• Latest

Државниот врв уверува дека безбедносната состојба во земјава стабилна, нè очекува неизвесна година на економски план

February 27, 2022
Фото: Wikimedia commons / Gage Skidmore

Функционерот на Трамп кој ја затвори агенцијата за борба против дезинформации има тесни врски со Кремљ

June 4, 2025

Почина младо момче од кумановско Доброшане откако со мотор удрил во бетонски столб

June 4, 2025
Граничен премин Рафа, Египет: Камиони со хуманитарна помош за Газа

Уницеф: Газа треба да прима до 600 камиони со помош дневно – наместо се примаат 600 кутии

June 4, 2025

МВР: Две нови дигитални услуги достапни преку националниот портал uslugi.gov.mk

June 4, 2025

Годишниот извештај на КСЗД за ланската година на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот

June 4, 2025

Ројтерс: Балтичките вежби на НАТО се дел од подготовките за потенцијален судир со Русија

June 4, 2025
МАСОВЕН УБИЕЦ Генералот Ратко Младиќ низа децении ја градеше војничката кариера во Скопје и тој е секако клучниот актер на геноцидот

Адвокатите на Ратко Младиќ бараат судот во Хаг итно да го ослободи бидејќи се ближи кон крајот на животот

June 4, 2025

ХРВАТСКА ПОСТИЗБОРНА ПАНОРАМА: Кој слави, а кој анализира?

June 4, 2025

(ВИДЕО) ДУПЛО ЕСПРЕСО со Драган Мишев и Џабир Дерала: Зошто не беа успешни преговорите меѓу Украина и Русија во Истанбул?

June 3, 2025
Фото: Креирано со помош на ВИ

Руските пропагандисти поделени помеѓу потценување на украинската операција „Пајажина“ и упатување закани со нуклеарен напад 

June 3, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Државниот врв уверува дека безбедносната состојба во земјава стабилна, нè очекува неизвесна година на економски план

February 27, 2022 09:42
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ЕКОНОМИЈА, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Безбедносната состојба во земјава е стабилна и во моментот не постои директна закана. На највисоко ниво е подигнато нивото на заштита, а се очекува засилување на опасноста од кибер напади по нападот на Русија врз Украина. Внимателно се следи состојбата во Украина, уверува државниот врв во земјава.

Предизвикот кој стои пред земјава е повеќе од економска природа, која е од глобални размери, но од Владата уверуваат дека се подготвени и дека ќе одговорат соодветно со цел да се намали притисокот врз граѓаните, домаќинствата и стопанството.

Државниот врв и вчера со осуда за воената агресија на Русија врз Украина и апел да се прекинат воените дејствија.

– Сведоци сме на немили настани кои сметавме дека се далеку зад нас, и кои верувавме дека никогаш нема да се повторат на нашето европско тло. Воената агресија на Русија против Украина која веќе однесе многу човечки животи е чин кој силно го осудуваме. Тоа е кршење на меѓународното право и е закана за евроатланската безбедност. Уште еднаш сакам да посочам дека заедно со сојузниците бараме итен прекин на воените дејствија. 21-иот век треба да е век на дијалог, не на војни, порача премиерот Димитар Ковачевски во вчерашното обраќање до јавноста.

На македонските граѓани им порача да бидат спокојни бидејќи нема опасност по безбедноста на нашата држава.
-Иако нашата желба е да се избегнат ситуации како оваа, сепак, во вакви услови на голема безбедносна дестабилизација, сфаќаме колку е значајно, да сме дел од најмоќниот воено-политички сојуз. Затоа, ве уверувам, нашата земја е безбедна, рече Ковачевски.
И вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ за „Македонското радио“ потврди дека земјава како членка на НАТО и кандидат за членство во ЕУ е во координација со сојузниците и дека застанува на страната на Украина.
– Ние отсекогаш сме било за дипломатско решение, разговори и против војна. Затоа застануваме со Украина сметајќи дека оваа воена агресија на Русија ќе донесе несреќа, жртви и нестабилност во Европа, изјави вчера Маричиќ.
Земјава позитивно ќе одговори и на барањето од Украина за конкретна помош пред се во единици крв, медицински помагала и лекови кои се координираат преку Механизмот на цивилна заштита на НАТО и на ЕУ.
– Бев во комуникација со министерот за здравство и со директорот на трансфузија. Единици на крв имаме обезбедено. Сега разговараме како тие да ги префрлиме во Украина, но сето тоа ќе го направиме во координиран начин во кој сета помош ќе се аранжира во рамки на комуникацијата на цивилните механизми, изјави вчера шефот на македонската дипломатија Бујар Османи.
Руско-украинската криза ја продлабочува глобалната енергетска и економска криза
Премиерот Ковачевски во своето обраќање до јавноста вчера предупреди дека не чека неизвесна година, но вети дека Владата ќе интервенира со цел да се заштити домашната економија и финансиската состојба на граѓаните.
– Би сакал да ве уверам дека Владата одблиску ги следи промените во светските економски текови и како и досега ќе делува максимално одговорно и во најдобар интерес на заштита на домашната економија и финансиската состојба на граѓаните. Досега, преку правилно поставената стратегија во оваа исклучително кризна година, ние како Влада инсистиравме и овозможивме сите ресурси и енергија да се насочат кон справувањето со кризата и економска поддршка за граѓаните и стопанството. Ги покачивме платите, ќе се покачат пензиите и финансиски ги поддржуваме компаниите. Така ќе продолжиме и понатаму, истакна Ковачевски.
Она што се очекува како ефект од руско-украинската криза врз македонската економија е глобалното влијание од покачувањето на цените на основните прехранбени производи и енергенсите.
-Очекуваното глобално влијание врз покачување на цените на основните прехранбени производи и енергенсите што би значело продлабочување на постоечката енергетска криза, е нешто за кое ние како Влада сме апсолутно подготвени и ќе одговориме соодветно. Сите мои секојдневни разговори со членовите на Владата се фокусирани на следењето на состојбите со струјата, гасот, енергетиката и економијата, како во земјата, така и во регионот. Посветено работиме на мерки за да го намалиме притисокот врз граѓаните, домаќинствата и стопанството, порача Ковачевски, упатувајќи апел до сите институции во државата да ги трошат средствата од буџетите максимално одговорно и ефикасно со цел да ги амортизираат негативните последици од кризата.

Според министерот за финансии Фатмир Бесими, тешко е во овој момент да се зборува за исходот на оваа криза врз глобалната економија.
Исходот, вели Бесими, ќе зависи од тоа како ќе се одвива инвазијата и колку ќе трае, какви западни санкции ќе се воведат и дали Русија би реагирала со реципроцитет.
– Како што видовме и со пандемијата, помалите прекини во еден регион можат да генерираат поголеми прекини глобално. Недостигот или порастот на цените на некои од стоките кои ги извезуваат овие земји, може да имаат ефект на снежни топки, особено бидејќи економијата е сѐ уште кревка од ударот на пандемијата. Имено, синџирите на добавување се сѐуште затегнати, понудата прави ценовни притисоци, а Федералните резерви на САД и Европската централна банка претходно најавија затегање на монетарната политика поради високата инфлација. Дополнително, политичката несигурност и нестабилност ѝ тежат на економската активност, вели Бесими во неговата најнова колумна.
Осврнувајќи се на главните економски последици врз европската економија кои би можеле да настанат од руско-украинската војна, Бесими во колумната посочува дека предизвиците од европската економија ќе се рефлектираат и врз македонската економија.
– Покрај директните ефекти врз македонската економија, преку трговската размена, развојот на настаните во Украина може да има и негативен ефект врз европската и глобалната економија, преку дополнителни нарушувања на синџирите за снабдување, односно негативен ефект врз странската побарувачка. Како мала и отворена економија која е високоповрзана со европската, ние би ги почувствувале тие нарушувања. Исто така, може да дојде до поголема претпазливост кај странските и домашните инвеститори, што би се одразило на нивото на инвестиции, вели Бесими, додавајќи дека будно се следи состојбата и се креираат соодветни сценарија за можните исходи.
Уверува дека стоковите резерви се на соодветно ниво, а буџетот ликвиден и дека има средства да се реагира доколку има потреба.
– Имаме и инструменти да ги ставиме на располагање за прилагодување во услови на поголеми пореметувања на пазарите, порачува Бесими, оценувајќи дека во вакви кризи од големо значење е темелната анализа и земањето предвид на сите параметри, дури и на оние кои во моментот се чинат дека се мали и неважни.
– Не треба да шириме ниту песимизам, ниту оптимизам, туку да бидеме реални и да преземаме активности согласно ситуацијата. Со таква стратегија дејствуваме и за време на пандемијата, кога донесовме 6 пакети на антикризни мерки за поддршка на граѓаните и стопанството и за што во сите извештаи на меѓународните институции добивавме признание дека сме дале силен и навремен одговор, наведува министерот Бесими во колумната.

Очекувањата на Асоцијацијата на хотелиери (ХОТАМ) се дека руско-украинската криза негативно ќе се одрази врз туризмот во земјава.

– Цените не можеме да ги задржиме, се намалува моќта на секој турист од било која држава да направи одмор од 15 до 20 дена. Вака би направил пет дена, ако воопшто би дошле. Имаше јавувања, односно интерес од украински и руски тур оператори со оглед дека имаме и лет од Русија. За почеток беа на добро ниво, но со збиднувањата сега се затворни, не се знае што ќе биде понатаму. Се надеваме на добар компромис и разум кај сите големи сили да можат ова да го решат што побрзо и да одиме понатаму, изјави претседателот на ХОТАМ, Крсте Блажевски.

Според Блажевски, хотелските капацитети на охридско-струшката ривиера се подготвени доколку има потреба да прифатат бегалци од Украина.

Евакуирани македонските дипломати од Украина

Преку безбедносен коридор евакуирани се македонските дипломати од Украина, а почнат е и процес за евакуација на 30 наши монитори во рамки на Специјалната мониторинг мисија, потврди вчера шефот на македонската дипломатија Бујар Османи.

– Одлука за евакуација на нашите дипломати имаме донесено на денот на руската агресија во Украина, но поради отежнатите околности, тие не беа во состојба да ја напуштат Амбасадата. Целиот овој период беа во скривница. Потоа преземавме неколку координации со наши партнери и успеавме пред половина час да ги извлечеме нашите дипломати преку безбедносен коридор и тие се веќе тргнати кон Молдавија, изјави Османи.

Семејствата на дипломатите, како што информира, се вратени во земјава уште пред две недели, а дипломатите се извлечени последни со цел да им излезат во пресрет на македонските граѓани во Украина и да се издаваат патни листови.

– Дипломатите од скривница даваа патни листови на граѓани на различни форми, но сепак вчера донесовме одлука да се евакуаираат на безбеден начин. Станува збор за двајца дипломати и уште двајца граѓани кои беа заедно си дипломатите во Амбасада, наши државјани. Едно семејство случајно е придружено со дел од мониторинг мисијата на ОБСЕ која се упатува кон Молдавија, со други граѓани сме во комуникација за да најдеме начин како да ги извлечеме, вклучувајќи ги и семејствата на нашите државјани кои се украински државјани. Има наши државјани кои се мажени или женети со граѓани од Украина.  Помина одлука на Влада со која и на нивните семејства ќе им обезбедиме засолниште во земјава, но треба прво да се обебезди безбедносен коридор за евакуација, рече Османи.

Во соработка со партнерски земји обезбеден е и транспорт за евакуација на наши државјани во Одеса, а дополнително се прават напори да се обезбедат начини за евакуација на македонски граѓани и од Харков и Киев.

– Поради тоа, апелираме нашите државјани кои се наоѓаат во Одеса, итно да го контактираат Министерството, со цел достава на податоци и координација на процесот за евакуација на дежурниот телефонски број +389 75 273 732. Воедно, Министерството остварува комуникација со нашите државјани со чии податоци располага, со цел достава на насоки за постапување, се вели во соопштението од МНР.

Се прават напори да им се помогне и на наши транспортери на камиони кои поради воените дејствија во Украина се заглавени на украинско-полската и украинско-романската граница.

– Амбасадите во Букурешт и Варшава, цел ден активно комуницираат со полските и романските власти, а се обидуваат и преку украинските конзулати во Романија и Полска да им помогнат на овие наши превозници за да ја напуштат украинската територија без да претрпат економски последици, соопшти вчера МНР.

Од МНР апелираат до сите транспортни превозници да се воздржат од проток и патувања кон Украина затоа што, како што наведуваат, состојбите се крајно непредвидливи и нашите институции не можат да ја гарантираат нивната безбедност.

извор: МИА

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Осумнаесетгодишниот син на Блерим Беџети од ДУИ примил 12.000 евра од Комунална хигиена – Скопје за „интелектуални услуги и совети“ за заштита на животната средина

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Украинските дронови погодија над 40 руски стратешки бомбардери во шокантен напад далеку зад линиите на фронтот

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • (ВИДЕО) Експлозија во Ставропол го уби рускиот функционер кој ги предводеше нападите врз украинскиот Мариупол

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Брисел насетува оти Мицкоски е подготвен да го жртвува и Извештајот во ЕП

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Поранешниот командант на ОВК, Бреза, уапсен по 22 години бегство

    91 shares
    Share 36 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ