Милорад Додик, , објави дека ентитетот Република Српска ќе покрене судска постапка против одлуките донесени од високиот претставник во Босна и Херцеговина, Кристијан Шмит, објавија српски медиуми.
Додик и раководството на Република Српска одржаа прес-конференција во Бања Лука на 17 јули откако Шмит донесе одлуки за исплата на долг кон словенечката компанија Вијадукт од 56 милиони евра и обезбедување пари за Централната изборна комисија на Босна и Херцеговина.
Додик на прес-конференцијата објави дека ќе потпише наредба „за следење на високиот претставник Кристијан Шмит и лидерот на Партијата за демократски напредок Бранислав Бореновиќ“ во следните десет години.
Тој, исто така, ја обвини Европската Унија за одлуката на високиот претставник во Босна и Херцеговина.
Шмит донесе одлука според која долгот кон „Вијадукт“ ќе се плаќа од патарини за гориво и од делот што треба да се уплати во буџетот на ентитетот Република Српска.
Неговата одлука дојде откако властите во Босна и Херцеговина не можеа да се договорат за начинот на отплата на долгот, што го донесе нејзиниот ентитет Република Српска.
Д. Т.