• Latest
Благица Димитровска, Инклузива

Димитровска: Инклузива ќе преземе дополнителни мерки да не се манипулира со лицата со попреченост

April 25, 2019

Руски разузнавач уапсен во Белград, а потоа ослободен следниот ден

November 13, 2025
Фотографија: WIkimedia Commons

КОП30: Активисти бараат глобален договор за укинување на фосилните горива

November 13, 2025

САД го бојкотираат самитот на Г20 во Јужна Африка

November 13, 2025

ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР ВО КУМАНОВО: Од локални гласови до заедничка иднина

November 13, 2025
Фото: Инстаграм

(ВИДЕО) Глувци шетаат во тоалет во студентскиот дом „Пелагонија“ во Скопје – студентите добиле одговор: „Од глувци ли се плашите?“

November 13, 2025
Скриншот од видео на
Просто Путин

„Не е гостилница за верници на Путин“ – Контроверзниот руски рапер доби забрана за влез во Литванија

November 13, 2025
Александар Сирскиј, Врховен командант на вооружените сили на Украина. Фото: Фејсбук

Сирски: Покровск не е опкoлен, но останува главна цел на Русија

November 13, 2025
Скриншот од видео на
BeWisePL - info z polityki polskiej i zagranicznej

„Полска би можела да биде закана за нас“, вели ко-лидерот на германската крајна десница, отфрлајќи ја секоја непосредна опасност од Русија

November 13, 2025
Фото: wikimedia commons

Европа и Блискиот Исток во трка за имотите на „Лукоил“ пред санкциитена САД – а кај нас?

November 13, 2025
Фото: Фејсбук на руската амбасада во Македоија/Иван Стоиљковиќ

Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

November 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Димитровска: Инклузива ќе преземе дополнителни мерки да не се манипулира со лицата со попреченост

April 25, 2019 13:57
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ
Благица Димитровска, Инклузива

Благица Димитровска, Инклузива

Share on FacebookShare on Twitter

Претседателските избори на 21 април, ги набљудуваше и Здружението за промоција и развој на инклузивно општество „Инклузива“ од Куманово. Нивните 44 акредитирани набљудувачи од ДИК се лица со повеќе различни видови на попреченост и беа распределени низ сите региони во државата. Нивната главна задача беше да ги набљудуваат изборите од аспект на кршење на правото на глас на лицата со попреченост. Со Благица Димитровска, претседателка на „Инклузива“ разговаравме за нивната интезивна соработка со ДИК во последниот период, како и за забелешките и изборните нерегуларности што ги нотирале за време на гласањето.

ЦИВИЛ МЕДИА: Колку сте задоволни од вашата соработка со ДИК?

ДИМИТРОВСКА: Нашата соработка со ДИК продолжува. Досега имавме позитивни резултати. По нашите препораки ДИК сега има толкувач на знаковен јазик на нивните седници, но исто така имаа и на самиот ден на гласање. Исто така, отворија линија за лицата со оштетен слух, кои преку видео повик директно можеa да добијат информации за нивните забелешки или прашања, толкувани на знаковен јазик. Како новина, на наша иницијатива врз основа на извештајот за претходните избори каде рековме дека 71% од избирачките места се непристапни, ДИК набави околу 300 монтажни рампи. Тоа не е нивна должност, тоа е должност на локалната самоуправа и на министерствата кои располагаат со објектите, но направија напор да ги обезбедат. Набавката оди преку увоз, затоа и пристигнаа на денот на изборите. Сепак, се работи за нешто позитивно што треба како пример да го следат сите институции. ДИК набави и 4 гасеничари. Со помош на нив лицата во количка се качуваат по скалила во избирачкото место. Ова е нешто ново пто мислам дека веќе во вториот круг ќе се користи. Ние како „Инклузива“ во две избирачки места во Радишани и Бутел нотиравме како работат овие алатки.

ЦИВИЛ МЕДИА: Колку пријави на изборни нерегуларности пријавија вашите набљудувачи?

ДИМИТРОВСКА: Нашите набљудувачи евидентираа дека е мала излезноста на лицата со попреченост, како и на останатите граѓани. Забележано е подобрување на односот на избирачките одбори кон набљудувачите – лица со попреченост, за разлика од минатата година сега имаме само две пријави за недолично однесување. Во две избирчки места, претседателите на ИО се изјасниле дека кај нив нема лица со попреченост, што барале кај нив… Во останатите случаи комуникацијата беше во ред, што мислам дека се должи на обуките штто ги имавме со избирачките одбори пред изборите. Исто така, учествуавме во 6 обуки на ДИК, во делот на попреченоста.  Она што е евидентно е дека на лицата со попреченост во неколку избирачки места не им дале да гласаат со придружник, туку со член на избирачки одбор, што е забрането. Еден случај, што не е евидентиран од нашите набљудувачи, кои во тој момент не биле во избирачкото место, е сликање на гласачко ливче од лице со попреченост, на кое претходно му било кажано дека така треба. Случајот бил пријавен во полиција, мислам дека е поднесена и кривична пријава. Но, Инклузива по прибирање на сите информации ќе преземе дополнителни активности кај надлежните органи за да се интервенира да нема манипулации со лицата со попреченост. Пристапноста на избирачките места, и покрај интервенициите на ДИК останува во голем процент иста, односно избирачките места се непристапни за лицата со попреченост.

ЦИВИЛ МЕДИА: Каква беше поставеноста на параваните за гласање на лицата со попреченост? 

ДИМИТРОВСКА: Самите паравани за гласање се нестабилни. Ние баравме да се вратат параваните од локалните избори кои беа многу подобри. Во некои избирачки места беа дури и нерасколопени. Нашите набљудувачи на некои избирачки места добиле одговор дека ќе ги монтираат по потреба. Такво нешто не смее никој да си приушти. И лицата со попреченост ги имаат истите права како и сите други. Во наредниот период ќе продолжиме да иницираме да се прават стабилни, затоа што на Реверендумот 2018, еден параван падна врз лицето со попреченост.

ЦИВИЛ МЕДИА: Кога можеме да го очекуваме финалниот извештај од Инклузива?

ДИМИТРОВСКА: По завршување на вториот круг нашите набљудувачи ќе поднесат финален извештај за двата круга, во рок од 10 дена. Тогаш ќе излеземе со прецизни податоци на прес-конференција и ќе ја информираме јавноста за сите наши забелешки.

Ова е веќе трето учество на „Инклузива“ во мониторингот на изборните процеси. Минатата година го набљудуваа Референдумот, а во 2017 година, за локланите избори учествуваа со 10 свои набљудувачи како дел од мониторинг тимот на ЦИВИЛ.

Биљана Јордановска

Share210Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ