• Latest

Димитров: Жалам што не помина амандманот за бугарската реторика, но посветени сме да продолжиме со билатералните напори

March 26, 2021
Од јавниот собир за Кочани во Скопје, 18 март 2025 (фото: ЦИВИЛ)

Утре протест во Скопје: Шест месеци од трагедијата во Кочани

September 15, 2025
Милош Биковиќ и Христијан Мицкоски (фото извор: Инстаграм профил на Мицкоски)

Мицкоски се пофали со Биковиќ – но тој не е само актер, туку дел од прирачникот за хибридно влијание на Кремљ

September 15, 2025
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Проф. Андонов: Политикантските коментари на Мицкоски за наводни хибридни напади против неговата влада не се ништо освен пропаганда за негов спас на изборите

September 15, 2025
Фото: Скриншот од Инстаграм

НЕ Е КРЕИРАНО СО ВИ: Трамп тврди дека го решил конфликтот меѓу Азербејџан и Албанија

September 15, 2025
фото: ВИ

24 ЧАСА: ЦИВИЛ алармира – демократијата под удар; Русија гледа ‘српски Мајдан’, Украина враќа со кибер напад

September 15, 2025
Фото: Фејсбук Панче Тошковски

Тошковски: На Вардариште живеат над 200 луѓе кои треба да се дислоцираат, за трајно решавање на проблемот со депонијата потребен е системски пристап

September 15, 2025
Protesti Novi Sad, interventna edinica
Foto: Screenshot X Radio 021

Руската разузнавачка служба ја обвини ЕУ дека финансира и подготвува „српски Мајдан“ на 1 ноември, на годишнината од падот на настрешницата во Нови Сад

September 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на China Xinhua News/ Фејсбук

Военото разузнавање на Украинска во „кибер одмазда“ ги наруши руските изборни системи, особено во окупираните украински региони

September 15, 2025

Пукано во младо момче во Скопје – Тошкоски: Нелегалното оружје и дрогата немаат иднина во Македонија

September 15, 2025
RussianEmbassy/ London-Uk
Source-Wikipedia

Велика Британија го повика рускиот амбасадор поради нарушување на воздушниот простор на НАТО

September 15, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Димитров: Жалам што не помина амандманот за бугарската реторика, но посветени сме да продолжиме со билатералните напори

March 26, 2021 10:05
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров го поздрави усвојувањето на Извештајот на Република Северна Македонија, но изрази жалење што не помина амандманот на Зелените и Социјалистите во врска со непримерно и провокативно однесување на бугарските власти кон земјава.

Амандманот преку кој се осудуваше провокативната реторика на Бугарија кон Северна Македонија не помина поради блокада на европратениците од Европската народна партија и Европските конзервативци.

– Сакам да го поздравам усвојувањето на Резолуцијата на ЕП со големо мнозинство, вклучувајќи го и компромисот кој е постигнат околу вордингот за пристапувањето дека билатералните прашања не смеат да бидат користени за блокирање на пристапниот процес. Но не можам да избегнам да не ги спомнам некои од амандманите за кои се гласаше денеска. Сакам да изразам жалење и разочараност што беа усвоени амандманите 3 и 4 поднесени од ЕПП-групата, и би сакал да изразам жалење што амандманот 2 поднесен од Белка, Пицула, Фајон и Шидер не доби поддршка од мнозинството, рече Димитров во обраќањето на 18. состанок на Мешовитиот парламентарен комитет – Северна Македонија и ЕУ.

Едниот амандман на ЕПП се однесуваше на одлуката на ЕП дека претходните препораки за недискриминација на луѓе кои отворено изјаснуваат дека се со бугарски припадност или потекло, не се имплементирани и сè уште е проблем да се каже дека имаат нешто заедничко со Бугарија. Другиот, како што изјави, бугарскиот европратеник од ЕПП Андреј Ковачев инсистира на „историско помирување засновано заедничка бугарска историја, како што е запишано во Договорот за пријателство и добрососедство“.

Во однос на спорот со Бугарија, Димитров кажа дека на неколку дена од изборите во оваа соседна земја, ние сме посветени да продолжиме со билатералните напори,  вклучувајќи ги и напорите на португалското претседателство, за изнаоѓање начин да го надминеме прашањето, со цел да создадеме ситуација во која Софија, вели, ќе им се придружи на земјите-членки и да се постигне консензус во однос на усвојувањето на преговарачката рамка за конечно да се одржи првата Меѓувладина конференција и ги почнеме преговорите.

-Во прашање се многу работи вклучувајќи го и кредибилитетот на ЕУ во регионот, вели Димитров.

Тој потсети на европскиот пат на С Македонија досега. Укажа дека оваа година земјата одбележува 20 години од Договорот за стабилизација и асоцијација со ЕУ и 16 години од добивањето на статусот на земја-кандидат, за бројните препораки на ЕУ за старт на преговорите, решавањето на спорот со Грција, усвојувањето на новата Методологија и зеленото светло за старт на преговорите во март, лани.

-Навистина е крајно време да го почнеме пристапниот процес. Ако тоа го постигнеме тоа ќе биде тројна победа за нас, за Софија и за ЕУ. Тоа ќе даде и голем сигнал за регионот, нагласи Димитров.

За спорот со Софија, кој за некои не е прифатлив и е неразбирлив,  рече не е во прашање вообичаено билатерално прашање, бидејќи немаме несогласувања во однос на територијата, ниту за економски или прашања од областа на животната средина.

-Кога станува збор за билатералните прашања мора да ги земеме предвид европските вредности принципи. Ние ја гледаме ЕУ како заедница на вредности каде културната и јазична разноликост е ценета, заштитена, промовирана и славина. Ќе се обидеме да ги убедиме нашите соседи дека ова е единствениот начин да се продолжи со односите врз основа на Договорот за пријателство, важен историски процес кој го започнавме во 2017 година. Би било грешка да се фокусираме само на овој предизвик, затоа решивме да се фокусираме на агендата на Владата – Европа дома. Идејата е да им помогнеме на нашите пријатели во Директоратот за соседска политика и преговори преку испорачување резултати во областите утврдени со новата Методологија од првиот кластер Основи: изборни реформи, реформи во правосудството, борба против корупцијата и организираниот криминал, реформи во јавната администрација, во медиумите, јавни набавки, статистика и дополнително животна средина, рече вицепремиерот.

На прашање од европратеник во однос на спорот, Димитров нагласи дека клучната филозофија зад Договорот за пријателство е дека сакаме да бидеме блиски, да бидеме пријатели, да работиме заедно, бидејќи делиме европска иднина.

-Договорот во членот 2 вели дека Бугарија ќе ги поддржи нашите напори за членство во ЕУ. Во контекст на Договорот да – имаме некои разлики, имаме периоди во нашата историја кои може да ги сметаме заеднички, ајде да ги искористиме како мост на зближување а не за расправа. Клучот е во целосна имплементација на Договорот за пријателство, кој го вклучува и членот 2, и сметам дека на долг рок двете земји ќе добијат ако Бугарија не е пречка, туку стане најголем поддржувач на нашата евроинтеграција, рече Димитров.

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубчо Георгиевски за ЦИВИЛ Медиа: Иван Стоиљковиќ е докажан борец против македонската државност, од раните 90 години беше активен противник на независна самостојна македонска држава

    156 shares
    Share 62 Tweet 39
  • Срџан Амет, прв Ром кандидат за Скопје: Време е да се разбие стигмата за Ромите

    141 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Руската разузнавачка служба ја обвини ЕУ дека финансира и подготвува „српски Мајдан“ на 1 ноември, на годишнината од падот на настрешницата во Нови Сад

    134 shares
    Share 54 Tweet 34
  • Хаотично заебавање

    127 shares
    Share 51 Tweet 32
  • 24 ЧАСА: Молк од владата за големо-српската пропаганда на Денот на независноста; Падна владата на Франција; ЕУ да го осуди Вучиќ по навредите кон европратениците; Во тек е повикот на ЦИВИЛ за изборни набљудувачи

    115 shares
    Share 46 Tweet 29
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ