• Latest

Домашната градежна индустрија притисната од неконтролиран увоз

March 18, 2018

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026

Лудачкиот одговор на Путин по отвореното писмо од Зеленски

June 5, 2026
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, 8 мај 2026 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

ДРАМАТИЧЕН ДИПЛОМАТСКИ ПОТЕГ: Зеленски упати ултиматум и мировна понуда до Путин

June 5, 2026

На кои листи ќе нѐ има?

June 4, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Кој ќе ја плати цената за истрагата „Мазут“: Осомничените една година под мерки, без утврден криминал

June 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Домашната градежна индустрија притисната од неконтролиран увоз

March 18, 2018 09:36
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Домашната индустрија на градежни материјали (цемент, гипсани, туларски, битоменски производи…) се соочува со голема конкуренција со ниски цени од неконтролиран увоз од Србија, Бугарија, Албанија, Грција… На таквата конкуренција не може да одговори поради високите трошоци во работењето, оценуваат од Групацијата на индустријата на градежни материјали.

Се залагаат државата да направи контрола на увозот, за што е потребна законска интервенција, со истовремено зајакнување на капацитетите и на пазарната инспекција.

– Државата мора да направи контрола на увозот. Како што нашите фирми прават испитувања во соседните земји за да можат да ги пласираат производите, треба и за нивните производи да се направи контрола при увозот. Во Србија, некои производи неможат да се извезат ако не е направено испитување во нивните лаборатории, зошто и ние да не го правиме тоа, велат од Групацијата и посочуваат дека со сегашните услови, домашните фирми се соочуваат со двојни трошоци.

Од градежната индустрија гледаат решение на проблемот во меѓусебно признавање на испитувањата или пак и Македонија да побара испитувања за се’ што е увезено.

Како што потенцираат од Групацијата, недозволиво е да се увезува секаков цемент, бетон, железо и други материјали кои се вградуваат во објектите. Тие, потенцираат, имаат големо влијание на стабилноста на објектите.

Официјалните статистички податоци покажуваат дека Македонија лани увезла цемент во вредност од 16 милиони евра, каде предничи увезениот од Албанија во вредност од 8,5 милиони евра, а увоз имало и од Бугарија, Грција и Турција.

Минатата година се увезени керамички ѕидарски тули во вредност од 5 милиони евра, најмногу од Србија во вредност од 3 милиони евра, а по милион евра од Албанија, Бугарија, Грција. Од Групацијата посочуваат дека иако Македонија произведува едни од најцврстите керамиди, лани сме увезле таков градежен материјал во вредност од 3,6 милиони евра, од кој 2,5 милиони отпаѓаат на увозот на Србија, по што следи увозот од Грција.

Одделението за безбедност на производи при Државниот пазарен инспекторат, кое  е надлежно за контрола на градежните производи, минатата година извршила 542 надзори кај производителите и увозниците на градежни производи.  Предмет на контрола  биле ПВЦ и алуминиумски  прозори и врати, агрегатите и експандиран полистирен. Дел од нив кои не поседувале документ за сообразност, биле задолжени да извршат тестирање на производот во соодветна акредитирана лабораторија.

– Дел од контролираните производи поточно агрегатите се во постапка на обезбедување на потребните документи за сообразност, а останатите ги обезбедија потребните документи. Во наредниот период, Државниот пазарен инспекторат продолжува со контрола на градежните производи. Во моментов се врши контрола на агрегатите. Од почетокот на 2018 година заклучно со февруари направени се 25 контроли кај овој тип производи. Постапката на контрола за нивна сообразност е во тек, велат од Пазарната инспекција.

Согласно Законот за градежни производи, секој градежен производ може да се пушти на пазарот доколку е соодветен со својата употребна намена, соодветно означен и пропратен со изјава за својства и техничко упатство. Кога градежниот производ е сообразен со хармонизиран стандард или соодветствува со европска техничка оценка која е издадена за него, производителот изготвува изјава за својства. Таа содржи податоци за својствата на градежните производи кои ги исполнуваат суштинските карактеристики на овие производи во согласност со хармонизираните технички спецификации.

Доколку Државниот пазарен инспектор утврди дека е сторена повреда на одредбите од овој закон и техничките прописи, носи решение, наредува отстранување на утврдените несообразности, определува рок за отстранување, наредува означување на производите со пропишаните знаци за сообразност. забранува пуштање на пазарот несообразни градежни производи. Исто така, законот овозможува инспекторатот да го ограничи прометот или да нареди повлекување на производот од пазарот, времено да забрани секакво доставување, и изложување на производи во период кој е потребен за извршување на разни прегледи и тестови, веднаш штом се појави сомнение дека тие градежни производи се несообразни со прописите.

Прекршочните одредби се во висина од 5.000 евра до 15.000 евра за правното лице во зависност од направениот прекршок. Се изрекува и санкција забрана за вршење на дејност во траење од една до три години доколку се повтори прекршокот.

 

извор: МИА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

 

Tags: градежен материјалнеконтролиран увозпазарна инспекција
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ