• Latest
Војо Маневски

Доста беше со глумење, мора да се помине на играње!

January 12, 2024

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (7): Затвореници пуштени на викенд не можеле да го остварат правото на гласање поради отсуство во Избирачкиот список

November 12, 2025

Српските студенти ја прекинаа блокадата на Јавниот радиодифузен сервис откако ја освоија концесијата

November 12, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (6): Над 20 починати лица фигурираат на Избирачкиот список на едно избирачко место

November 12, 2025
Israeli settlers set fire on a Palestinian warehouse
Source: Screenshot Al-Jazeera

Израелски доселеници запалија палестински магацин и земјиште додека нападите на Западниот Брег се зголемуваат

November 12, 2025
Креирано со помош на ВИ

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (5): Општа караница на ИМ помеѓу партиските набљудувачи и ИО, за тоа кој пријавил наводен инцидент

November 12, 2025
Фптп: Скриншот од видео на ВВС

Трамп напиша писмо во кое бара од израелскиот претседател да го помилува Нетанјаху во судењето за корупција

November 12, 2025
Фото: веб страна на украинскиот претседател

Зеленски бара разрешување на министрите за правда и енергетика на Украина

November 12, 2025
Илустрација ВИ

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (4): Недостапни избирачки места – правото на глас заглавено на втор кат

November 12, 2025
Фотографија: UNOPS South East Europe - Platform X

Конференција Western Balkans 2030: Потребни се десетици милијарди евра за да се прилагоди регионот на климатските промени

November 12, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (3): ИО не дозволил да гласа граѓанин кој го имало при проверка со фингрпринт, но го немало во Избирачкиот список, иако во првиот круг му дозволиле

November 12, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Доста беше со глумење, мора да се помине на играње!

January 12, 2024 09:37
in СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Војо Маневски

Војо Маневски

Share on FacebookShare on Twitter

ВОЈО МАНЕВСКИ 

Малите сликички можете да ги собирате, да ги врзувате со црвено ластиче, ама ако сакате да ви ја раскажат својата приказна ќе мора да ги ставите во албум. Дури тогаш тие се дел од поголема слика и станува јасна потребата од нивното постоење. Кога почнувам да пишувам некој текст се обидувам да најдам некаков сооднос меѓу сликичките и албумот во кој треба да се ставени.

Како вовед во намерите ќе ви раскажам една случка што имав чест да ја доживеам седејќи до големиот режисер Љубиша Георгиевски. Само што се беше вратил од Софија каде амбасадоруваше и се наоѓаше во пост-никотински процес. По некоја навика додека ги следеше последните проби на претставата ја превртуваше празната кутија од цигари. Седевме во седмиот ред на партерот со импровизирана масичка пред нас затрупана со некакви кратки записи. Сакајќи да се направам паметен и да ги пофалам глумците реков: „Професоре добро глумат глумците“. Не добив одговор сѐ додека не се заврши сцената. Љубиша ја згужва празната кутија од цигари и авторитетно ми се обрати: да, да убаво си забележал тие се глумци и глумат, ама јас не сакам глумци и глумење, туку актери и театарска игра што значи, да играат како да се тие ликовите кои ги претставуваат пред публиката.

Ако смеам да прашам како лаик да ми објасните професоре во што е разликата?

Тие глумат затоа што се плашат да бидат ликот што ги играат. Се плашат да понесат суштинска обврска за карактеристиките на лицата кои ги играат. Некои од нив таа граница ќе ја поминат, а некои ќе глумат. Некои се талентирани и образовани, а некои имаат недостаток од едното од тие. Тие што најмногу викаат се глумци, а они што не викаат, ама се разбирливи до последниот ред се актери. Од вкупниот сооднос на глумци и актери зависи квалитетот на претставата.

Не знам што Љубиша сега режира во небескиот театар, ама кога сакам да направам албум со сликичките од нашите секојдневни државни и општествени собитија, неговите размисли за глумците и актерите ми изгледаат сосем прикладни.

Сликичка прва:

Правосудните органи не можат да најдат сила да ги исчистат своите редови од некадарните и корумпирани кадри. Советот на обвинители дава поддршка на иден прв човек на ЈО, иако обвинител станал од редот на слободните стрелци. Не бил вработен во суд или обвинителство, па да стекнал институционално искуство. Досега нема предмети кои ги водел, а оставиле позитивна трага во правораздавањето. Имал организаторски способности. Е, од таков талент се плашам и од такви глумци организатори имаме доверба кон целокупното правосудство, што се мери во неколку проценти. И законскиот опис кога е избран да биде обвинител е како кастинг за споредна улога, од редовите на истакнатите правници. Истакнат е изгледа според мерилата на Љубиша. Најмногу викал таму каде што требало.

Фетаи не донела документ дека го познава македонскиот јазик и не донела потврда дека има деловна способност. Ако има некој од обвинителите што покажа дека знае добро неколку јазици, тогаш е токму таа обвинителка. Ако ги немала таквите документи како станала воопшто обвинител? Ама формалноста секогаш е одбрана за неубедливоста на одлуките. Третиот кандидат (кандидатка) изгледа ги има двете карактеристики што ми ги опишуваше Љубиша. И е образована и е талентирана, ама зборува разговетно и далеку се слуша. Е тоа меѓу глумците што глумат членови на Советот не минува. Стравот дека ќе треба да ја играат улогата на одговорни актери на висок орган на обвинителството ги врзува да останат глумци што глумат во лоша претстава. Лошите претстави или се симнуваат од репертоар или публиката ја напушта салата после првиот чин. Понекогаш кон сцената летаат и разни реквизити. Во оваа моја сликичка од албумот ниту тоа не треба да се запостави како можност. Изборот на шеф на Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција беше како кастинг за претстава со лош текст, па актерите не се ни пријавија. Затоа глумците сега играат во претставата која е на ниво на детска претстава за Ивица и Марица.

Судскиот состав е во состојба кога во ансамблот скоро подеднакво има и актери и глумци. Глумците си глумат, а актерите сѐ уште не се осмелуваат да го покажат својот талент и да играат сериозна претстава што треба да нѐ застапува на меѓународни фестивали.

Сликичка втора:

На политичката сцена партиите се во главно составени од глумци. Да, да, глумци кон публиката, ама актери во круговите кои прават игрокази за одбрана публика. Кога некој министер се осмели да игра сериозна улога е тогаш се вознемируваат и суфлерите и техниката, а најмногу продуцентите. Или озвучувањето е недоволно или е прејако што станува неразбирливо. Осветлувањето е како лајт шоу. Час е црвено, час сино или зелено. Според мене таков актер е премиерот и неколку министри што се трудат да ја одиграат улогата сериозно, ама катадневно некој ја минира претставата со цел во публиката да останат само оние со однапред купена скапа карта и место во партерот што тешко се напушта, а да не се ремети претставата.

Опозицијата од сите кампуси е во грчевита борба да избере текст кој може да се одигра како битова драма, ама сегашната интелектуална и идеолошка понуда е за трагедија или слаба комедија. И во нивниот театар улогите се делат на глумци зошто актери тешко се наоѓаат, па сѐ почесто ја играат сцената од песната за Сугарев (Клавајте гуњи зошто пусија тешко се наоѓа). И во нивниот театар публиката е составена од потенцијални глумци што купиле карти и сега чекаат да бидат повикани во масовната сцена на крајот од претставата кога се мешаат публиката и глумците. Актерите што имаат талент да одиграат сериозни улоги стојат околу завесата и чекаат да помине еуфоријата и да има потреба од сериозна претстава за публиката која не доаѓа во театар само да се насмее, туку и да ја восприема пораката од претставата во целост и сериозно ја оценува убедливоста на актерската игра.

Во економијата улогите се добро поделени. Актерите играат на сцената, носат сериозни улоги и носат сериозни одлуки за квалитетот на претставата. Глумците се во сивиот дел и често се служат со дублери и импровизации на текстот. Најчесто се зад сцената и само им се слуша гласот, а претставите се како во куклен театар. Сами продаваат карти и сами ги плаќаат техничарите. Публиката плаќа евтини карти и затоа добива евтина претстава. Некогаш управата на театарот ги проверува приходите на касата и некој од актерите е на топол оброк во друг театар каде се играат само акциони претстави.

Во администрацијата се вработуваат актери што академија виделе на слика или трипати поминале покрај неа, ама улогата ја играат со самозалажување дека се на ранг на Роберт де Ниро.

Новинарите се со двојна улога и како како глумци и како публика. Публика се пред сопствениците на медиумите и разните центри на моќ, а сакаат да бидат актери пред публиката, па најчесто се водители на разни шоу програми од третокласни франшизи.

Ете така ги редам сликичките во мојот албум наречен сегашност во Македонија и се формира целата слика. Само мојот албум може и да се раствори и затвори, ама ако на сликарот му досади од нашите слики ќе го затвори и ќе го заврзе со канапче. Следува ставање во кутија и носење на таван каде сликата од нашата татковина ќе потоне во таванскиот мрак и прашина. Дигај завесата мајсторе, се загушивме од глумци и лоши претстави!


Текстот е личен став на Авторот.

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ