасот

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ