• Latest

ДЗР: Недоволниoт буџет за програми за здравствена заштита и застојoт во капиталните инвестиции влијаат на квалитетот и достапноста на здравствените услуги

July 8, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (7): Затвореници пуштени на викенд не можеле да го остварат правото на гласање поради отсуство во Избирачкиот список

November 12, 2025

Српските студенти ја прекинаа блокадата на Јавниот радиодифузен сервис откако ја освоија концесијата

November 12, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (6): Над 20 починати лица фигурираат на Избирачкиот список на едно избирачко место

November 12, 2025
Israeli settlers set fire on a Palestinian warehouse
Source: Screenshot Al-Jazeera

Израелски доселеници запалија палестински магацин и земјиште додека нападите на Западниот Брег се зголемуваат

November 12, 2025
Креирано со помош на ВИ

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (5): Општа караница на ИМ помеѓу партиските набљудувачи и ИО, за тоа кој пријавил наводен инцидент

November 12, 2025
Фптп: Скриншот од видео на ВВС

Трамп напиша писмо во кое бара од израелскиот претседател да го помилува Нетанјаху во судењето за корупција

November 12, 2025
Фото: веб страна на украинскиот претседател

Зеленски бара разрешување на министрите за правда и енергетика на Украина

November 12, 2025
Илустрација ВИ

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (4): Недостапни избирачки места – правото на глас заглавено на втор кат

November 12, 2025
Фотографија: UNOPS South East Europe - Platform X

Конференција Western Balkans 2030: Потребни се десетици милијарди евра за да се прилагоди регионот на климатските промени

November 12, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (3): ИО не дозволил да гласа граѓанин кој го имало при проверка со фингрпринт, но го немало во Избирачкиот список, иако во првиот круг му дозволиле

November 12, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО

ДЗР: Недоволниoт буџет за програми за здравствена заштита и застојoт во капиталните инвестиции влијаат на квалитетот и достапноста на здравствените услуги

July 8, 2025 10:38
in ВЕСТИ, ЗДРАВСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Неповолно мислење за реалноста и објективноста на финансиските извештаи, како и за усогласеноста со законската регулатива, упатства и воспоставени политики, утврдил Државниот завод за ревизија при извршената ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизијата на усогласеност на Министерството за здравство за 2023 година.

Со ревизијата, како што се наведува во соопштението од ДЗР, утврдени се слабости во финансиското управување, сметководствената евиденција, реализацијата на програмите и спроведувањето на капиталните инвестиции, што влијае врз квалитетот и достапноста на здравствените услуги за граѓаните.

– Во 2023 година, за спроведување на 23 здравствени програми биле обезбедени 5,3 милијарди денари, што не било доволно за навремено и целосно подмирување на обврските кон јавните здравствени установи и дополнително ја влошило нивната ликвидност, се посочува во извештајот.

Ревизорите констатирале повеќе недоследности во евиденциите, спроведувањето и известувањето во рамки на програмата за лекување ретки болести во 2023 година, во рамки на програмата за обезбедување инсулин, како и во програмата за рано откривање на малигни заболувања.

Ревизијата утврдила дека недостасуваат јасно дефинирани мерливи индикатори, опфатот на населението е низок, а дел од пациентките чекале долго или не добиле резултати од скринингот за рак на грло на матка и рак на дојка, што значително го намалува влијанието на превентивните мерки.

Во делот на капиталните инвестиции, ревизијата упатува на сериозни предизвици во спроведувањето на проектите.

– За изградба на Општа болница Кичево утврдени се состојби кои предизвикале значителни финансиски импликации врз вкупната вредност на проектот, долгогодишно одложување на обезбедување на поквалитетни здравствени услуги за граѓаните, како и ризик од дополнителни трошоци во зависност од исходот на судската постапка што е во тек, се посочува во извештајот.

Ревизијата покажала дека и покрај тоа што активностите за изградба на нов клинички центар во Скопје и Штип, преку проект финансиран со заем од CEB (Банка за развој при Советот на Европа), започнале во 2015 година, истите сè уште не се завршени.

-Откажувањето на компонентата за изградба на Клиничкиот центар во Скопје, пролонгирањето на роковите и раскинувањето на договорот за Клиничкиот центар во Штип резултирале со покренување на арбитражни постапки за отштетни побарувања во вкупен износ од 45 милиони евра. Истовремено, од вкупниот заем од 97 милиони евра, неповратно се повлечени 83,4 милиони евра од страна на кредиторот, односно средствата повеќе не се достапни за државата поради нивно неисполнување на условите и нереализација на проектот во предвидениот рок, се наведува во извештајот.

Во рамките на нагласување на прашања, ревизијата укажува дека иако повеќе од 90 отсто од градежни работи на ЈЗУ „Св. Еразмо“ – Охрид и Градска општа болница Струмица, кои започнале уште во 2015 и 2016 година, се завршени, се уште не се обезбедени услови за пуштање на објектите во употреба.

Ревизијата покажува дека причините за доцнењето се бројни: пролонгирање на рокови, склучување на голем број анекси поради пропусти во проектната документација, пораст на цените на градежните материјали, како и покренати судски постапки.

-Овие состојби предизвикале значително зголемување на трошоците и одложување од речиси 10 години во обезбедувањето на подобри здравствени услуги за граѓаните, се наведува во соопштението.

Ревизорите утврдиле недоволен опфат со вакцинација на населението, кој се движи од 56,3 отсто до 87,7 отсто, со особено намалување по пандемијата во 2020 година, а главните причини се зголемената недоверба на граѓаните во безбедноста на вакцините и одложувањата во спроведување на вакцинацијата со одредени вакцини.

Во делот клучни ревизорски прашања, ревизијата посебно го анализирала статусот, кадровската екипираност, финансирањето и начинот на функционирање на Единицата за имплементација на проектот за изградба на нов клинички центар.

-Ревизијата исто така известува за расположливите неискористени средства на проектната сметка во износ од 517.251 илјади денари, односно  8,4 милиони евра од кои 6,01 милиони евра се по основ на активирани банкарски гаранции за квалитетно извршување на договор, наплатени од изведувачот при раскинување на договорот за  изградба на Клинички центар Штип, а додека пак 2,4 милиони евра се повлечени а неискористени средства од кредитот. Дополнително, се укажува на неизвесноста околу идните трошоци кои ќе треба да се покријат од овие средства, се наведува во сооопштението.

За надминување на констатираните состојби ревизорите дале препораки со цел преземање на мерки и активности од надлежните лица и органи во функција на подобрување на состојбите. 

Линк до конечен ревизорски извештај:

https://dzr.mk/mk/250708-revizija-na-regularnost-2024-ministerstvo-za-zdravstvo

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ