• Latest
Никола ДИмитров, вицепремиер за европски прашања (скриншот)

Димитров: Со новата електронска регистрација на проекти почнуваме една успешна дигитална приказна,

May 27, 2021

Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

October 30, 2025
Фото: Град Скопје

Арсовска го назначи Александар Јовановски за нов в.д. директор на Комунална хигиена – Скопје

October 30, 2025

ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР ВО ТЕТОВО: Од локални гласови до заедничка иднина

October 30, 2025
Тепање на руски војник со повикувачки знак „Фикса“ од 80-тиот тенковски полк на 90-та тенковска дивизија на Централната група. Фотографија: Скриншот од видео разговор со роднини/Верстка

Руските армиски началници мачат и егзекутираат војници кои одбиваат да се борат во Украина, открива истрагата на независниот медиум Верстка

October 30, 2025

Словенечкиот проблем: Кога стравот станува политика

October 30, 2025

Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

October 30, 2025
Скриншот од видео на CNN-News18

„Ова беше колеж, а не операција“- фавелата се тресе од најсмртоносниот полициски напад во Рио

October 30, 2025
Фотографија: Скриншот

Аналитичари за укинувањето на санкциите за Додик -„возвратена услуга“ за повлекувањето од функцијата претседател на РС, аналитичарите за укинувањето на санкциите за Додик

October 30, 2025

Нов фронт меѓу Албанците: Таравари и Села се борат за печат, а електоратот бега и апстинира!

October 30, 2025
Скриншот од видео на Firstpost

„Убиваа цивили во нивните кревети“- хаос и бруталност владеат во Судан по падот на Ел Фашер

October 30, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home НАУКА ТЕХНОЛОГИИ

Димитров: Со новата електронска регистрација на проекти почнуваме една успешна дигитална приказна,

May 27, 2021 13:11
in ВЕСТИ, ТЕХНОЛОГИИ
Никола ДИмитров, вицепремиер за европски прашања (скриншот)

Никола ДИмитров, вицепремиер за европски прашања (скриншот)

Share on FacebookShare on Twitter

Вицепремиерот задолжен за европски прашања Никола Димитров денеска учествуваше на презентацијата за воведување на електронски начин на регистрација на проекти  во Секретаријатот за европски прашања.

Услугата е изработена во рамки на проектот „Дигитализација во јавниот сектор во Северна Македонија за непречено функционирање”, финансиран од Владата на Обединетото Кралство, со поддршка на британската амбасада во Скопје, а е имплементиран од Центарот за управување со промени, во соработка со СЕП.

Димитров ги потенцираше придобивките од воведувањето на оваа електронска услуга како дел од процесот на дигитализација што е неминовна потреба за обезбедување на квалитетни услуги кон граѓаните.

„Регистрацијата на проектите финансирани со неповратни парични средства од странски донатори е особено важна бидејќи е единствената услуга на СЕП наменета пред сѐ за граѓанскиот сектор, но и други корисници. Со воведување на електронски начин за регистрација на проекти почнуваме една успешна дигитална приказна што ќе обезбеди побрз и поедноставен пристап во целокупниот процес, ќе обезбедиме поголема ефикасност во давањето на јавните услуги, успешно менаџирање на влијанието на човечкиот фактор и надминување на застојот, како и проблемите со институционалната меморија”, изјави Димитров.

​Тој најави дека следната фаза во процесот на развивање дигитален пристап за регистрација на проекти во СЕП е поврзување на оваа електронска услуга со системот на Управата за јавни приходи, со што дополнително се намалува времетраењето на целата постапката за ослободување од плаќање на даноците. Дигитализацијата на процесот ќе придонесе и до поквалитетно следење на исполнувањето на стратешките приоритети на државата од аспект на нашата ЕУ агенда, како и подобро планирање и координација на странската помош. Тој посочи дека во тек е и подготовка на интегрирана НПАА платформа за управување со процесот на преговори со која ќе се надградат постојните бази и  ќе се развијат нови функционалности и интероперабилни системи.

На настанот се обратија и амбасадорката на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Рејчел Галовеј, извршната директорка на Центарот за управување со промени, Неда Малеска Сачмароска и професорот на ФИНКИ, Гоце Арменски, со чија поддршка и експертиза во соработка со СЕП беше развиена оваа електронска услуга што е веќе достапна за сите корисници.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    144 shares
    Share 58 Tweet 36
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    137 shares
    Share 55 Tweet 34
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ