• Latest

Државниот инспекторат за труд не констатирал неправилности во спроведување на протоколите за заштита од Ковид-19 во Собранието

April 21, 2021

САД одбија да учествуваат во ревизијата на ОН за човековите права

November 7, 2025
Мирослав Јовановиќ - Слободен печат, панел „Уставни измени - Исток или запад“, 29 јуни, 2023
фото: Д. Муратов

Каде го загубивме чувството за срам?

November 7, 2025

Данска планира да воведе минимална возраст за користење социјални мрежи

November 7, 2025
Кривичен суд - Скопје

Притвор за четири лица осомничени за поткуп во врска со ИПАРД програмата

November 7, 2025
Фридрих Мерц (фото извор: Wikimedia)

Мерц најави милијарди за фондот за тропските шуми на КОП30

November 7, 2025

Извештај за проширување: Што е следно за земјите кандидати за членство во ЕУ

November 7, 2025
Фото: Скриншот

Собранието констатира нови мандати за тројца пратеници

November 7, 2025
Zohran Mamdani
Source> Wikimedia commons

Мамдани со поддршка од двајца милијардери – наспроти десетици зад Куомо

November 7, 2025
Фото: wikimedia commons

Ништо од бизнисот: Ганвор Груп ја повлекува понудата за подружниците на Лукоил откако САД ја нарече компанијата „руска марионета“

November 7, 2025
Скриншот од видео на Canal 26

Кремљ ги вклучува окупираните делови од Украина во рускиот Јужен воен округ, во услови на обновен мобилизациски притисок

November 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Државниот инспекторат за труд не констатирал неправилности во спроведување на протоколите за заштита од Ковид-19 во Собранието

April 21, 2021 16:01
in ВЕСТИ, КОВИД-19, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Собранието соопшти дека  Државниот инспекторат за труд при Министерството за труд и социјална политика на 19 април изврши вонреден инспекциски надзор во врска со спроведување на мерките, протоколите и препораките за заштита од КОВИД – 19, по што достави Записник до Собранието.

„Инпекторите извршија увид во работните простории на Собранието / Су + Пр+ К3+ Пк/. канцеларии, на ходници, лифтови, помошни простории, влезови/излези во кои работат вкупно 264 вработени и го констатираа следново:

Во однос на одредбата за хигиена на рацете, како што се станици за миење на раце и диспензери за дезинфекција на раце, безконтактни станици на истакнати места во работната средина со пристап за сите вработени, посетители, заедно со информативни материјали за промовиране на хигиена на рацете

Во однос на респираторна хигиена на работните места има на располагање доволно заштитни маски за лице, кои ги носеа сите вработени и на видно место се истакнати промотивен материјал за носење заштитна маска на лицето како и упатство за нивна правилна употреба Во однос на физичко дистанцирање воведени се мерки за одржување на растојание помеѓу луѓето и избегнување на директен физички контакт со други лица, строгa контрола врз надворешниот пристап на влез и движење во објектот и контакти во насока на одржување на ред и физичка дистанца (обележување ознаки на подот и сл.), како и за физичкото растојание помеѓу работните позиции и сали, во заедничкиот простор/ влезови, излези, лифтови, остави/скали/ каде што може да дојде до собирање или редици на вработени или посетители Применета е ротација во организацијата на работата, работа од дома, примена на оn line платформи за семинари и состаноци и сл

Се спроведува редовно чистење и дезинфекција на работната средина со ангажирани надворешни правни субјекти

Се спроведува редовно информирање и комуницирање со надлежното Министерство за здравство, Комисијата за заразни болести, потоа се дисеменираат информации, акти, одлуки известувања од страна на работна група до сите раководители на сектори со цел

спроведување на истите за превенција од Covid 19 Мерењето на температурата се врши на влез во објектот

Се почитуваат стандардни оперативни процедури за управување со лице кое ќe ce разболи на работното место, со постоечката медицинска амбуланта со потребен медицински кадар во состав на Собранието /изолација, ограничување на бројот на лица кои имаат контакт со него, употреба на лична заштитна опрема и последователно чистење и дезинфекција/ и се почитуваат епидемиолошките проценки за примена на домашна изолација на лица кои биле во контакт со заболен Редовно се води евиденција за заболени лица од Covid 19

Во поглед на користење на мерките за ослободување од работа за одредени категории на вработени, во моментот на надзор отсутни се 4 вработени по основ бремени жени

Од страна на Собранието беа приложени следниве документи кои што се поврзани со одржувањето на пленарните седници спред протоколите за заштита од КОВИД – 19:

1. Решение за формирање на работна група за подготовка, реализација и организација на Конститутивна седница потпишано од генерален секретар на (арх. бр. 02-2141/1 од 22 јуни 2020 г.)

2. Протокол за организирање на Конститутивна седница поптпишан од членовите на Работната група (арх. бр. 02-2342/1 од 30 јули 2020 г. )

3. Барање за промена и дополнивање на Протоколот со арх. бр. 02-2342/1 до Комисија за заразни болести при Министерство за здравство потпишано од Претседателот Џафери (арх. бр. 02-2342/2 од 13 ноември 2020 г.)

4. Дополнение на Протоколот бр. 02-2342/1 од 30 јули 2020 г. За спроведување на гласање за пратеници кои се наоѓаат во домашна изолација потпишано од потпишано од Претседателот Џафери ( арх. бр. 09-2342/3 од 17 ноември 2020 година)

5. Одговор на доставено предлог дополнување на постоечки протокол потшишан од Прим. д – р Жарко Караџовски, Комисија за заразни болести (арх. бр. 02-2342/4 од 18 ноември 2020 г.)

Во записникот се наведува дека при надзорот извршен на ден 19.04.2021 година не се констатирани неправилности. Мерките предвидени со наведената регулатива се во целост обезбедени од страна на Собранието на Република Северна Македонија. Со ова Соопштение и појаснуваме на јавноста дека Претседателот на Собранието и Службите целосно ги следат протоколите за работа и дека седницата одржана на 18 април беше свикана, одржана и завршена со доследно следење на сите протоколи“, велат од Собрание.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Последни часови од гласањето: Гласачите во клучните трки се незадоволни од Трамп и загрижени за економијата, покажуваат излезните анкети на CNN

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ