Околу 50.000 Руси побегнале во Грузија во првите четири месеци од војната, објави во јуни грузискиот Завод за статистика. Русија ја нападна Украина на 24 февруари 2022 година. Речиси уште 40.000 избегаа во Ерменија во истиот период, втора популарна дестинација за која на Русите не им се потребни визи.
Руските власти во саботата првпат признаа дека значителен број луѓе ја напуштаат земјата.
Локалното Министерство за внатрешни работи во руската област што граничи со Грузија соопшти дека на патот се формирала колона од околу 2.300 автомобили кои чекаат да стигнат до границата.
Дописничката на Гласот на Америка од Грузија, Ани Чкиквадзе на Твитер објави фотографии од Тбилиси. Таа вели дека се е полно со Руси, а сообраќајот е парализиран, што го илустрирала со фотографија од една метро станица. Новинарката, истотака, објави и фотографии од графити кои се појавија низ градот, на кои пишува „Fuxk Russian“, „Putin Khuylo“…
Here is Tbilisi metro this morning. pic.twitter.com/daxtkllGD8
— Ani Chkhikvadze (@achkhikvadze) September 27, 2022
Воен контролен пункт ќе биде отворен на руско-грузиската граница кај контролниот пункт Горњи Ларс, соопштија руските власти, откако илјадници луѓе се забележани како бегаат таму.
Мобилизациско место на воената канцеларија за регистрација и регрутирање ќе биде поставено на контролниот пункт во блиска иднина, соопшти прес-службата на Главната управа на Министерството за внатрешни работи на Северна Осетија.
Речиси 66.000 руски државјани влегле во ЕУ минатата недела, според агенцијата Фронтекс.
Казахстан претходно објави дека 98.000 Руси влегле во земјата по најавата за делумна мобилизација. Бројот на Руси кои одат во ЕУ се зголеми за 30 отсто во рок од една недела, а повеќето од нив пристигнаа во Финска и Естонија.
Фронтекс проценува дека илегалните гранични премини веројатно ќе се зголемат доколку Руската Федерација одлучи да ја затвори границата за потенцијалните војници, најави Европската агенција за заштита на границите.