• Latest

ЕУ ги повикува европските лидери да не одат во Москва на парадата на 9 мај; Не е познат целосниот список на поканети; Вучиќ и Фицо најавија присуство; Орбан нема да оди

April 17, 2025
Кијив, 21-22 октомври 2026 (ДСНС)

Ракети врз Кијив, оштетени амбулантни возила: Рускиот „хуманизам“ во нов бран терор врз Украина

October 22, 2026

МПЦ-ОА испраќа официјална делегација во Москва, патувањето е координирано со државните институции

October 22, 2026

Седум тони марихуана што ја минаа границата со Србија останаа практично без ефективни обвиненија

October 22, 2026
Прес конференција на СДСМ пред Уставен суд, 16 декември 2025

Уставниот суд ја отфрли иницијативата за Резолуцијата за миграцијата – СДСМ ја поврза одлуката со најавите за странски работници

October 22, 2026

ЗАТРУПАНО СУДСТВО: Судовите завршиле 540 илјади предмети, но над 134 илјади останале нерешени

October 22, 2026

АИ откри сериозни безбедносни пропусти, веб-страници ширум светот привремено исклучени

October 22, 2026
Протести во Грција, 21 октомври 2026(Фото: Скриншот од видео на АП)

Протести во Грција: Илјадници студенти и наставници на улица за подобри училишта, поевтино студентско домување и повисоки плати

October 22, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Истата работа боли на дваесет јазици

October 22, 2026
MK: Полициски палки врз новинари, Данска, октомври 2026 година (Фото: скриншот од видео на TRT)

Полициско насилство врз новинари во Копенхаген – бурни реакции

October 22, 2026

Нови проблеми за семејните буџети: МЕПСО бара 98% поскапа тарифа за струја, парното пред нова корекција

October 21, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

ЕУ ги повикува европските лидери да не одат во Москва на парадата на 9 мај; Не е познат целосниот список на поканети; Вучиќ и Фицо најавија присуство; Орбан нема да оди

April 17, 2025 14:55
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

На помалку од еден месец до Денот на победата над фашизмот, списокот на поканети кои потенцијално би можеле да отпатуваат во Москва на парадата, веќе предизвика бура во врвот на Европската унија, пишува Еуроњуз.

Според претходните најави, годинава поканите отидоа на неколку адреси, а фактот што некои европски лидери го потврдија нивното доаѓање доведе до предупредување дека „Европа нема да го прифати лесно“.

По состанокот на Советот за надворешни работи на Европската унија оваа недела во Луксембург, шефицата за надворешни работи и безбедност на ЕУ Каја Калас ги предупреди европските лидери да не учествуваат на воените прослави во Москва на 9 мај, туку наместо тоа да покажат солидарност со Украина.

Според руските медиуми, оваа година од Кремљ се испратени покани до лидерите на Кина, Индија и Бразил, земјата членка на ЕУ – Словачка, како и Србија, која е кандидат за членство во ЕУ.

„Она што исто така беше многу јасно разговарано и споменато од различни земји-членки е дека секое учество на паради или прослави на 9 мај во Москва нема да биде сфатено лесно од европската страна, имајќи предвид дека Русија навистина води голема војна во Европа“, рече Калас на новинарите во Луксембург.

Калас, исто така, рече дека ЕУ не сака да види ниту една потенцијална членка на блокот на прославите во Москва.

Наместо тоа, како што објави Политико, Украина ги покани највисоките функционери и лидери на ЕУ во Киев на 9 мај за да се спротивстават на воените прослави на Русија.

Прославите на 9 мај ја одбележуваат 80-годишнината на од поразот на нацистичка Германија во Русија, во која таа одигра клучна улога, а Путин бесрамно тврдеше дека неговата војна против Украина е обид да ја исчисти земјата од нацистите.

Иако сè уште не е познат точниот список на гости, словачкиот премиер Роберт Фицо го потврди своето патување во Москва уште во ноември, наведувајќи дека ја прифатил поканата на Путин. Фицо, чија влада се обидува да ги подобри односите со Русија, претходно зборуваше за неговата желба да присуствува на настани во Москва, пишува Ројтерс.

Канцеларијата на унгарскиот премиер Виктор Орбан соопшти дека тој нема да присуствува на парадата во Москва.

Што се однесува до претседателот на Србија Александар Вучиќ, телефонски разговараше со Путин на почетокот на март. Освен билатералните прашања, политичката соработка, санкциите против НИС, Вучиќ рече дека за него е „особена чест да ја потврди посетата на Руската Федерација на 9 мај“.

„Ќе бидам на чело на српската делегација на почетокот на мај на прославата на 80-годишнината од победата над фашизмот и гордо ќе ја претставувам Србија на Црвениот плоштад“, изјави тогаш Вучиќ.

Доколку отпатува во Москва, ова ќе биде прва посета на Вучиќ на Русија од почетокот на војната во Украина во февруари 2022 година. Инаку, последната средба меѓу Вучиќ и Путин беше на 17 октомври 2023 година во Пекинг на меѓународниот форум на кинеската иницијатива „Појас и пат“.

Според аналитичарите, она што може да има пресудно влијание врз одлуката на европските лидери за заминување во Москва е победата на Доналд Трамп во САД и пресвртот на американската политика кон Украина.

Д. Т. 

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ