• Latest
Државна комисија за спречување корупција и судир на интереси/ Фотографија Биљана Јордановска, ЦИВИЛ

ДКСК лани примила за 50 отсто помалку пријави отколку во 2019 година

March 31, 2021
Илустрација. ВИ

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (2): „Ние знаеме што правиме“ – избирачките одбори пречка во работата на набљудувачите на ЦИВИЛ

November 12, 2025
Фото: Лукоил Македонија/ Фејсбук

Лукоил во цајтнот, нема одговор за судбината на македонската подружница со 550 вработени и 40 бензински пумпи

November 12, 2025
Презентацијата на рускиот робот со вештачка интелигенција сличен на човек - падна додека одеше на сцената.. скриншот од X/@Gerashchenko_en

(ВИДЕО) Првиот руски хуманоиден робот падна на сцената за неколку секунди од презентацијата

November 12, 2025
Фотографија: Wikimedia Commons

Њујорк Тајмс: Жените -лидерки во светот, „железните дами“ на десницата

November 12, 2025

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ: Информациска војна и пропаганден екосистем во Северна Македонија

November 12, 2025
Фото: Скриншот од Јутарњи лист / Х

Загреб го забрани поздравот „За дом спремни“ на концертите и јавните настани во градот

November 12, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Стармер ќе се бори против обидите за негова замена како лидер на Лабуристичката партија

November 12, 2025
Војниците на ИДФ дејствуваат на источната страна од Жолтата линија во Кан Јунис во јужна Газа, на фотографија од брошурата објавена на 9 ноември 2025 година. Фото: ИДФ

Кушнер и Нетанјаху сè уште бараат решение за застојот со терористите на Хамас во тунелите во Рафа

November 12, 2025
Демонстрантите се судрија со обезбедувањето на местото на одржување на COP30 во Бразил. Скриншот од видео на ВВС

Домородни демонстрантите упаднаа на COP30 во Бразил носејќи транспаренти „нашите шуми не се на продажба“

November 12, 2025
Скриншот од видео на
FRANCE 24 English

Графикон на неделата: Европа стана најголемиот купувач на американско оружје додека руската закана расте

November 11, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

ДКСК лани примила за 50 отсто помалку пријави отколку во 2019 година

March 31, 2021 13:41
in ВЕСТИ, ПРАВДА
Државна комисија за спречување корупција и судир на интереси/ Фотографија Биљана Јордановска, ЦИВИЛ

Државна комисија за спречување корупција и судир на интереси/ Фотографија Биљана Јордановска, ЦИВИЛ

Share on FacebookShare on Twitter

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) на денешната седница го усвои Извештајот за работа на ДКСК за 2020 година, при што беше констатирано дека има постигнато добри резултати.

Донесени се нови интерени акти за организација и систематизација на работни места на вработените во Секретаријатот, промени наложени од новите законски надлежности произлезени од Законот за спречување на корупција и судир на интереси од 2019 година.

Катица Николовска, член на ДКСК која говореше за Извештајот информира дека е редефинирана и Национална стратегија поради нејзино неусвојување од страна на претходниот парламентарен состав. Наведе дека Националната стратегија во декември е доставена повторно на усвојување до Собранието, но се уште „нема позитивни ефекти во таа насока“.

ДКСК во 2020 година во однос на одлучување и постапување по пријави од областа на судирот на интереси и на корупција има добиено помалку пријави за околу 50 отсто во однос на 2019 година, но донела одлуки по речиси двојно повеќе предмети.

„Во 2019 година на годишно ниво сме имале по однос на сите доставени пријави и предмети отворени по сопствена иницијатива околу 1.300 предмети, а во 2020 година околу 650 предмети. Меѓутоа од 364 одлуи во 2019 година, во 2020 година сме донеле 606 одлуки“, изјави Николовска.

Според структурата на донесени одлуки, 178 се од облста на корупцијата, 157 за судир на интереси, 58 се од проверка на податоците на анкетни листи, 53 се поврзани со финансирање изборни кампањи.

Таа потсети дека лани за потребите на ДКСК е поставена апликација за селектирање на пријавите по области како што се судство, извршна власт, урбанизам, локална власта, што дало позитивен ефект и потврда, како што истакна, на наодите на мерките и активностите дадени во Националната стратегија во однос на потврдување на нивната ризичност.

За Николовска пријавите го потврдуваат она што стои во Националната стратегија и се покажува каде се треба да се насочат реформите во системот со цел намалување и спречување на корупцијата и судир на интереси.

„Најголем број пријави сме примиле од областа на  правосудството, поплаки за работата на извршната власт, за локалната самоуправа, за урбанизам и просторно планирање, за образованието, регулаторни тела, итн… Софтверот овозможува дефинирање кои надлежности во институциите за кои најчесто е укажувано дека постои повреда. Се потврди дека во најголем дел тоа се однесува за повреда на работните односи, односно нееднакво постапување при вработување, признавање разни дозволи, концесии, лицени, а се пријавуваат судир на интереси кај избрани и именувани лица“, појасни Николовска.

Во делот на иницијативите од ДКСК доставени до надлежни органи од 2019 до 2020 година, поднесени се 58 и тоа 27 иницијативи од областа на судир на интереси, а 31 за корупција.

За Николовска, интересен е ефектот на постапувањето на надлежните органи по однос на тие иницијативи, бидејќи 31 отсто од поднесените иницијативи се прифатени и по нив е постапено, 26 отсто се отфрлени, за 31 процент надлежните органи се уште не одговориле дали ќе постапат или до каде е постапката, за пет отсто од иницијативите е добиен одговор од Управен суд, а за седум проценти рокот за одговор се уште тече.

Карактеристични области нотирани од страна на ДКСК во најголем број се состојбите со вработувањата во здравствените установи и во Акционерските друштва поради злоупотреба или искористување на дискреционите овластувања од страна на избраните лица, избор и разрешувања директори во јавни претпријатија и акционерски друштва во државна сопственост и повеќекратно именувања на в.д. директори, но има и предмети за докажување на познавање на странски јазици, како и од сферата на урбанизмот и со одобренија за градење и уривање.

Николовска информира дека во извештајот на ДКСК даден е и краток осврт и за состојбите со изборите, а се навратиле и на состојбата за евидентирање и следење на имтоната состојба.

Постапено е по 80 пријави за ненавремено пријавување или ненавремено поднесени анкетни листови, како и ненавремено доставување на барани документи.

Во однос на заштитата на укажувачите, Николовска оцени дека има подобри резултати односно дека во 2019 година се поденесени 19 пријави, но ДКСК не одлучила по ниту една, додека во 2020 година ДКСК има примено шест пријави од укажувачи, но имаат донесено 17 одлуки од кои во 12 наводите не се потврдени. По некои ДКСК немала надлежност на постапување, додека по една пријава предметот е во редовна постапка, а по пет пријави се уште се постапува, По еден предмет има две иницијативи, една за утврдување одговорност за службено лице, а другата е доставена до Јавно обвинителство.

Извештајот ќе биде доставен до Собранието, до претседателот на државата и до Владата, а ќе биде објавен и на веб страницата на ДКСК.

ДКСК на седницата упати и јавна опомена до Драган Маневски, претседател на Советот на Општина Делчево, за судир на интереси, кој истовремено е и адвокат, со појаснување дека се работи за неспоивост на функции.

На седницата беше разрешена Розета Трајан од местото генерален секретар во ДКСК. Против нејзиното разрешување гласаше Горан Трпеновски./МИА/

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ