Државната комисија за спречување на корупција на денешната седница соопшти дека отвора предмет за јавната набавка за инсталација на АТМ системот за управување со воздушниот сообраќај и за улогата во оваа набавка на генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски.
Антикорупциска ќе ја испитуваат и дивоградбата кај чинарот во Охрид, која е во сопственост на советникот на ДУИ во Охрид, Нефи Усеини.
Ова се две постапки кои Антикорупциска ги отвора по своја иницијатива, а по објавени информации во медиумите.












