• Latest

Димитров: Младите треба да бидат вклучени во општествените процеси и креирањето политики

June 16, 2021
Гробовите на Сребреница

Од 1992 до 1995 година во војната во БиХ исчезнале 3.838 жени

July 5, 2025
Газа (скриншот од видео снимка)

Израел продолжува со воздушните напади врз Газа откако Хамас соопшти дека е подготвен за преговори за прекин на огнот

July 5, 2025

Иран не се согласил на инспекции, ниту се откажал од збогатувањето ураниум, вели Трамп

July 5, 2025
Мурал Ратко Младиќ во Белград, Фотографија/ скриншот од видео на Ал Џазира

Србија и Сребреница: Од гласна тишина до бучна релативизација

July 5, 2025
„Жолто копче“ дигитално здравство
Фотографија/ Министерство за здравство

МЗ: Северна Македонија меѓу првите држави со европски стандард во дигиталното здравство – „Жолто копче“

July 5, 2025

Дојава за бомба во косовскиот парламент, евакуирани пратениците

July 5, 2025
Ванг Ји, министер за надворешни работи на Кина во Брисел
Фото/ скриншот од видео на ЦНА

Кина е подготвена да ги координира мировните напори за Украина со Франција, изјави кинескиот министер за надворешни работи

July 5, 2025
Фото: Твитер

Украинските воздушни одбранбени сили неутрализираа 292 од 322 руски дронови преку ноќ

July 5, 2025

Мицкоски и рускиот ДУМА пратеник, тоа се тие афирматори на „данок на бездетност“

July 5, 2025

Прекината мерката притвор за Додик, според судот на БиХ веќе не претставува опасност по уставниот поредок

July 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Димитров: Младите треба да бидат вклучени во општествените процеси и креирањето политики

June 16, 2021 15:10
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во организација на Американското катче Битола, заменик – претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров денеска имаше виртуелна средба во форма на градско собрание (Youth Town Hall) со младите од регионот на Битола и Струга, наменета за воспоставување транспарентен разговор на теми поврзани со Европската Унија и пристапувањето на Северна Македонија.

Вицепремиерот Димитров им порача на младите луѓе дека тие се иднината на оваа држава, но и наша сегашност поради што треба да бидат активно вклучени во општествените процеси и креирањето политики во областите кои се од нивен и општ интерес.

„Нашето будење како општество започна токму со вашето барање за подобро образование и иднина во нашата земја. Нашата најголема битка е да ве задржиме вас – младите дома и затоа се определив да работам на тоа да ја направиме нашата земја европска, да овозможиме европски стил на живот дома наместо нашите млади луѓе да заминуваат во странство. Тој процес е како градење куќа – со членството во НАТО ги осигуривме темелите, со пристапувањето кон ЕУ сакаме да си го уредиме домот внатре, да ги пренесеме европските вредности и стандарди и да створиме општество еднакво за сите“, рече Димитров, соопшти неговиот Кабинет.

Димитров зборуваше за процесот на пристапување кон Европската Унија, придобивките и предизвиците кои ги носи членството, а се осврна и на актуелните прашања поврзани со европската интеграција на Северна Македонија.

Како што се наведува во соопштението, на заинтересираните евро-оптимисти вицепремиерот им ги претстави програмите за млади и нагласи дека со членството во ЕУ се зголемуваат можностите за работа и образование за младите надвор од сопствената држава, но подвлече дека со процесот на европеизација би се намалиле причините поради кои младите ја напуштаат државата.

„Мојата генерација има обврска да обезбеди подобар старт за идните генерации, што подразбира мир и стабилност на државата, вработување засновано на способности и квалитети, правда во судниците, компетентно образование, опремени болници, чист воздух и езера. Членството во ЕУ е двонасочна улица – ви овозможува многу повеќе можности за живот надвор, но нашата мисија низ тој процес е да имате повеќе причини да останете дома затоа што и тука ќе имате исти правила и квалитет на живот“, рече Димитров.

Младите луѓе на настанот покажаа голем интерес за европското досие на Северна Македонија и начинот на функционирање на Европската Унија, но и желба за придонес кон овие процеси, наведуваат од СЕП.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Костадинов до Латас: Кога ќе ја чепнеш честа на мојот мртов татко, правдата не се моли. Се зема.

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • 24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Едногодишен помен

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ