• Latest

ДКСК утврди злоупотреби во финансирањето на изборната кампања, двојно покачување на минималната плата, неисполнетото ветување на ЕУ поттикнува политичка нестабилност

February 8, 2022

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
Foto: Wikimedia Commons

ОН: Само во октомври повеќе од 260 напади врз Палестинци во Западен Брег

November 14, 2025
Американските воздушни сили, USAF (Photo by Hans Dorries on Unsplash)

САД одобрија продажба на воени авиони и делови на Тајван во вредност од 330 милиони долари

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Х

Шест загинати во рускиот напад врз Кијив, Азербејџан упати силен протест до Москва откако руска ракета ја оштети и нивната амбасада

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Гардијан

Демонстранти го блокираа главниот влез на зградата каде се одржува КОП30

November 14, 2025

Марш на ангелите – 30-тиот протесен марш за правда во Скопје

November 14, 2025
Фото: Фејсбук  на Љубомир Костовски

Министерот што подигнува само рачна, говори за брзината на пругите!

November 14, 2025

Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

November 14, 2025

Анализа на Гардијан: Климатското финансирање оди во погрешни раце – Кина, Саудиска Арабија и ОАЕ меѓу најголемите добитници

November 14, 2025
Фотографија: Скриншот

Новиот исламофобичен говор на Додик – радикална реторика што потсетува на воените злосторници од 90-тите, алармираат аналитичари и ОБСЕ

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

ДКСК утврди злоупотреби во финансирањето на изборната кампања, двојно покачување на минималната плата, неисполнетото ветување на ЕУ поттикнува политичка нестабилност

February 8, 2022 16:25
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

ДКСК: Податоците за транспарентноста на политичките партии се поразителни

Податоците за транспарентноста на политичките партии се поразителни. Податоците за примени донации и годишни извештаи политичките партии имаат законска обврска да ги објават на своите веб страници, но од вкупно 31 политичка партија кои имаат интернет страница, седум ги имаат во целост објавено, три партии делумно ги објавиле, а 18 немаат објавено никакви извештаи. На три интернет страниците не им се активни. Ова го покажува посебниот Извештај за утврдените злоупотреби во финансирањето на изборната кампања Локални избори 2021 на Државната комисија за спречување на корупцијата.

ДКСК на денешната 61 седница го разгледа и усвои Извештајот за утврдените злоупотреби во финансирањето на изборната кампања Локални избори 2021 и утре ќе го достави до Собранието, а потоа ќе биде и објавен на веб страницата на Антикорупција.

Претседателката на ДКСК Билјана Ивановска, посочи дека согласно законската обврска тие ги следеле сите случувања и неправилности во текот на изборниот процес, од денот на распишување на изборите до изборот на градоначалници.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Ковачевски: Со дефинирањето на минималната плата на висина од 18.000 денари, сума која е воедно и двојно покачување од минималната плата од онаа во 2016 година, стануваме предводници во Европа со висината на уделот на минималната во просечната плата. Очекуваме оваа мерка да влијае позитивно и на останатите плати во сите други индустрии, со што ќе се подобри стандардот на сите граѓани.

Владата продолжува со уште посилен интензитет да ја помага економијата и да создава услови за раст на платите и за извлекување на десетици илјади наши граѓани кои живеат под прагот на сиромаштијата. Државата ќе ја покрие целокупната разлика во делот на придонесите од минималната плата од 15.200 денари која се исплаќа сега, до онаа која ќе се исплаќа за март од 18.000 денари.

Настан на ЦИВИЛ: Најнови сознанија за руско-украинската криза и за опасностите по регионот и светот

ЦИВИЛ организира панел дискусија на тема „Руско-украинската криза и Северна Македонија“ на 9 февруари (среда), во 13 часот, во ЦИВИЛ прес центарот во просториите на Бизнис центарот „Палома Бјанка“ во Скопје.

Своите сознанија и анализи на темата со јавноста ќе споделат: Амбасадорката на Украина, Н.Е. Наталија Задорожњук, раководителката на проектот „Дезинформациите и информациската дисторзија во Северна Македонија“, Росана Алексоска од граѓанската асоцијација МОСТ, деканка на правниот факултет на универзитетот „Визион“ – Гостивар и прва жена докторантка на Воената академија, Весна Попоска, како и новинарите и аналитичари Александар Николиќ Писарев и Љубомир Костовски. Модератор на панел дискусијата ќе биде Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ и главен уредник на ЦивилМедиа, инаку автор на повеќе анализи на оваа тема, како и на темите поврзани со различни аспекти хибридната војна

 ФЛЕШ ВЕСТИ

ИНТЕГРАЦИИ Северна Македонија во 2021 година има постигнато висок степен на усогласување со позициите на ЕУ, дури 96 отсто што е индикатор дека земјата ги споделува  вредностите и принципите на надворепшната политика на Европската Унија. Ова го посочи шефот на дипломатијата Бујар Османи на средбата со амбасадорите на земјите-членки на ЕУ акредитирани во државава,. На состанокот со амбасадорите, како што соопшти МНР, Османи ги брифирал и дал пресек за актуелните случувања поврзани со европската агенда на земјата, особено предизвиците  во билатералните односи со Бугарија и процесот на усвојувањето на преговарачката рамка како предуслов за почеток на преговорите со  ЕУ.

ИЗВЕШТАЈ Коизвестувачите на Парламентарното собрание на Советот на Европа -ПССЕ за пост-мониторинг дијалог со Северна Македонија во нивниот извештај објавен деновиве во Стразбур, оценуваат дека неисполнетото ветување на ЕУ за отворање на пристапните преговори со земјата „ја поттикнало политичка нестабилност во државата, неизвесност и разочарување“. Сепак, тие ги охрабруват властите, опозицијата и граѓанското општество да останат посветени на нивните европски цели и да продолжат да работат со Советот на Европа. Во ревидираната информативна белешка објавена како дел од пост-мониторинг дијалогот на Собранието со Северна Македонија, Лиз Кристоферсен (Норвешка, СПЦ) и Золт Ченгер-Залан (Унгарија, ЕНП/ЦД) рекоа дека сè уште постои „цврст консензус“ во земјата кој е во корист на процесот на европска интеграција.

ЕНЕРГЕТИКА Земјава, според податоците на АЦЕР објавени минатата недела, е 100 процентно зависна од рускиот гас. Од земјите во регионот зависноста на Србија од рускиот гас е 89 отсто, на Бугарија 77 отсто, Словенија 51 отсто,… Најзависна од  рускиот гас од западноевропските земји е Финска со 94 отсто, а најмалку зависна Франција со 24 отсто.

-Гасното поврзување со рускиот гас во Северна Македонија е преку Бугарија. Северна Македонија планира наскоро да изгради интерконектор за гас со Грција, проект со стратешко значење за земјата што ќе ја подобри енергетската сигурност и ќе овозможи диверзификација на гасното снабдување, велат од АЦЕР

ДЕЗИНФОРМАЦИИAко се појде од тврдењето на ВМРО-ДПМНЕ дека под власт на СДСМ правдата е мислена именка, бидејќи апелацискиот суд донел решение за укинување на мерката притвор за Драги Рашковски и тоа се образложува со тврдење дека „пиунот Ковачевски го ослободил миленикот на Заев“, тогаш се наметнува и прашањето дали Ковачевски го ослободил и Трајко Вељаноски, бидејќи и овој му е миленик на Заев?, пишува „Вистиномер“ во својот Контраспин.

КОНТРОЛА НА ОРУЖЈЕТО Од МВР информираат дека е приведен жител на скопско Љубанци, кај кого  полицијата денеска пронајде и одзеде повеќе парчиња оружје и муниција. Полициски службеници од Единица за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Скопје , го лишиле од слобода Д.Ч.(62) од с.Љубанци, скопско. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени еден пиштол непозната марка и калибар, еден карабин непозната марка и калибар, 977 куршуми различен калибар, три ловечки патрони и една воздушна пушка.

КОВИД-19Согласно Владината одлука за измена на начинот на достава на решенијата за изолација на лица позитивни на КОВИД-19 и на нивни контакти, ве информираме дека од денеска е во функција платформата на која секој граѓанин кој има потреба да дојде до сопственото решение за изолација ќе има пристап единствено до своето решение без да има увид во податоците на другите граѓани на кои им е издадено решение за изолација, информираат од владината прес служба.

СОЦИЈАЛНА ПРАВДА  Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи во гостувањето во Утрински брифинг го поздрави вчера  постигнатиот договор со Синдикатите и работодавачите за минималната плата од 18.000 денари.

-Вчерашниот успех на сите социјални партнери е за поздравување и се случи мислам за првпат. Ставовите и аргументите беа навидум различни и спротивставени, но имавме еден став дека минималната плата треба да се зголеми и да дојдеме до заедничко решение. Единствен пат за успех е дијалогот. Стигнавме до една бројка на минимална плата од 18.000 и најважно е што дефиниравме методологија. Креиравме механизам со кој минималната плата ќе ја ставиме ад акта еднаш засекогаш. Како влада треба да креираме механизми со кои нашите сограѓани ќе се извлечат од прагот на сиромаштија. Во земјава 13,8 проценти од граѓаните кои живеат со минимална плата. Да ги извлечеме од сиромаштијата. Во 2016 година уделот на минималната плата беше 38 посто од просечна плата, а сега со поставување на уделот од 57 посто сме сигурни дека никогаш нема да паднат под прагот од 57 посто, рече вицепремиерот Битиќи. Со новата методологија  проекциите се дека минималната плата до 2026 година постојано ќе расте.

СУДСТВО Процесот на дигитализација на правосудството генерално се води според Стратегијата за ИКТ во правосудството 2019 – 2024 година, која во меѓувреме е и ревидирана. Иако во оваа стратегија се наведени и краткорочните и долгорочните цели, базирани врз актуелната состојба и визијата каде треба да се движи овој процес на дигитализција во правосудството, се чини дека посериозните исчекори се направени дури оваа година, се вели во Извештајот на „Метаморфозис“ за реформите во правосудството под наслов: „На правосудството му е потребна финансиска „бустер“ доза“, пишува „Вистиномер“.

ДИСТРИКТ 

Стојановска: Ниту имам вина, ниту било кој би можел да поседува било каква трага за било каква моја вина

Во Дистрикт на Цивил Прес Студио, интервју на Зоран Иванов со Силвија Стојановска – ведета на македонското глумиште, театарска артистка, филмска и телевизиска глумица, доајенка на македонската уметничка сцена.

Во овој Дистрикт таа зборува за себе, за нејзиното актуелно и активно судбинско животно премрежје – за три ипол годишната пресуда на Основниот суд и за нејзиното објективно очекување на правдата од страна на Апелацискиот суд.

Д. Мишев

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    119 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ