ЦИВИЛ вчера имаше интензивен ден исполнет со интервјуа, средби, дискусии…
Во почетокот на денот претставниците на ЦИВИЛ одржаа работна средба со пратеникот Зеќир Рамчиловиќ, еден од најактивните и најгласните кој се бори против дискриминацијата, говорот на омраза, нетолеранцијата и кој силно се залага за едно општество за сите, запознавајќи го со Иницијативата „Чекор напред кон мултикултурно општество“.
По работната средба, пратеникот Рамчиловиќ даде и интервју за ЦивилМедиа што ќе биде објавено деновиве. До крајот на денот се воспостави комуникација со уште неколку видни личности од македонскиот јавен и политички живот.
Министерката за одбрана Славјанка Петровска, пред интервјуто во Дистрикт на Цивил прес студио со Зоран Иванов, оствари кратка средба со претседателот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала.
Пред интервјуто со министерката Петровска, се одржа и панел дискусија на тема „Мултикултурализам, дискриминација и толеранција кај младите“, на која учествуваа Самет Шабани од Хоризон Цивитас, Дејан Ризински од МОФ и Мелиса Кариман – Ромалитико. Настанот го модерираше Биљана Јордановска од ЦИВИЛ.
Екипата на ЦИВИЛ одржа и фокус група во рамки на Иницијативата „Чекор напред кон мултикултурно општество“.