По вчерашните информации дека синот на пратеничката Мира Сојчевска, не ги исполнувал условите за вработување во ЕЛЕМ, со реакција се јави Државната комисија за спречување на корупција.
„Државната комисија за спречување на корупцијата ја известува јавноста дека сеуште се прибира и обработува документацијата поврзана со отворените предмети за вработувањата со сомневање за непотизам и оттаму ја демантира шпекулацијата изнесена во медиумите дека „Антикорупциска веќе утврдила дека синот на Стојчевска незаконски се вработил и не ги исполнил условите утврдени со конкурсот“, велат од Антикорупциска.
Претходно, ЕЛЕМ соопшти дека Стојчевски имал најсоодветно образование од сите кандидати и дека сета потребна документација ја доставиле до ДКСК.
Б. Ј.