• Latest

Две години од Преспанскиот договор

June 17, 2020

Јавање на бранот: Анатомија на „дозволениот пребег“ и удбашката култура на владеење

October 19, 2026

Трето продолжување на кризната состојба со нафтата: Северна Македонија останува зависна од увозот

October 19, 2026
Италија, 16 октомври 2026

Од Париз и Тирана до Лисабон и Милано – протести, незадоволство и насилство на улиците

October 19, 2026
Кијив, 18-19 октомври 2026 (ДСНС)

Теророт на рускиот агресор продолжува: Ракети врз Кијив, дронови кон Лвив, а Путин би кроел „мир“ со Трамп и Си – за Украина без Украина

October 19, 2026

Изборна анализа на ЦИВИЛ: Брвеница го чека вториот круг – во трката останаа кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ

October 19, 2026
Општина Брвеница

Радически со предност пред Јахиј: Брвеница оди во втор круг за избор на градоначалник

October 19, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Во утринско обраќање во живо, Рама тврди дека е спречен напад со експлозивен дрон, најавува нови полициски интервенции и одбива оставка

October 18, 2026
Општина Брвеница

Брвеница избира градоначалник: Шест кандидати во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Цвет од мигдал

October 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Две години од Преспанскиот договор

June 17, 2020 10:25
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Денеска се одбележуваат две години од потпишувањето на Преспанскиот договор меѓу Република Северна Македонија и Грција, со потпишувањето на овој договор се стави крај на 27 годишниот спор за името меѓу двете земји.

Преспански договор беше потпишан од шефовите на дипломатијата на Македонија, Никола Димитров и на Грција, Никос Коѕијас на 17 јуни 2018 година во селото Нивици, на брегот на Преспанското Езеро.

Истиот бише потпишан и од посредникот на ООН за спорот за името Македонија, Метју Нимиц.

Договорот ја заменува Привремената спогодба потпишана во Њујорк на 13 септември 1995 година. Тој би требало да претставува решение на спорот за името Македонија и да воспостави стратешко партнерство помеѓу двете држави. Со решавањето на спорот со Грција се одблокираа интегративните процеси на земјава во НАТО и Европската унија. Македонија согласно договореното се преименува во Република Северна Македонија, државјанството стана македонско/државјанин на Република Северна Македонија, а јазикот македонски.

Согласно Договорот Грција прва го ратификува Протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО, а земјава на 30 март, како што и беше ветено стана 30. членка на Алијансата. На свечена церемонија со кревање на знамето на Северна Македонија, на 30 март во седиштето на НАТО во Брисел се официјализираше пристапување во Северноатлантската алијанса.

Се отвори и патот за членство во Европската унија. По 15 години кандидатски статус и со над десет последователни препораки на ЕК за отворање преговори, Европскиот совет на 26 март оваа година донесе одлука за почеток на преговори со Северна Македонија. Сега земјава е во очекување на преговарачката рамка, која според најавите на европски дипломати треба да биде презентирана во наредните неколку дена од страна на ЕУ, а првата меѓувладина конференција се очекуваа оваа есен.

По Преспа никој не може да спори дека во Северна Македонија живеат Македонци, кои говорат македонски јазик, е порака што неодамна ја упати преговарачот во речиси тридеценискиот спор за името, Метју Нимиц, кој по некоја случајност денеска слави роденден, на 17 јуни, денот кога пред две години во Нивици на Преспанското Езеро беше потпишан Преспанскиот договор, со кој се стави крај на несогласувањата меѓу Атина и Скопје.

-Со Договорот од Преспа се стави клуч на македонскиот идентитет на граѓаните, а лидерите можеа самоуверено да го уверат својот народ дека е признат како македонски, дека тие ја постигнаа својата главна цел во преговорите, имено, признавањето на нивниот национален идентитет, истакна поранешниот специјален претставник на генералниот секретар на Обединетите нации во деталната анализа, објавена во април за Nationalities Papers, академското списание кое го објавува Кембриџ Јуниверзити за Асоцијацијата за студии на националностите.

Заев и Ципрас ја имаа првата директна средба на Светскиот економски форум во Давос, каде беа направени првите отстапки. Македонија ги преименува аеродромот и автопатот, а Грција ја одблокира втората фаза на земјата во процесот на Стабилизација и асоцијација со ЕУ и и овозможи на Македонија да стане членка на Јадранско-јонската иницијатива.

Клучна во преговорите беше средбата Заев-Ципрас на маргините на Самитот ЕУ-Западен Балкан, кој се одржа во Софија за време на бугарското претседателство со Унијата. Самата средба на двајцата премиери како да беше централен настан на Самитот. Заев и Ципрас во телефонски разговор на 12 јуни 2018 година го потврдија договореното, а потоа ја информираа јавноста во своите земји.

„Денес одминуваат точно две години откако го потпишавме Договорот од Преспа. Денес слободно можеме да кажеме – вредеше!“, објави лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

„Вредеше затоа што станавме полноправна членка на најсилниот воено-политички сојуз во светот – НАТО. Седиме на иста маса, рамо до рамо со најуспешните, најразвиените и најсилните. Македонската иднина е обезбедена, а границите засекогаш сигурни. Вредеше затоа што Преспанскиот договор нѐ донесе чекор поблизу до Европската Унија и конечно ги отворивме вратите на нашата ЕУ интеграција. По 15 години чекање почнуваме преговори за членство. НАТО и ЕУ се наша силна поддршка за развој, но и за соочување со предизвиците и опасностите како што е коронавирусот. Изминатиот период добивме голема помош и поддршка од нив“, напиша Заев.

„Денеска се навршуваат две години од потпишување на Договорот од Преспа. Со нашиот сосед Грција постигнавме решение за речиси тридецениското отворено прашање и се поставија основите за нашата подобра и посакувана иднина уште од независноста на земјата“, напиша Оливер Спасовски на Фејсбук.

А. П. 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ