• Latest
Зоран Димов, Комора на извршителите | фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ

Димов: Извршителите мора да го почитуваат законот

January 17, 2020

Денот на знамето на Кримските Татари: Кек бајрак, симбол на достоинство, отпор и слобода

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обновува: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
Вилен Темерјанов и знамињата на Кримските Татари и Украина

Вилен Темерјанов: Знаме на достоинството, глас што рускиот окупатор не успеа да го замолчи

June 25, 2026

Извештај на ДЗР: Се бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Нашминкан отчет за раскантан систем: Што навистина кријат бројките на министерката Јаневска?

June 25, 2026

Случајот Јанушев: Државната комисија за спречување на корупцијата го проширува предметот за генералниот секретар на Владата

June 25, 2026

Изгубените 10 години од Брегзит, генерациската цена и бавното враќање

June 24, 2026

Отчетот на министерката за образование меѓу бројките без суштина и реалноста

June 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Димов: Извршителите мора да го почитуваат законот

Од една третина до една петтина од плата и пензија се ограничувањата за извршување за лицата приматели на просечна плата и пензија, предвидуваат измените од Закон за извршување кои вчера беа усвоени. „Извршителите мора да го почитуваат законот кој содржи императивни одредби во тој однос и затоа сметаме дека кај граѓаните ќе доведе до олеснувачка состојба“ - вели Димов од Комората на извршителите.  

January 17, 2020 12:40
in ВЕСТИ, ПРАВДА
Зоран Димов, Комора на извршителите | фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ

Зоран Димов, Комора на извршителите | фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ

Share on FacebookShare on Twitter

„Последните измени во Законот за извршители воведуваат нови категории, со кои ќе има олеснување во извршувањето, а тоа се социјално загрозените категории. Меѓутоа, како социјално загрозена категорија со новиот закон се сметаат и луѓето што земаат просечна плата. Тоа значи дека тие ќе бидат заштитени во однос на месечните примања од досегашните 1/3 што може извршителите да зафатат, сега ќе зафатат една петина“ – изјави за ЦИВИЛ Медиа Зоран Димов, претседател на Комората на извршители како коментар на новите измени во Законот за извршители.

Од една третина до една петтина од плата и пензија се ограничувањата за извршување за лицата приматели на просечна плата и пензија, предвидуваат измените од Закон за извршување кои вчера беа усвоени.

„Видете, во однос на проширувањето на правата, извршителите мора да го почитуваат законот кој содржи императивни одредби во тој однос и затоа сметаме дека кај граѓаните ќе доведе до олеснувачка состојба“ – вели Димов од Комората на извршителите.

Колку овие измени се позитивни или негативни за самите извршители Димов не одговори, но позитивна страна на законот е што примената на законските одредби се однесува и за веќе започнатите извршувања како поповолен закон за граѓаните.

Минатиот месец (декември 2019) беше во знакот на протестите против извршување, но и протест на самите извршители, токму кога се отвори прашањето за измени во Законот за извршители.

Граѓаните протестираа да прекине блокирањето на сметките, коко и да има ветинг за извршителите. Извршителите, пак, штрајкуваа незадоволни од новиот тарифник што го предложи тогаш Министерството за правда, а со кој се предвидува намалување на наградата при извршување на парични побарувања од граѓани од 1.000 на 300 евра, сметајќи дека така извршителските канцеларии ќе се доведат во финансиска несолвентност.

Од Министерството за правда информираат дека и двете измени на законот се во насока на градење на концепт на правично извршување и заштита на достоинството на граѓаните.

Б. Јордановска 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ