• Latest
Државна комисија за спречување корупција и судир на интереси/ Фотографија Биљана Јордановска, ЦИВИЛ

ДКСК: Анѓушев и Мицкоски не влијаеле врз концесиите за мали хидроцентрали

November 15, 2019
Германски и советски војници фотографирани заедно неколку дена откако советските единици влегоа во Полска. Фото: Јавен домен / Wikicommons

Пропаганда и негирање: Како Русија ја правда својата инвазија на Полска во 1939 година, во договор со Хитлер

September 17, 2025
Фото: ЦУК

ЦУК: Под контрола пожарите во селото Трубарево и во Дрисла, активни пожарите во селата Виниче, Петрово, Вражале и Крушево

September 17, 2025
Дел од „пакетот“ американска воена помош за Украина, 20 јануари 2022 година. (photo source: Wikimedia Commons / photo by Mauricio Campino)

Администрацијата на Трамп одобри прва помош во оружје за Украина финансирана од НАТО сојузниците

September 17, 2025
Фото: Скриншот од видео на
Al Jazeera English

ЕУ крои план за ограничувања на трговијата со Израел поради војната во Газа

September 17, 2025
Фото: Скриншот од видео на ONT TV Channel

Руските војници почнаа да ја напуштаат Белорусија по вежбите „Запад-2025“

September 17, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Поранешна шефица за здравство на САД: РФК помладиот ме отпушти кога не сакав да отпуштам персонал за вакцинирање без причина

September 17, 2025

24 ЧАСА: Уставен не поведе постапка за Правилникот на ДИК; Србија прва во ЕУ по кршења на медиумската слобода; Навални бил отруен; Фемицидот во Северна Македонија – невидливо злосторство и глуви институции

September 17, 2025
Фото: Скриншот

MFRR: Србија е на прво место во Европа по бројот на кршења на слободата на медиумите

September 17, 2025

„Стела“ повикува на протест пред МВР против колективниот системски крах кој дозволува континуирано насилство врз жени што доведува до фемициди

September 17, 2025
Тануја Пандеј, 24-годишна активистка за заштита на животната средина, една од организаторите на протестот. Фото: Скриншот од видео на Al Jazeera English

Политичарите се богатат додека ние страдаме – Генерацијата Z во Непал ја собори владата за помалку од 48 часа

September 17, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

ДКСК: Анѓушев и Мицкоски не влијаеле врз концесиите за мали хидроцентрали

November 15, 2019 14:11
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Државна комисија за спречување корупција и судир на интереси/ Фотографија Биљана Јордановска, ЦИВИЛ

Државна комисија за спречување корупција и судир на интереси/ Фотографија Биљана Јордановска, ЦИВИЛ

Share on FacebookShare on Twitter

Државната комисија за спречување на корупција на денешната 24 седница донесе одлуки за затворање на предметите против вицепремиерот Кочо Анѓушев и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за постапките за добивање концесии за изградба на мали хидроцентрали.

ДКСК разгледа две пријави за судир на интереси против вицепремиерот Кочо Анѓушев при избор на концесионери за мали хидроцентрали, поднесени од ВМРО-ДПМНЕ и НВО Фронт 21/42. Од ДКСК информираа дека не се утврдени наводите од пријавите и дека Анѓушев не се нашол во судир на интереси и се изземал од седниците на Влада при одлучувањето.

„Не се потврдени наводите дека при продолжување на рокот за договорот за концесија за користење на водата и пренамена и доделување градежно земјиште за изградба на мали хидроцентрали за локациите на реките Врановска и Тополка на друштвото МХЕ „Тополки“ ДОО Скопје Кочо Анѓушев не се нашол во состојба на судир на интереси, бидејќи пред спроведување на постапките тој го пријавил својот приватен интерес и се изземал од седниците на Владата, на кои се расправало и одлучувало во врска со хидроцентралите, каде тој е сопственик или содружник“, образложи Нури Бајрами од ДКСК.

ДКСК едногласно донесе заклучок дека наводите оти Анѓушев не го пријавил приватниот интерес и не се изземал од расправата, не се потврдени со што донесе одлука предметот да се затвори и архивира, пренесува МИА.

На денешната седница, ДКСК го разгледа и предметот отворен по сопствена иницијатива врз основа на изјави во медиуми, за влијание на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, како советник на Влада и член на УО на АД ЕЛЕМ, при доделувањето на концесиите за користење на води за изградба на мали хидроцентрали, како и наводи во однос на изворот на средствата со кои тие се изградени.

„Фактите говорат дека Христијан Мицкоски не бил во состојба да ја користи функцијата советник во Владата и член на Надзорен одбор како би стекнал некои права или користи. Во однос на изворите на финансирање од страна на концесионерот склучен е долгорочен кредит со деловна банка. Во меѓувреме настанати со промени во сопственичката структура на Енерготек ДОО, што е дел од конзорциумот, каде капиталното учество на Христијан Мицкоски се намалува и повеќе не е сопственик, образложи. Сето ова говори дека наводите искажани во медиумите се неосновани“, образложи Катица Николовска од ДКСК.

ДКСК едногласно усвои заклучокот дека ДКСК понатаму нема простор за постапување и постапката да се запире, а предметот да се затвори.

ДКСК, на денешната седница разгледа повеќе пријави за наводи за предмети од областа на судир на интереси и од областа на спречување на корупцијата.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Милош Биковиќ и Христијан Мицкоски (фото извор: Инстаграм профил на Мицкоски)

    Мицкоски се пофали со Биковиќ – но тој не е само актер, туку дел од прирачникот за хибридно влијание на Кремљ

    239 shares
    Share 96 Tweet 60
  • Крвави лица на Мицкоски, Тошковски и Јанев на страницата „Убијците на Кочани“ – ВМРО-ДПМНЕ бара истрага

    168 shares
    Share 67 Tweet 42
  • По кратка постапка да се решат Ромите – од Вардариште во логорите на смртта!

    145 shares
    Share 58 Tweet 36
  • Руската разузнавачка служба ја обвини ЕУ дека финансира и подготвува „српски Мајдан“ на 1 ноември, на годишнината од падот на настрешницата во Нови Сад

    138 shares
    Share 55 Tweet 35
  • Проф. Андонов: Политикантските коментари на Мицкоски за наводни хибридни напади против неговата влада не се ништо освен пропаганда за негов спас на изборите

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ