• Latest
фото: ХЕРА

Дополнителни 2,5 милијарди или 15 % раст на БДП, доколку вработеноста на жените е иста како кај мажите

April 25, 2025
Фото: Скриншот од видео на Телеграм каналот Астра

Дронови ја нападнале руската црноморска флота, „мистериозна“ експлозија оштетила танкер во руско пристаниште

July 6, 2025
Фото: Роман Шеремета / Фејсбук

Шеремета: Сите Руси имаат колективна одговорност за геноцидот врз украинскиот народ

July 6, 2025
Фото: Скриншот од видео на 
ABC News (Australia)

Антисемитизмот нема место во Австралија – рече премиерот Албанезе и вети преземање строги мерки по нападот со палење на синагога

July 6, 2025
Фото: Веб страната на ВМРО-ДПМНЕ

Мицкоски се пишмани, нема данок за немажени и неженети – погрешно бил разбран

July 6, 2025
Фото: Скриншот од Јутарњи лист / Х

(ВИДЕО) Хрватската СДП проговори за усташтвото на концертот на Томпсон: Сведоци бевме на срам од целиот свет

July 6, 2025
Фото: Скриншот од видео на CNN-News18

Зошто кинескиот лидер Си Џинпинг го прескокнува овогодинешниот самит на БРИКС?

July 6, 2025
Фотографија: ЦивилМедиа

Канта за смет

July 6, 2025
Генералштабот на Украина пријави напад врз аеродромот Борисоглебск во југозападната Воронешка област, Русија, на 5 јули. Фотографија: Генералштаб / Фејсбук

Украински напад со дронови врз руска воздухопловна база погоди складиште за бомби, авиони – откажани летови на неколку руски аеродроми 

July 6, 2025
Фото: ЦУК / Фејсбук

ЦУК: Активни три пожари во реони на општините Прилеп, Македонски Брод и Чашка

July 6, 2025
Фото: Скриншот од видео на CNN

Израел ќе испрати делегација во Катар на преговори за Газа и покрај „неприфатливите“ барања на Хамас

July 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Дополнителни 2,5 милијарди или 15 % раст на БДП, доколку вработеноста на жените е иста како кај мажите

Национална конференција на ХЕРА за унапредување на родова еднаквост во земјата

April 25, 2025 10:12
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
фото: ХЕРА

фото: ХЕРА

Share on FacebookShare on Twitter

„Ти и јас во еден глас: Родовата еднаквост – наша заедничка мисија“, мотото на завршната конференција од проектот „Заедно за родова еднаквост: Градење поддршка за родово инклузивни политики“, во организација на ХЕРА, со поддршка на Британска амбасада.

За Економски придобивки од родовата еднаквост зборуваше Бранимир Јовановиќ од Виенски институт за интернационални економски студии, Австрија кој рече дека е голема дискрапанцата помеѓу мажите и жените коишто работат.

Проценките за макроекономските ефекти по БДП покажуваат дека ако вработеноста на жените е иста како кај мажите во Македонија, тоа ќе даде дополнителни 2,5 милијарди евра во БДП, односно пораст на БДП за 15 %. Растот од 15 % БДП всушност е економскиот раст кој го има постигнато државата во изминатите 8 години, што укажува колку се значајни придобивките од постигнувањето на родовата еднаквост.

„Околу 53 %, односно повеќе од половина од мажите што можат да работат, работат. Кај жените процентот е многу понизок само 38 %. Грубо кажано секоја трета жена што може да работи, работи, а кај мажите секој втор маж работи. Огромен јаз има и во економската структура помеѓу мажите и жените. И тие релативно мал број жени коишто работат во државата заработуваат многу помалце од она што го заработуваат мажите, односно постои родов јаз во платите и изнесува 16 %. Ако споредите жена и маж што работат иста работа ќе видите дека жената е платена помалце од 84%. Овој родов јаз постои и во Европа, но изнесува 12%“, рече Јовановиќ.

Елизабета Божиноска, Програмска директорка, ХЕРА рече дека 93% од граѓаните потврдуваат дека постои родовата нееднаквост во државата, од кои 64 % сметаат дека таа е реален или потценет проблем Дополнителнодури 60 % од граѓаните препознаваат колку е важна родовата еднаквост како вредност во интегративните процеси на земјата со ЕУ. Таа ги истакна наодите од пилотирањето на алатката РЕСИ – родовата еднаквост и социјална инклузија на Законот за детска заштита и клучните препораки за поголема активација на жените на пазарот на трудот поврзани со овој Закон: подобрен пристап до градинки и установи за згрижување на деца во предучилишна возраст и други алтернативни форми за згрижување на деца ,искористување на неактивниот / невработениот дел на популациајта во услугите за грижа и нивно вклучување во платена работа, отворање на детски градинки во состав на правни лица во јавни институции, приватен и граѓанскиот сектор.

Милка Димитровска, професорка од Институт за социолошки и политичко-правни истражувања која ја презентираше студијата за перцепциите и ставовите на граѓаните за родовите прашања. Таа истакна дека кога станува збор за обесправеноста на жените 87%  препознаваат дека жените се најобесправена група, а од трите сектори кадешто жените се најмногу дискриминирани покрај политиката влегуваат обезбедувањето на социјални услуги и пазарот на трудот.

Во однос на перцепцијата за професии 71,3 % од граѓаните сметаат дека и мажите и жените се подеднакво способни да ја работат било која работа. Но, се уште постојат стереотипи така што половина од граѓаните рекоа дека ризичните работи не се жаните, додека 30 % се изјаснија дека негувателските професии не се мажите“, рече Димитровска.

Мери Терзиева, Извршна директорка од Дом за стари лица – Идила Терзиева, истакна дека пропорцијално треба да растат услугите поврзани со грижата на деца и на стари лица ако сакаме да имаме поголема застапеност на жените на пазарот на трудот. Исто така таа  побара мерките поврзани со родовата еднаквост да имаат континуитет во нивното спроведување, бидејќи често се селучува мерките што биле воведени да се укинат.

Сите учесници преку инспиративни говори и конструктивна дискусија се осврнаа на важноста на креирање политики што произлегуваат од реалните потреби на жените, како и на потребата од промена на јавните ставови за да се постигне долготрајна трансформација на општеството за унапредување на родова еднаквост.

Овој производ е подготвен во рамки на проектот „Заедно за родова еднаквост: Градење поддршка за родово инклузивни политики“, финансиран од Владата на Обединето Кралство, со поддршка на Британската амбасада Скопје. Мислењата и ставовите наведени во оваа содржина не ги одразуваат секогаш мислењата и ставовите на Британската Влада.

Фото: ХЕРА

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: ВИ

    24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Канта за смет

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Скопје како зона без контрола: Убиен пешак, нападната пратеничка, автобус во пламен – државата го губи компасот

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ