• Latest

ДПМНЕ-овски канибализам

October 28, 2019
Руски извидувачки авион Ил-20 забележан од полските воздухопловни сили над Балтичкото Море на 28 октомври 2025 година. Фото: Оперативна команда на полските вооружени сили/X

Полски борбени авиони пресретнаа руски извидувачки авион над Балтичкото Море

October 29, 2025
фото: ВИ

Буџетот за 2026 под лупа: Фискална рамнотежа или нова зависност од кредити?

October 29, 2025

Директорот на Комунална хигиена поднесе оставка поради морални причини

October 29, 2025
Donald Trump, Xi Jinping
Source- Firstpost video screenshot

Разговорите на Трамп и Си би можеле да стават крај на месеците на глобален економски хаос

October 29, 2025

Во Црна Гора уапсени осум лица поради насилство и поттикнување национална и верска омраза

October 29, 2025
Совет за безбедност на ОН

Во ОН ќе се дискутира за ситуацијата во Босна и Херцеговина, Додик очекува поддршка од Русија

October 29, 2025
фото: Џ.Д. / ЦИВИЛ

Директорот и управителот на „Комунална хигиена“ добија 30 дена притвор

October 29, 2025
Фото: Скриншот од видео на The Guardian

Најмалку 50 загинати во ноќешните израелски напади врз Појасот Газа

October 29, 2025
Фото: МИА

Полски МиГ-ови пресретнаа руски извидувачки авион

October 29, 2025
Фото: Ангел Ангеловски

Лажни се сите дојави за бомби во училишта во Скопје и Куманово

October 29, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

ДПМНЕ-овски канибализам

 Јакобинското начело - кој не е со мене, е против мене - иако затскриено зад одредени демократски флоскули, речиси отсекогаш виреело во дмне-овскиот двор

October 28, 2019 13:46
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: МИЛАН БАНОВ

Со години, што од љубопитство што професионално, следам политички дебати, јавни настапи на претставници на власта и опозицијата, седници на парламентот… и таа моја повеќегодишна редовност до неодамна ми го носеше уверувањето дека, ете, сум ги апсолвирал основните карактеристики и специфики на македонскиот политички говор.

Така, ставајќи ги настрана исклучоците и, секако, не пренебрегнувајќи настапи и искажувања кои досегнале ниво на умност, принципиелност, коректност и така натаму, чинам, во целина, политичкиот говор кај нас се закитил со низа грди карактеристики, непримерни за оние што нè владееле или имале таква намера, при што, исто така, и впечатливо ја потврдувале и старата вистина за неминливоста на глупоста.

Значи, со години го следевме „балот под зборови“ на оние кои работат, па и заработуваат од гласот и, барем за мене, тој „политички јазик“ на голем број македонски политичари, пред сè на оние од ВМРО-ДПМНЕ, не се разликуваше и не се разликува премногу од оној посочен во сјајниот социолошки есеј „Зборувате ли политички“ на др. Слободан Иниќ.

Нормално, тој е и сега актуелен, го потврдува и денешното заболување на говорот и прецизно ги означува фазите низ кои минува. На пример, првата нè загрижува, но веќе индицира дека лицето е инфицирано од болеста, која се манифестира преку симптомите “сè јасност” и “сезнајност”, што ќе рече, зборува за сè и знае сè, како резултат на лачење на жлездата скромност. Во втората фаза болеста зема замав, пациентот почнува да зборува  сè и сешто, а престанува функцијата на жлездата позната како интелегенција. Третата: болеста прераснува во состојба на класицизам, односно пациентот станува класик и неговите мисли и зборови самиот тој ги доживува како врв на светскиот ум. Четвртата: се појавува најтешкиот симптом на болеста – говорно мрморење, организмот е метастазиран и болниот сè потешко зборува, д’тка, запнува, голта гласови и говорот ја убива желбата за разумот. Конечно, петтата и последна: настапува кочење на виличната апаратура и затинање на говорниот центар, болниот зборува со движења, мимики, гестови или најчесто само со очите, а релативно мал број луѓе можат да ги толкуваат неговите мисли и говорни пораки.

Меѓутоа, независно од инфицираноста со спомената епидемија, последниве денови, по објавувањето на датумот за предвремените парламентарни избори (иако тоа не е непознато и е бездруго константа во политичкото комуницирање на дпмне-овците), темпото е засилено и јавноста можеше да се увери во егзистенцијата на мошне опасниот вирус – патолошката омраза; вирус, кој сакале тоа некои да го признаат или не, го пренесува опозицијата, особено нејзиниот божемен/набеден лидер Христијан Мицкоски како резултат на нејзината/неговата непомирливост дека и овојпат изборните резултати нема да соодветствуваат со болниот порив да се доберат до власта и да продолжат таму каде што застанаа – со плански грабеж на Македонија и на нејзините граѓани.

Или, поконкретно, аутсајдерската улога што ја имаат, која во редовите на опозицијата се доживува катастрофално, предизвика оваа бременита состојба на духот да ја загади државата до стравични димензии, па според тоа, не е далеку од вистината опсервацијата на еден мој пријател, кој вели дека стануваме сведоци на „политички канибализам” излезен од котелот на врхушката на ВМРО-ДПМНЕ.

 Јакобинското начело – кој не е со мене, е против мене – иако затскриено зад одредени демократски флоскули, речиси отсекогаш виреело во дмне-овскиот двор.

Оттука, веројатно не е тешко ниту да се проникне во таа нивна дијалектика за навлегувањето и постојано присутното и активно непријателство, кое секогаш и одново се барало и пронаоѓало во „непријателите” и „предавниците“ кои доаѓале од зад идеолошко омеѓените граници.

Но, дали денес, кога гневот и омразата до патолошки размери го затруле политичкото ткиво, оваа апсурдна и анахрона идеолошка линија за “непријателите” нема да оди и до прагот на сосем конкретната јакобинска гилотина? Засега, немам дилеми, сакат е  развојот на државата и се ампутираат интересите на граѓаните и тоа, парадоксално, од оние луѓе кои во идеолошки, политички и персонален поглед се и тоа како одговорни за кризата во општеството.

Што се однесува, пак, до мошне извесната намера истата постапка да се примени и на политичките противници, инаку јасно препознатлива во политичкиот говор на омразата, повеќе од сигурен сум дека таа нема да отиде подалеку од нивото на присуство на чисто зло и на анимална крвожедност.

А тоа се, бездруго, пориви кон кои, објективно, треба да се гледа со искрено жалење, зашто, ќе признаете, не е нималку лесно да си сопственик на таква бременита ментална ситуација.


Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон. 
Со преземање на било која содржина објавена на ЦИВИЛ Медиа, спротивно на Условите, се согласувате на ЦИВИЛ да му исплатите надоместок од 25.000 денари во рок од осум дена по преземањето на содржината. Оваа обврска не застарува, а за секое доцнење на исплатата ќе биде пресметана соодветна законска камата.
Доколку некоја содржина е потпишана со ЦИВИЛ Тим за комуникации, тогаш преземањето е дозволено во целост.
Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    132 shares
    Share 53 Tweet 33
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    127 shares
    Share 51 Tweet 32
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    127 shares
    Share 51 Tweet 32
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ