• Latest

ДЗР: Пописот се одвива без проблеми, апликацијата за дијаспората е безбедна, ВМРО-ДПМНЕ не се откажува од поништување на пописот

March 3, 2021
Скриншот од видео на
BeWisePL - info z polityki polskiej i zagranicznej

„Полска би можела да биде закана за нас“, вели ко-лидерот на германската крајна десница, отфрлајќи ја секоја непосредна опасност од Русија

November 13, 2025
Фото: wikimedia commons

Европа и Блискиот Исток во трка за имотите на „Лукоил“ пред санкциитена САД – а кај нас?

November 13, 2025
Фото: Фејсбук на руската амбасада во Македоија/Иван Стоиљковиќ

Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

November 13, 2025
Фото: Претседател на Украина

Најголемиот корупциски скандал во претседателството на Зеленски доаѓа од внатрешните кругови

November 13, 2025

Додиковиот фашизам и мобилизацијата на масите

November 13, 2025
Скриншот од видео на ДИК

Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

November 13, 2025

ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР денеска во Куманово: Од локални гласови до заедничка иднина

November 13, 2025
Скриншот од видео на ВВС

Трамп го потпиша законот за буџет со кој стави крај на најдолгата блокада во историјата на САД

November 13, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (7): Затвореници пуштени на викенд не можеле да го остварат правото на гласање поради отсуство во Избирачкиот список

November 12, 2025

Српските студенти ја прекинаа блокадата на Јавниот радиодифузен сервис откако ја освоија концесијата

November 12, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРОЦЕСИ ПОПИС

ДЗР: Пописот се одвива без проблеми, апликацијата за дијаспората е безбедна, ВМРО-ДПМНЕ не се откажува од поништување на пописот

March 3, 2021 09:05
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, ПОПИС
Share on FacebookShare on Twitter

Државниот завод за статистика вчера еден ден по официјалниот почеток на пописот излезе со соопштение во кое напомена дека апликацијата за попишување, наменета за дијаспората е безбедна и дека до неа може да се пристапи само од ИП адреса во странство. ДЗС нагласи и дека секое нарушување на процесот на прибирање на податоци е казниво со Законот за попис, а реакцијата следуваше откако во јавноста излегоа информации дека апликацијата за попишување на дијаспората е небезбедна.

За безбедноста на апликацијата вчера говореше и премиерот Зоран Заев, а лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ со став дека оваа Влада е неспособна да спроведе попис и оти неговата партија ќе поднесе закон за поништување на пописот.

Првата фаза од Пописот на населението, домаќинствата и становите почнa завчера со попишување на вработените во дипломатско-конзуларните претставништва и нивните семејства, на дијаспората, припадниците на Армијата во странство, затворениците и бездомниците. Но ден по нејзиниот почеток, програмерка во Фејсбук групата „Сојузен комитет на програмери на Република Македонија“ објави дека секое лице кое ќе вклучи ВПН може да се попише од Македонија, иако оваа апликација е наменета за македонските граѓани во странство.

– До апликацијата може да се пристапи само со IP адреса од странство. Пристапот од Република Северна Македонија е оневозможен, токму поради тоа што Апликацијата е наменета само за државјаните на РСМ кои живеат надвор од РСМ, но секое нарушување на процесот на прибирање податоци е казниво со Законот за Попис, односно согласно член 49 од Законот за Попис на населението, „тој што ќе уништи, прикрие, оштети, преправи или на друг начин ќе стори да бидат неупотребливи внесените податоци на пописната апликација, ќе се казни со казна затвор од најмалку три години, наведоа потоа од ДЗС.

Од таму потенцираат дека внесувањето на податоци преку ВПН или прикриена ИП адреса, односно самото користење на таква алатка за внес на податоци во Пописот се смета за спротивно на Законот за Попис и Методологијата за подготовка, организирање и спроведување на Пописот 2021, и може да подлежи на санкции, од причина што претставува лажно претставување и лажно давање податоци.

Од ДЗС посочуваат дека со самиот внес на податоците на таков начин, не значи дека тие автоматски влегуваат во резултатите од Пописот, напротив, сите податоци внесени преку апликацијата подлежат на проверка и споредување со претпописната база на податоци, со податоците што ќе се приберат со попишувањето на терен на целата територија на Република Северна Македонија, а сè со цел утврдување на вистинитоста на податоците.

При регистрацијата на корисникот и при секој внес на податоците од страна на корисникот, во апликацијата автоматски се запишува од која ИП адреса се внесени податоците. Со пријавувањето на Апликацијата корисникот се регистрира и остава свој ЕМБГ, е-маил адреса, која се верификува со праќање на е-маил за верификација и телефонски број на корисникот.

Директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски вчера посочи дека користењето на ВПН апликација при попишувањето се регистрира и тие податоци не одат во базата каде се складираат податоците од попишаните лица од странство, туку се идентификува и се чува како доказ за упаѓање во системот.

Во одбрана на системот вчера излезе и премиерот Зоран Заев, кој нагласи дека процесот на попишување на дијаспората не може да биде нарушен со попишување на лица од територијата на земјава, бидејќи системот и компарацијата на податоците со дата базите тоа ќе го откријат и поништат.

– Не ги знам сите технички детали, но, тоа што знам е дека по прибирањето на податоците се прави компарација по осум бази на податоци. Државата потоа со еден клик може да види кои граѓани се нерезидентни, односно се повеќе од една година надвор од државата. Сите други граѓани кои се во странство помалку од една година, па дури и 11 месеци, се резиденти. Иако во моментов може да се попише некој што е и два месеци надвор, според Евростат и по меѓународните стандарди тој е резидент, односно не спаѓа во групата дијаспора или нерезидентно население, истакна вчера Заев.

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, пак, вчера со критика до Владата дека не е способна да организира попис.

Тој истакна дека до почетокот на пописот на 1 април има можност да поднесат закон за поништување на пописот.

-Овој закон кој ќе го поднесеме покрај потписите на пратениците поднесувачи ќе го има кредибилитетот и на над 100 илјади граѓани кои се потпишаа со име и презиме за запирање на пописот, додаде Мицкоски.

Првата фаза ќе трае до 21 април, кога и официјално треба да заврши пописот, што ќе започне на 1 април. Засега проценката на надлежните институции е дека почетокот на попиот се одвива во најдобар ред по правилата и протоколите пропишани од надлежните институции.

Последниот податок, како што истакна Симовски, е дека вчера во 10 часот има 11 149 вклучувања во базата, но тоа не значи пополнета апликација, бидејќи во овој момент никој нема овластување да влегува во базата за тоа да го провери.

Министерот за правда Бојан Маричиќ завчера упати порака до граѓаните дека ова е многу важна операција и ги повика активно да придонесат за развојот на сопствената држава.

-Собирањето на овие информации е корисна за сите за да можеме да ги креираме политиките и во образовна смисла и во финансиска и економска, здравствена и сите други апскети. Мислам дека сите дискусии завршија минатата недела откако и Евростат верификуваше со јавна изјава дека и законот за попис и методологијата според која се спроведува пописот се направени согласно највисоките стандарди, истакна Маричиќ, кој упати апел до политичките фактори да сопре со политизација на пописот.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    107 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ