• Latest

Димитров: Економски ја делиме европската судбина, ¾ од трговијата е со заедничкиот пазар, Грција е наш важен партнер

May 13, 2021
Германски и советски војници фотографирани заедно неколку дена откако советските единици влегоа во Полска. Фото: Јавен домен / Wikicommons

Пропаганда и негирање: Како Русија ја правда својата инвазија на Полска во 1939 година, во договор со Хитлер

September 17, 2025
Фото: ЦУК

ЦУК: Под контрола пожарите во селото Трубарево и во Дрисла, активни пожарите во селата Виниче, Петрово, Вражале и Крушево

September 17, 2025
Дел од „пакетот“ американска воена помош за Украина, 20 јануари 2022 година. (photo source: Wikimedia Commons / photo by Mauricio Campino)

Администрацијата на Трамп одобри прва помош во оружје за Украина финансирана од НАТО сојузниците

September 17, 2025
Фото: Скриншот од видео на
Al Jazeera English

ЕУ крои план за ограничувања на трговијата со Израел поради војната во Газа

September 17, 2025
Фото: Скриншот од видео на ONT TV Channel

Руските војници почнаа да ја напуштаат Белорусија по вежбите „Запад-2025“

September 17, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Поранешна шефица за здравство на САД: РФК помладиот ме отпушти кога не сакав да отпуштам персонал за вакцинирање без причина

September 17, 2025

24 ЧАСА: Уставен не поведе постапка за Правилникот на ДИК; Србија прва во ЕУ по кршења на медиумската слобода; Навални бил отруен; Фемицидот во Северна Македонија – невидливо злосторство и глуви институции

September 17, 2025
Фото: Скриншот

MFRR: Србија е на прво место во Европа по бројот на кршења на слободата на медиумите

September 17, 2025

„Стела“ повикува на протест пред МВР против колективниот системски крах кој дозволува континуирано насилство врз жени што доведува до фемициди

September 17, 2025
Тануја Пандеј, 24-годишна активистка за заштита на животната средина, една од организаторите на протестот. Фото: Скриншот од видео на Al Jazeera English

Политичарите се богатат додека ние страдаме – Генерацијата Z во Непал ја собори владата за помалку од 48 часа

September 17, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Димитров: Економски ја делиме европската судбина, ¾ од трговијата е со заедничкиот пазар, Грција е наш важен партнер

May 13, 2021 13:27
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter
Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Никола Димитров, го започна своето учество на 6-от Економски форум Делфи со панел на тема „Дипломатијата на малите држави во комплексниот поредок“ во Атина.

На сесијата на која покрај Димитров учествуваа и кипарскиот МНР Никос Христодулидес и грчкиот заменик МНР за ЕУ, Милтиадис Варвициотис, се дискутираше за главните предизвици на „малите држави“ во Европа во контекст на сложениот меѓународен поредок за остварување на националните цели и интереси, како и главните поуки од КОВИД-19 пандемијата за ефективно делување во комплексноста на меѓународните односи.
Вицепремиерот Димитров во контекст на тоа што претставуваат малите држави истакна: „За нас, Грција ни оддалеку не е мала држава, туку голема, така што тоа е многу релативно. И, не станува збор само за големината; важен е и економскиот потенцијал, БДП… мислам дека и воените ресурси се значајни, мрежата на пријателства на една земја, исто така, многу значи: колку повеќе пријатели имате, толку помоќни и повлијателни станувате. Затоа, сметам дека би било голема грешка целосно да се потценат малите држави во меѓународните односи.“
Димитров потенцираше дека Северна Македонија извлече голем број поуки во текот на триесетте години од независноста. Успеавме да се приклучиме кон НАТО, со поддршката од нашите соседи во Атина.
„Мислам дека малите држави сакаат предвидливост и интеграција; тоа е на одреден начин, инстинктот да се побара засолниште – кога имаш големи пријатели околу себе, безбеден си. И географијата е особено важна. Едно е да имате уште една група мали држави за соседи, а друго тие да се големи соседи. А, сосема друга приказна е тоа дали се навистина пријателски настроени или не се толку пријателски. Така што, јас мислам дека имаме силен интерес да поддржиме меѓународен систем кој почива на правила, во кој мултилатерализмот игра значајна улога. Прашањето на „чесни посредници“ е, по мене, навистина интересно, зашто ние обично и немаме некој сопствен интерес, и особено во поглед на прашања и земји вон нашиот регион, дефинитивно можеме да ја играме таа улога на чесен посредник“, рече Димитров.
„Од 1993 година мислам, ја определивме нашата стратешка насока да бидеме блиски и потоа да се приклучиме на – така наречениот „политички Запад“, односно тие вредности: демократија, слобода, човекови права, граѓански слободи. Така, ние направивме една работа – ние сме најмладата и 30-та држава членка на НАТО, алијанса за мир, што е важно, особено кога времињата се непредвидливи и кога рамките што порано ги земавме „здраво за готово“, сега се некако разнишани. Жвееме во свет што се менува, мислам дека целиот глобален систем е до одреден степен во транзиција.

Потоа, ние сме дел од регион кој е географски европски и опкружен со земји-членки на ЕУ, иако многумина, особено на Запад, кога мислат на Западен Балкан, мислат дека се граничиме со ЕУ, но всушност сме во тие рамки. Економски ја делиме европската судбина, ¾ од трговијата е со заедничкиот пазар, Грција е наш важен партнер. Скоро половина од она што го произведуваме оди на германскиот пазар. Исто така, околу ¾ од секоја странска директна инвестиција што доаѓа во Северна Македонија е од компанија од една од земјите-членки на ЕУ. Значи, ние сме таму и мислам дека тоа е една впечатлива сага, кога станува збор за европската интеграција.

Бебе родено во Скопје, би наполнило 20 години ако се родило на денот кога ја потпишавме Спогодбата за стабилизација и асоцијација со Европската Унија. Изгубивме генерации и многу години. Ги отстранивме пречките, Комисијата постојано вели дека сме подготвени да го започнеме патот, пристапните преговори и еден начин како да помогнеме во нашиот случај – и тоа и го правев во последно време, патувајќи во многу главни градови во Европа – е да објаснам зошто ова е исто така во интерес на земјите-членки и институциите во Брисел. Ако сакаме геополитичка комисија, ако таа Комисија и оваа Унија не можат да направат разлика во регион каде што има ветување за членство уште од Солун 2003 година, кога имаме средства преку ИПА механизмот што можеме да ги користиме, тогаш можеме да заборавиме на правење разлика надвор од Европската Унија. Потоа, поради пофалбите што ги добивме за решавање на билатералните прашања, агендата за реформи дома, мислам дека она што ќе се случи со нас, без разлика дали Европа ќе го одржи ветувањето, ќе биде порака и за остатокот од регионот. Дали вреди да се прават тешки работи или не? Дали Европа ќе го испорача она што го ветија, дека ќе испорачаат ако ние испорачаме? Значи, мислам дека успеавме да го истакнеме влогот дека нашиот успех ќе биде успех и за Европската Унија, за нашиот регион – Западен Балкан и ќе биде успех за сите наши соседи, за Грција, но исто така и за Бугарија и нашето пријателство со Бугарија. Ако го врамиме, ако размислиме и постапиме во смисла на заеднички пораз или заедничка победа, тогаш имаме можност за поголеми промени наместо да се занимаваме или се впуштаме во игра на обвинувања. Вие навистина не можете да победите кога имате проблем со соседите, ако и тие не ја споделуваат таа победа“, рече Димитров одговарајќи на прашањето кои се главните цели на нашата земја.

Вицепремиерот објасни дека пристапот на нашата дипломатија и надворешна политика во текот на изминатите години беше да се фокусираме на иднината, на заедничките интереси, да им отежниме на другите да покренат спор со нас, односно да бидеме пријателски настроени, отворени и да работиме заедно.
„Дозволете ми кратко да одговорам на она што Никола го кажа, јавно да ја изразам мојата поддршка за Европската иднина на Северна Македонија. Ние можеби сме мала држава, но на крајот на денот имаме еден глас исто како Германија, Франција и други големи земји-членки. Јас сум многу загрижен дека како Европска Унија ја губиме кредибилноста на Балканот, ние зборуваме за геополитичка Европска Унија, но споредено со другите геополиитчки актери, ние ја губиме играта. Затоа се надевам дека во следните недели ќе биде возможно да имаме позитивни вести во однос на Северна Македонија, како и регионот. Неодамна го посетив регионот заедно со Дендиас, ја изразивме нашата поддршка за европската перскпетива на Западен Балкан. Со тоа што Албанија и Северна Македонија ќе пристапат во ЕУ, конечно и ние ќе добиеме копнени граници со други земји-членки од што сме лишени во почетокот бидејќи сме во изолиран ден од ЕУ без физички граници со останатиот дел од Унијата“, рече кипарскиот МНР Хростпдулидес.
„Сакам да кажам дека новиот процес на проширување за кој се согласивме минатата година, треба да биде кредибилен процес и треба да бид епроцес што ќе се одвива со поголема брзина во споредба со стариот процес на проширување, низ поглавја, низ преговори што никогаш не завршуваат. Затоа е битно овој процес да почне веднаш за сите кандидатски земји. Ние не поддржуваме било какво раздвојување на Северна Македонија и Албанија, сметате дека тоа би било катастрофално за регионалната сигурност. Исто така, сакаме Црна Гора и Србија да го забрзаат нивниот процес на пристапување кон ЕУ за да може поблиску да соработуваме со ЕУ.
Процесот треба да биде кредибилен и реверзибилен, во смисла ако една земја кандидат уназадува во однос на европската апликација. Но од друга страна, ЕУ исто така треба да си го одржи ветувањето и да одложува.”, изјави ЗМНР Грција Варвициотис.
Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Милош Биковиќ и Христијан Мицкоски (фото извор: Инстаграм профил на Мицкоски)

    Мицкоски се пофали со Биковиќ – но тој не е само актер, туку дел од прирачникот за хибридно влијание на Кремљ

    240 shares
    Share 96 Tweet 60
  • Крвави лица на Мицкоски, Тошковски и Јанев на страницата „Убијците на Кочани“ – ВМРО-ДПМНЕ бара истрага

    176 shares
    Share 70 Tweet 44
  • По кратка постапка да се решат Ромите – од Вардариште во логорите на смртта!

    146 shares
    Share 58 Tweet 37
  • Руската разузнавачка служба ја обвини ЕУ дека финансира и подготвува „српски Мајдан“ на 1 ноември, на годишнината од падот на настрешницата во Нови Сад

    138 shares
    Share 55 Tweet 35
  • Проф. Андонов: Политикантските коментари на Мицкоски за наводни хибридни напади против неговата влада не се ништо освен пропаганда за негов спас на изборите

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ