• Latest
Пријателска атмосфера во Ријад, додека руските дронови погодуваа цивилни цели (фото извор: ТАСС)

Додворувањето кон Путин не е лидерство – тоа е капитулација!

February 19, 2025

Почна новата академска година

October 1, 2026
Беџ на АНБ (фото: Архива на Слободен печат)

АНБ во акција против руска пропагандна мрежа: Институционална потврда на заканата на која ЦИВИЛ предупредува повеќе од една деценија

October 1, 2026
фото: Принтскрин АНБ

Македонски државјанин преку псевдо-портали ширел руска пропаганда и дезинформации, АНБ отвори истрага

October 1, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Постојана раскрсница која бара патоказ

October 1, 2026
Урсула фон дер Лајен (скриншот)

Фон дер Лајен во Скопје: Меѓу европските очекувања и условите на Мицкоски

October 1, 2026
ПОСЛЕДНИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ПОТПИС | Александар Вучиќ, 27 септември 2026 (фото: ФБ / Александар Вучиќ)

Србија пред избори: Вучиќ во трка за премиер, студентите со сопствена листа, опозицијата во повеќе колони

September 30, 2026
Олешки, Украина, 2026

Олешки на работ на хуманитарна катастрофа: Глад, блокада и пропаганда под руска окупација

September 30, 2026
Урсула фон дер Лајен - Христијан Мицкоски, октомври 2025

Фон дер Лајен доаѓа во Скопје: Мицкоски нуди дијалог, ЕУ останува на условот за уставни измени

September 30, 2026

(ИНФОГРАФИК) Двете точни бројки на Мицкоски и контекстот што го менува заклучокот

September 30, 2026

Пендрекот може да ја растури тезгата на Бит-пазар, но не и сиромаштијата

September 30, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Додворувањето кон Путин не е лидерство – тоа е капитулација!

Додека рускиот агресор продолжува со својата крвава инвазија врз Украина, Трамп отворено застанува на страната на диктаторот и воениот злосторник, Путин! Наместо да застане во одбрана на слободата и праведниот мир, тој ја турка Америка кон срамна капитулација и соучесништво со Путин!

February 19, 2025 11:49
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, СВЕТ, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Пријателска атмосфера во Ријад, додека руските дронови погодуваа цивилни цели (фото извор: ТАСС)

Пријателска атмосфера во Ријад, додека руските дронови погодуваа цивилни цели (фото извор: ТАСС)

Share on FacebookShare on Twitter

ЏАБИР ДЕРАЛА

Историјата не им простува на оние кои се поклонуваат пред тиранијата. Ако Америка застане на страната на Путин, ќе биде запаметена не како суперсила, туку како понижена земја.

Дали ова навистина се случува!? Претседателот на САД, Доналд Трамп, кој дома си ја турка авторитарната агенда, практично, се здружи со диктаторот и воен злосторник Путин – и ја обвини Украина дека ја започнала војната! Ова мора да расчисти веднаш и да се запамети: Трамповото додворување кон еден воен злосторник не е само кукавичлук — тоа е предавство на секој Американец кој некогаш се борел за слобода. Ова е тежок удар врз совеста и моралот на светот!

Државата терорист која пред три години, во стилот на Хитлер, изврши целосна воена инвазија против Украина, независна и суверена држава во Европа, сега седи на преговарачка маса со САД – сцена која ниту еден разумен човек не можеше ни да ја замисли. Кога ќе погледне човек како се водат преговори за Украина без Украина, единствените зборови со кои тоа може да го опише се предавство и капитулација. Подеднакво неприфатливо, тие преговори се водат и без Европа – каде што се наоѓа Украина – на чија почва руските трупи извршија и продолжуваат да извршуваат ужасни воени злосторства, „оправдани“ со геноцидната идеологија на Кремљ. Дали ова е она што Трамп го нарекува „ставање крај на војната“? Тоа е невозможно! Тоа не е ништо освен одобрување и поддршка на воените агресии, воените злосторства и геноцидот.

Америка мора да се разбуди. Сега! Ова не е прашање на левица или десница, Демократи или Републиканци. Ова е прашање на демократијата против диктатурата, вистината против лагите, правдата против геноцидот. Лидерот кој се поклонува пред диктатори не е некој што води – тој само срамно се покорува.

Ако граѓаните на САД не сакаат нивната земја да стане вазал на Русија, тие мораат да стават крај на срамните, неморални ставови на нивниот претседател.

И Европа! Европа мора да застане цврсто и да се одбрани од тоа што доаѓа.

Да се каже НЕ на Трамп сега не е само избор – тоа е морална обврска за Американците и светот. Да му се каже НЕ на Трамп сега, значи му да се каже НЕ на Путин, и тоа не е само оправдано, туку и итно и неопходно – токму како што беше морално и човечки да им се каже НЕ на Хитлер и Мусолини пред 85 години.

Нема ниту еден логичен аргумент на страната на најсилната демократија на светот да се поклони пред крвожедниот воен злосторник, гангстер и диктатор. Да му се покори на Путин, значи да се предаде сè што претставува Америка.

Ако Трамп му ја овозможи победата на Путин, не само што Украина ќе страда неизмерно, туку и целиот светот ќе влезе во нова ера на мрак, свет во кој ќе владеат оние што стравот и лагите ги претвораат во оружје. Последиците од додворувањето кон тиранин ќе загрмат низ целиот свет, и ќе предизвикаат нови бранови на насилство, репресија и уништување. Цели нации ќе паѓаат, човековите права и слободи ќе бидат прегазени и идеалите за слобода и правда ќе станат минато. Неповратно.

Затоа, ова е мојот повик… Кажете НЕ за геноцидот. Кажете ДА за праведниот мир. Тоа е сè што светот треба да направи за да ја спаси својата душа – и својата човечност.

Застанувањето на страната на еден тиранин кој убива деца, силува жени и ги уништува цели градови не е „дипломатија“ – тоа е соучесништво во воени злосторства.


Текстот е личен став на Авторот.

Appeasing Putin is Not Leadership – It’s Capitulation

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ