„Она што денеска ќе зборуваме е болка, а од друга страна е инструмент за кој луѓето треба да бидат информирани. Балансерот во овој момент не е видлив. Тој е невидлив. Кога е невидлив не можеме да зборуваме за европските стандарди“, истакна Ашмет Елезовски директор на Национален Ромски центар, на панел дискусијата на ЦИВИЛ на тема „Еднаквост, недискриминација и мултикултурализам во Северна Македонија: Состојби, предизвици и перспективи“.
„Во оваа бранша, на полето на дискриминацијата, имаме разни форми на дискриминација, таа постои и ќе постои. Ако правиме анализа, бројките кои Куртиш ги кажа се тука некаде, еден погоре еден подоле.
Пандемијата нè научи на солидарност и животот денеска е поинаков. Не можеме да планираме на подолги стази. Многу празни верувања слушавме секој ден.
Во врска со Ромите, ние сме во комплетна изолација. Во последната година, Националниот Ромски центар како застапник и еден од оплеменувачите на сите граѓани даваме бесплатна правна помош и среќни сме што Сојузна Република Германија го поддржува ова. Ние ја немаме човечноста. Човечноста е изгубена. Треба да се инфицираме сите со човечноста“, нагласи Елезовски.
Тој додаде и дека лицата фантоми кои добиле единсвен матичен број се заведени во посебен регистер, тие се уште не може со тој документ да одат во банка, не може да гласаат на избори. Прашањето е, дали навистина е решен проблемот со лицата без лична идентификација?