„Во последниве три години, имав задоволство да дадам сертификати на многу нови грантисти и денеска достигнавме до бројот 221 организација на граѓанското општество кои станаа членови на семејството на Цивика мобилитас. Новите добитници на грантови донесуваат нови искуства, нова стручност и заедно со оние кои веќе се вклучени во програмата, ја прават Цивика мобилитас претпознатлива платформа која што води кон посилно граѓанско општество“, изјави швајцарската амбасадорка, Сибил Сутел Тајада, на денешното доделување на последната група грантови на граѓанските организации, кое се одржа во хотел Арка.
Според амабасадорката, слободата на изразувањето оди рака под рака со активизмот на граѓанското општество, и нивната поддршка кон медиумите и понатаму ќе остане многу важен дел од нивната програма и дека се на поблиска соработка меѓу медиумите и граѓанското општество кое би резултирало во повисоко ниво на транспарентност и отчетност на државните институции, како на локално, така и на национално ниво.
Грантови од Цивика мобилитас беа доделени на вкупно 24 граѓански организации, од кои 7 мали акциски и 17 ад хок. На листата на граѓански организации се најдоа Здружените на граѓаните за промоција на јавна дебата, Здружението Центар за човекови права и разрешување конфликти, Здружението Форум – центар за стратешки истражувања, Центар за информативно, логистичка поддршка на граѓаните – Нов контакт, Здружението Надеж (Hope) од Македонска Каменица, Здружение Иницијатива за независен културен активизам Инка од Струга и други.
Цивика мобилитас, програмата на Швајцарската агенција за развој и соработка за поддршка на граѓанското општество во Македонија, денес ја додели последната група грантови на граѓанските организации, во хотел Арка.
Ангела Петровска