• Latest

ДЗР: Резерва во вистинитоста и објективноста на финансиските извештаи на ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ, СДСМ и Алтернатива за 2021 година

June 28, 2023

Евидентирани 1916 во Регистарот на ДКСК за службени возила на државни органи за локалните избори

August 20, 2025
Фото: Скриншот од видео на YouTube

Администрацијата на Трамп ќе проверува за „антиамериканизам“ во апликациите за имиграција, критичарите потегот го споредуваат со макартизам

August 20, 2025
Мигрантите депортирани од САД пристигнуваат во Хондурас. Фото: Скриншот од видео на
FRANCE 24 English

САД постигнаа договори за депортација на мигранти со Хондурас и Уганда

August 20, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Израел бара ослободување на сите заложници во Газа, фрлајќи сомнеж врз предлогот за прекин на огнот

August 20, 2025
Фото; Скриншот од видео на YouTube каналот на British Army

Околу 10 европски сојузници се подготвени да испратат војници во Украина, се забрзуваат разговорите за безбедносните гаранции

August 20, 2025

Избирачкиот список се отвора во сабота за увид и запишување и бришење податоци

August 20, 2025
Фото: Телеграм канал АСТРА

Геј порно снимено во православна црква во Русија

August 19, 2025

24 ЧАСА: ДИК без консензус за бројот на советници на локалните избори; Секое украниско дете киднапирано од Русија мора да биде вратено-децидна фон дер Лајен; Жестоки протести во Србија

August 19, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Медијаторите чекаат одговор од Израел на новиот предлог за прекин на огнот во Газа

August 19, 2025
Фото: миа.мк

Ивановска по распитот во Обвинителство: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

August 19, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

ДЗР: Резерва во вистинитоста и објективноста на финансиските извештаи на ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ, СДСМ и Алтернатива за 2021 година

June 28, 2023 15:43
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Државниот завод за ревизија (ДЗР) денеска објави конечни извештаи за ревизијата на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност на сметките за редовно работење за 2021 година на политичките партии СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и Алтернатива.

„Со извршената ревизија за 2021 година изразивме мислење со резерва за вистинито и објективно прикажување на финансиските извештаи и за усогласеноста на финансиските трансакции со релевантната законска регулатива, упатства и воспоставените политики“, стои во резимето за ревизијата на ДЗР за финансиските извештаи на СДСМ.

Како што појаснува ДЗР, извршена е ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност на СДСМ на сметката за редовно работење за 2020 година и изразено е мислење со резерва за вистинитоста и објективноста на финансиските извештаи, како и за усогласеност на активностите, финансиските трансакции и информации со релевантната законска регулатива, упатствата и воспоставените политики.

Со ревизијата  било опфатено и спроведувањето на препораките дадени во Конечниот извештај на овластениот државен ревизор за 2020 година, при што е утврдено дека дадените две препораки не се спроведени.

Со ревизијата на финансиските извештаи за 2021 година, ДЗР констатира дека, како што наведува, за дел од градежните објекти, наследени од правниот субјект претходник на партијата не e решен сопственичкиот статус, поради што не се воведени во евиденцијата кај надлежната агенција и во сметководствената евиденција на партијата, за која состојба овластениот државен ревизор известил и во Конечните извештаи за претходни години. ДЗР утврдил и дека средствата за членарина од секоја општинска организација се уплатуваат директно на трансакциската сметка на партијата, во вкупен износ за сите поединечни уплати, а не одделно за секоја уплата.  За утврдените состојби дадени се препораки до одговорните лица во партијата со цел преземање мерки за надминување на состојбите.

„Во делот на Нагласување на прашања за неизвесност и континуитет обелоденети се состојби кои се однесуваат на структурата на изворите на финансирање од аспект на учеството на приватните и јавните извори на финансирање, стои во извештајот.

Во резимето за извршената ревизија за ВМРО-ДПМНЕ за 2021 година, ДЗР, исто така наведува дека „изразува мислење со резерва за вистинитоста и објективноста на финансиските извештаи и за усогласеноста на финансиските трансакции со релевантната законска регулатива, упатства и воспоставените политики“.

„Извршена е ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност на ВМРО – ДПМНЕ на сметката за редовно работење за 2020 година и изразено е мислење со резерва за вистинитоста и објективноста на финансиските извештаи, како и за усогласеност на активностите, финансиските трансакции и информации со релевантната законска регулатива, упатствата и воспоставените политики. Со ревизијата беше опфатено и спроведувањето на препораките дадени во Конечниот извештај на овластениот државен ревизор за 2020 година, при што е утврдено дека дадена е една препорака и не е спроведена, од причина што нејзиното спроведување зависи од конечната одлука по завршување на постапката поведена пред надлежните органи во однос на дел од имотот на партијата“, стои во извештајот.

Во него се наведува и дека со ревизијата на финансиските извештаи за 2021 година, ревизорите констатирале состојба која се однесува на забрана за привремено располагање со дел од имотот на политичката партија преку поведена постапка, која влијае на проценетата вредност на дел од недвижниот имот искажан во Билансот на состојба, за што овластениот  државен ревизор известил и во Конечниот извештај за извршена ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност за 2020 година.

„За утврдените состојби дадена е препорака до одговорните лица во партијата со цел преземање мерки за надминување на состојбите. Во делот на Нагласување на прашања за неизвесност и континуитет обелоденети се состојби кои се однесуваат на неизмирени обврски спрема добавувачите кои потекнуваат од минати години и за структурата на изворите на финансирање од аспект на учеството на приватните и јавните извори на финансирање“, резимира ДЗР.

И во резимето за ревизијата на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност на Демократска унија за интеграција Скопје на сметката за редовно работење за 2021 година ДЗР посочува дека  „изразува мислење со резерва за вистинитоста и објективноста на финансиските извештаи и за усогласеноста на финансиските трансакции со релевантната законска регулатива, упатства и воспоставените политики“.

Како што стои во извештајот, извршена е ревизија и издаден е извештај за финансиските извештаи на ДУИ на сметката за редовно работење за 2020 година и изразено е мислење со резерва за вистинитоста и објективноста на финансиските извештаи и за усогласеноста на финансиските трансакции со релевантната законска регулатива, упатства и воспоставените политики. Со ревизијата е опфатено и спроведувањето на препораките дадени во Конечниот извештај на овластениот државен ревизор за 2020 година, при што е утврдено дека од дадени три препораки е спроведена една, една е делумно спроведена, а една не е спроведена.

„Со извршената ревизија ги констатиравме следниве состојби:  уплатени се средства за членарина над законски утврдениот лимит, а пописните листи не содржат вредносни показатели за дел од материјалните и нематеријалните средства и истите не се обележани со инвентарни броеви. За утврдените неправилности дадени се препораки до одговорните лица во партијата со цел преземање мерки за надминување на состојбите. Во делот на нагласување на прашања за неизвесност и континуитет обелоденивме состојби кои се однесуваат на структурата на изворите на финансирање од аспект на учеството на приватните и јавните извори на финансирање и за прифатени и спроведени корекции во текот на ревизијата“, стои во извешетајот.

Со увид во деловните книги на политичката партија Алтернатива, пак,  ревизорите утврдиле дека при евидентирањето на финансиските трансакции се применува принципот на пресметковна основа, што не е во согласност со член 23 алинеја 3 од Законот за финансирање на политичките партии каде е уредено дека политичките партии своето сметководство го водат согласно Законот за  сметководството на непрофитни организации и имаат обврска да го применуваат начелото на модифицирано настанување на деловните промени односно трансакции.  Препораката на ДЗР е  одговорното лице да преземе мерки и активности евидентирањето на финансиските трансакции да се врши согласно сметководственото начело на модифицирано настанување на деловните промени и трансакции.

Со исклучок за ефектот од ова прашање, во извештајот за сметката за редовно работење на Алтерантива, според ревизорите, финансиските извештаи партијата ги прикажува вистинито и објективно, во сите материјални аспекти, финансиската состојба на сметката за редовно работење  како и резултатите на финансиските активности за годината која завршува со тој датум, во согласност со важечката законска регулатива.

ДЗР во делот од извштаите за останати прашања за четирите партии  ги истакнува системските слабости во законската регулатива и потребата од нивно надминување.

Тие се однесуават на тоа дека е потребно да се преиспита член 83 став 2 од Изборниот законик во делот на финансирањето на изборната кампања со средства од редовната сметка на политичката партија. Исто така, укажува ДЗР, со измените и дополнувањата на Изборниот законик во 2018 година, изменет е член 71, со што додадена е можност на трансакциската сметка за изборна кампања да се депонираат средства од сметката на политичката партија за редовно работење и од посебните сметки за средствата обезбедени од кредит, поради што потребно е да се дополни член 26 од Законот за финансирање на политичките партии со кој ќе се уреди преносот на средствата од сметката за редовно работење на партијата и од посебните сметки за средствата обезбедени преку кредит на трансакциска сметка отворена за изборен процес.

Според ДЗР, во услови на дадена законска можност за финансирање на изборната сметка со донации на политичката партија потребно е допрецизирање на член 83 од Изборниот законик, во делот на финансирање на изборниот процес од донации од политичка партија, во однос на поединечните и вкупните лимити на средства. ДЗР наведува дека е потребно допрецизирање и на член 15 од Законот за финансирање на политичките партии, во однос на утврдување на услови и ограничувања кога политичката партија добива донации на недвижниот имот како вид на материјално средство.

„Потребно е да се преземат активности за изменување и дополнување на подзаконските акти со кои се уредува начинот на водење на сметководството на непрофитните организации, со кои ќе се обезбеди доследно почитување на сметководственото начело на „модифицирано настанување на деловните промени, односно трансакции”. Да се донесат поконкретни насоки за регулирање на начинот на плаќање, уплата и евидентирање на членарината како извор на финансирање на политичките партии со цел еднообразност во начинот на нивното сметководствено евидентирање и потврдување на законски утврдениот лимит за секој член одделно. Доуредување на законската регулатива во делот на утврдување на роковите за одделни активности поврзани со начинот на планирање, распределба и исплата на средствата од редовно годишно финансирање на политичките партии и да се утврди пречистен текст на Законот за политичките партии и Законот за финансирање на политичките партии. Надлежните органи потребно е да преземат активности за надминување на утврдените системски слабости“, стои во извештаите на Државниот завод за ревизија, пренесува МИА.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Скриншот од видео на
TRT World

    САД ги избришаа правата на македонското малцинство во извештајот за Бугарија

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Бабановски: Никој не знае каде заврши оружјето што му гo донесе Аркан на Мијалков

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Македонија претворена во прокси држава на Кремљ

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Карл Билд: СССР беше мизерно промашување како општество и како економија

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ