• Latest

Еднакви шанси за уставни измени и за предвремени избори

October 2, 2018

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ: Руските хибридни операции во Северна Македонија

October 29, 2025
Војници на САД во базата на НАТО во Тапа-Естонија. Фото: Д. Мишев/Цивил

Романско МНР: САД планираат да намалат дел од трупите на источното крило на НАТО

October 29, 2025
Фото: МИА

ЕУ без консензус за Белорусија поради Унгарија

October 29, 2025
Руски извидувачки авион Ил-20 забележан од полските воздухопловни сили над Балтичкото Море на 28 октомври 2025 година. Фото: Оперативна команда на полските вооружени сили/X

Полски борбени авиони пресретнаа руски извидувачки авион над Балтичкото Море

October 29, 2025
фото: ВИ

Буџетот за 2026 под лупа: Фискална рамнотежа или нова зависност од кредити?

October 29, 2025

Директорот на Комунална хигиена поднесе оставка поради морални причини

October 29, 2025
Donald Trump, Xi Jinping
Source- Firstpost video screenshot

Разговорите на Трамп и Си би можеле да стават крај на месеците на глобален економски хаос

October 29, 2025

Во Црна Гора уапсени осум лица поради насилство и поттикнување национална и верска омраза

October 29, 2025
Совет за безбедност на ОН

Во ОН ќе се дискутира за ситуацијата во Босна и Херцеговина, Додик очекува поддршка од Русија

October 29, 2025
фото: Џ.Д. / ЦИВИЛ

Директорот и управителот на „Комунална хигиена“ добија 30 дена притвор

October 29, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Еднакви шанси за уставни измени и за предвремени избори

October 2, 2018 10:54
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

На референдумот во неделата гласаа 666.743 граѓани. На референдумското прашање „Дали сте за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција?“, „за“ гласаа 91,46 процент, или 609.813 граѓани, а „против“ се изјаснија 5,65 отсто, или 37.700. 

Претседателот на ДИК, Оливер Дерковски, вчера рече дека согласно утврдените резултати, одлуката не е усвоена зашто не гласале повеќе од половината граѓани запишани во Избирачкиот список.

Премиерот Зоран Заев веднаш по завршувањето на гласањето рече дека мнозинството граѓани кои гласаа „за“ на референдумот порачаа дека Македонија треба да го прифати Договорот со Грција и да стане членка на НАТО и ЕУ.

Апелираше до опозицијата и до сите политички партии да се обединат околку државниот и националниот интерес и да ги тргнат настрана теснопартиските интереси. Ова е време, рече, кога пратениците со својата одлука треба да ја направат Македонија подобра земја. Во спротивно единствена друга демократска алатка што преостанува се предвремени парламентарни избори веднаш, нагласи премиерот Заев.

Во контекст на новата политичка ситуација во земјава, МИА консултираше неколку аналитичари да дадат своја оценка што е поверојатно, имајќи ги предвид референдумските резултати, во Собранието да се усвојат уставните измени или предвремени парламентарни избори.

Александар Кржаловски

Александар Кржаловски извршниот директор на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), во изјава за МИА вели дека резултатите од референдумот, како и на повеќето последни избори, за жал се длабоко поларизирачки.

Според него, бидејќи законскиот услов за цензус не е постигнат, тоа претставува силен аргумент на страната на ВМРО-ДПМНЕ.

– Од друга страна, бројката од над 600.000 гласови „За“ дава силен легитимитет на владејачката коалиција, иако не може да се тврди дали се повеќе тие што се „за“ договорот или тие што се „против“ (вклучувајќи ги и тие што бојкотирале) – реално е прилично изедначено околу бројката од 600.000 и за едната и за другата опција.

Кржаловски вели дека тоа отвора можност за барем три сценарија.

– Прво, на лидерска средба Заев-Мицкоски да се договори поддршка на ВМРО-ДПМНЕ за уставните промени, со тоа што би имало сериозни концесии во однос на барањата на ВМРО-ДПМНЕ, што според мене не е многу веројатно да се случи. Втората опција би била, да се направи обид да се придобијат или убедат десетина пратеници од ВМРО-ДПМНЕ да гласаат за уставните промени. Ова не е толку невозможно и доколку кампот „За“ се реши за таква постапка, (ќе) има време да се влијае на поединечните пратеници и евентуално да се стигне до потребниот број од 81 пратеник на денот на гласањето. Сепак, мое очекување е дека тоа нема да се случи. Ако е таква процената оваа недела и во владејачката коалиција, тогаш се чини е неминовно третото сценарио – предвремени парламентарни избори веднаш, односно би се распишале уште до крајот на оваа недела или најдоцна идната и би се спровеле до крајот на ноември, оцени Кржаловски за МИА.

Тој не сака да шпекулира за можниот исход на таквите избори, но посочува, како што вели, со жалење, колку е штетна и непродуктивна неспособноста за постигнување внатрешен договор или компромис, особено меѓу двете најголеми партии СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.

– Заради тоа се стигна до полош договор со Грција отколку што можеше, потоа не се усогласи ниту пристапот кон референдумот и самото референдумско прашање, па сето тоа резултираше во уште подлабока поларизација и понатамошно блокирање на процесите, која веројатно нема да ја решат ни нови избори (освен ако сегашната владина коалиција не постигне притоа дво-третинско мнозинство, или ВМРО-ДПМНЕ не освои најмалку 61 пратеник… што според мене, не е многу веројатно во двата случаи), Кржаловски.

нано ружин

Нано Ружин, ректор на ФОН, дипломат, поранешен амбасадор на Македонија во НАТО, во изјава за МИА коментирајќи го резултатот од референдумот и во врска со тоа дали е пореално да се усвојат уставни измени во Парламентот или предвремени избори, вели дека најпосакувано во моментов и од страна на меѓународната заедница и од страна на јавното мислење во Република Македонија да нема предвремени избори и епилогот да биде пронајден во двотретинското мнозинство во Парламентот.

– Меѓутоа, знаејќи го менталитетот на нашите политичари, според она на античката трагедија „ако треба да ќе спротивставам на посилните дури и по цена да загинам“, мислам дека е можно сепак да се ефектуираат предвремени парламентарни избори, иако единствено надеж ни дава нерешителноста на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кој не беше така одлучен кога кажа дека ќе биде за предвремени парламентарни избори, бидејќи постои страв ВМРО-ДПМНЕ да доживее еден дебакл, оцени Ружин за МИА.

Според него шансите за предвремени избори или за уставни измени се 50-50, но сепак е оптимист дека ќе се најде солуција во Собранието.

– Сметам дека со еден заеднички договор меѓу политичките партии, со асистенцијата на меѓународната заедница, мислам дека може да се случи да се најде решение, рече Нано Ружин за МИА.

Македонија ЕУ НАТО

И претставниците на меѓународната заедница вчера повикаа политичарите да се обединат за евроатлантската иднина на Македонија.

Претседателот на Европскиот Совет, Доналд Туск и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг вчера издадоа заедничко соопштение по повод референдумот во Македонија.

Тие повторуваат дека Договорот со Атина создаде историска шанса за Македонија да и се приклучи на трансатлантската заедница како еднаков член.

Американскиот амбасадор Џемс Бејли, повторувајќи го ставот на Стејт департментот, рече дека САД силно го поддржуваат Преспанскиот договор и оти сега по консултативниот референдум останува на Парламентот да ги преземе следните чекори во неговата имплементација.

Известувачот во Европскиот парламент за Македонија словенечкиот пратеник Иво Вајгл ги повика македонските политичари да се обединат околу проектот за европска и евроатлантска Македонија.

Поранешниот посредник на ЕУ во преговорите за Договорот од Пржино Питер Ванхауте им честиташе на мнозинството граѓани што го поддржаа Договорот од Преспа на референдумот. Ги повика политичарите да не трошат време и пари на предвремени избори, туку да се ангажираат во решавање на многуте проблеми земјава.

Неда Димова Прокиќ

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    132 shares
    Share 53 Tweet 33
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    129 shares
    Share 52 Tweet 32
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    127 shares
    Share 51 Tweet 32
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ