• Latest

Димитров: Одлагањето на преговорите за членство со Северна Македонија создава проблем со кредибилитетот на ЕУ

March 25, 2021
Фото: News Coverage  / Инстаграм

Украина спроведe една од најоддалечените операции на саботажа на руската воена инфраструктура во близина на Владивосток

July 7, 2025
фото: ДЗС

ДЗС: Активни четири пожари, два полициски и еден армиски хеликоптер го гаснат пожарот над магистралниот пат Скопје – Блаце

July 7, 2025

Инженери на Македонија: Се отвораат ли врати за скриени интереси со штотуку донесените измени на Законот за енергетика, дали се прави простор за привилегирани инвеститори?

July 7, 2025
Први коментари од Трамп откако неговиот мегазакон беше усвоен. Фото: Скриншот од видео на ВВС

Трамп се заканува со царина од 10% за земјите што ја поддржуваат „антиамериканската политика“ на БРИКС

July 7, 2025
Blokada pred Praven fakultet vo Belgrad/ Foto> screenshot N1

На осмиот ден од протестните блокади во Србија, полицијата ги спречува блокадите во Белград

July 7, 2025
Фото: Скриншот

Во Собрание денеска продолжува расправата за ребаланс на буџетот

July 7, 2025

Израелските напади убија најмалку 38 лица во Газа, додека преговорите за прекин на огнот стигнаа до критична точка

July 7, 2025
Бенјамин Нетанјаху, израелски премиер (фото: МИА)

Нетанјаху денеска во Вашингтон на разговори за Газа

July 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на Телеграм каналот Астра

Дронови ја нападнале руската црноморска флота, „мистериозна“ експлозија оштетила танкер во руско пристаниште

July 6, 2025
Фото: Роман Шеремета / Фејсбук

Шеремета: Сите Руси имаат колективна одговорност за геноцидот врз украинскиот народ

July 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Димитров: Одлагањето на преговорите за членство со Северна Македонија создава проблем со кредибилитетот на ЕУ

March 25, 2021 13:29
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Одлагањето на почетокот на преговорите за членство со Северна Македонија создава проблем со кредибилитетот на Европската Унија и тоа се рефлектира не само на нашиот случај, туку и врз целиот регион, изјави вицепремиерот задолжен за европски прашања Никола Димитров во обраќањето на конференцијата на тема „Како да се врати проширувањето на ЕУ на вистинскиот пат? Приоретизирање на владеењето на правото и реформите во правосудството“.

Како што соопшти денеска Секретаријатот за европски прашања, конференцијата, која се одржа на покана на повеќе тинк-тенк организации од регионот и ЕУ за означување на почетокот на тригодишниот проект „Западен Балкан кон ЕУ/WB2EU“, беше можност за актуелизирање на предизвиците на македонските европски интеграции.

Во тој контекст вицепремиерот Димитров посочи дека oваа година одбележуваме две декади, односно 20 години од склучувањето на Договорот за стабилизација и асоцијација меѓу земјава и ЕУ и 16 години откако Северна Македонија го доби кандидатскиот статус за членство во Унијата.

– Чекавме бидејќи имавме спор со нашите соседи од Атина, па го решивме. Па потоа имаше проблем со вербата во самиот процес на пристапување, па моравме да чекаме за новата методологија. Па ги следевме зборовите на Советот од јуни 2018 – патот ќе биде трасиран во јуни 2019 година. Па потоа во јуни 2019 беше кажано дека ќе се вратиме на ова прашање во октомври 2019 година – за конечно во март минатата година – на почетокот на оваа ужасна пандемија со КОВИД-19, да добиеме зелено светло, но овој пат ЕУ не може да ја исполни сопствената одлука, иако во нашиот случај таа беше безусловна. Очигледно постои проблем со кредибилитетот на Европската Унија и мислам дека ова се рефлектира не само на нашиот случај, туку врз целиот регион, изјави Димитров.

фото: МИА

Вицепремиерот за европски прашање во обраќањето го отвори и прашањето со политизирањето на билатералните проблеми низ преговарачкиот процес.

– Киднапирање на процесот со билатерални прашања ја поткопува политиката на условеност што е основен предуслов за успех на процесот на пристапување – испорачување резултати од двете страни. Особено кога овие билатерални прашања се против темелните принципи и вредности како што е јазичната и културната различност на континентот – значи, нашиот проблем не е територијален спор, не е прашање на затворање на нуклеарна централа, туку нашето право на самоопределување: Јас сум Македонец и јас не би требало да бирам помеѓу тоа да бидам Македонец кој зборува македонски јазик и да станам Европеец во смисла на дел од Европска Унија, нагласи Димиторв.

Вицепремиерот ја искористи можноста и за да порача дека Северна Македонија сепак нема да биде фокусирана само на отстранување на пречките, туку ќе остане посветена на реформите од првиот кластер – темели преку планот Агенда: Европа дома, што всушност ги опфаќа приоритетните барања на самите граѓани.

На конференцијата меѓу другите, покрај Димитров, учествуваа и потпретседателката на Европскиот парламент Катарина Барли и австриската министерка за европски прашања Каролина Едштадлер, се додава во соопштението на СЕП.

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: ВИ

    24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Канта за смет

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Скопје како зона без контрола: Убиен пешак, нападната пратеничка, автобус во пламен – државата го губи компасот

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ