• Latest
Фото: Скриншот од видео на CNBC-TV18

Ескалација на нападите на Трамп врз шефот на американската централна банка, го повика веднаш да поднесе оставка

July 3, 2025

Србија повторно не се придржи кон мерките на ЕУ против Иран поради воената поддршка за руската агресија против Украина

August 8, 2025
Бегалецот од Флорида, заменик-шериф кој стана руски пропагандист, Џон Марк Дуган држи шолја со ликот на рускиот лидер Владимир Путин .Фото извор: Отворен код преку X

Која е „Сторм-1516“- групата за дезинформации поврзана со Кремљ која стои зад руските лажни наративи што ја преплавуваат Европа?

August 8, 2025
Фото: Скриншот од видео на CBS Miami

САД ја удвојуваат наградата на 50 милиони долари за апсење на венецуелскиот лидер Николас Мадуро

August 8, 2025
Demolished Gaza
Photo source: Al Jazeera video screenshot

ОН „силно се спротивставува на каква било ескалација“ на војната во Газа

August 8, 2025

Додик побара од Судот на Босна и Херцеговина да ја смени затворската казна во парична

August 8, 2025
Фото: МИА

Европската комисија ги повика властите во БиХ и РС да ја почитуваат одлуката на судот за Додик

August 8, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Израелскиот кабинет за безбедност одобри план за преземање контрола врз Газа, жестоки конфронтации меѓу началникот на Генералштабот и членовите на кабинетот

August 8, 2025
Во текот на изминатиот ден, 7 август, градот Харкив и 7 населени места во Харкивскиот регион беа подложени на непријателски напади.Фото: Харкивска регионална воена администрација

Најмалку 3 убиени цивили и 19 повредени во руските напади врз Украина во текот на изминатиот ден

August 8, 2025
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, 10 мај 2025 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

Политико: Зеленски вели дека Европа мора да биде дел од мировните преговори меѓу Русија и Украина

August 8, 2025

Нова авиолинија Скопје – Келн

August 8, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Ескалација на нападите на Трамп врз шефот на американската централна банка, го повика веднаш да поднесе оставка

July 3, 2025 12:32
in ВЕСТИ, СВЕТ
Фото: Скриншот од видео на CNBC-TV18

Фото: Скриншот од видео на CNBC-TV18

Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на САД, Доналд Трамп, го повика претседателот на Федералните резерви веднаш да поднесе оставка, што е ескалација на неговите напади врз Џером Пауел, пренесува Би-би-си.

„Премногу доцна“, да си поднесе оставка веднаш!!!“, напиша Трамп во објава на неговата платформа Truth Social.

Тој, исто така, вклучи линк до вест за американскиот федерален регулатор за домување, кој бара Пауел да биде испитан поради неговото сведочење за реновирањето на седиштето на централната банка во Вашингтон.

Трамп го номинираше Пауел за претседател на Федералните резерви за време на неговиот прв мандат. Оттогаш, тој постојано го критикуваше за тоа што не ги намали каматните стапки, но не е јасно дали претседателот има овластување да го отстрани од функцијата.

И покрај континуираните критики на претседателот кон Пауел, тој претходно оваа година изјави дека „нема намера да го отпушти“.

Трамп сака Федералните резерви да ги намалат каматните стапки за да помогнат во зголемувањето на економскиот раст.

Пауел во вторникот изјави дека Федералните резерви досега ќе ги намалеја стапките да не беше влијанието на царинските политики на Трамп.

Кога за време на состанокот на централните банкари во Португалија беше прашан дали американските каматни стапки повторно ќе беа намалени оваа година доколку администрацијата не го објави својот план за нагло зголемување на царините за земјите од целиот свет, Пауел одговори: „Мислам дека е така“.

Федералните резерви на САД одбија да коментираат за забелешките на Трамп кога беа контактирани од Би-Би-Си.

Пауел беше повторно номиниран на позицијата од тогашниот претседател Џо Бајден, а неговиот сегашен мандат треба да заврши во мај 2026 година.

Пред враќањето на Трамп на власт на почетокот на оваа година, Пауел рече дека нема да се повлече доколку претседателот го замоли тоа и дека „не е дозволено според законот“ Белата куќа да го принуди да се повлече.

Членовите на одборите на независни федерални агенции како Федералните резерви можат да бидат принудени да се повлечат само пред да им истечат мандатите „со причина“, според значајната одлука на Врховниот суд на САД од 1935 година.

Сепак, Трамп честопати ги оспоруваше политичките норми, вклучително и отпуштањето на некои независни регулатори, дејствија кои беа оспорени на суд.

Минатата недела, Пауел му рече на Сенатот дека извештаите за зголемените трошоци и скапите функции во седиштето на Федералните резерви се „погрешни и неточни во многу, многу аспекти“.

Д. Мишев

Print Friendly, PDF & Email
Tags: Доналд Трампнапади врз врз шефот на американската централна банка
Share34Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • „Гасни комори“ за Албанците: Ова е „гордата Македонија“ на Мицкоски

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • (ВИДЕО) Скандалозно националистичко скандирање и говор на омраза на натпреварот во Куманово во присуство на Мицкоски, Toшковски, Димитриески

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Oбид за убиство и насилство во Струга, со „БМВ Х6“ му го пресекол патот и со нож го прободeл во вратот, стомакот и надлактицата

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Збрка и будалаштина

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • „Илирида, Чамерија“ и „Наше ќе биде и Солунско поле“

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
[adrotate banner=”5″]
[adrotate banner=”7″]

[mailpoet_form id="1"]

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ