• Latest

ЕУ одамна предупреди дека Инфомакс е проруска веб страница што се служи со теории на заговор и ултранационализам

August 25, 2019

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Москва и Пекинг: Турбулентна историја на сојузништва, ривалства и конфликти

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии и битка за секој глас – регистрирани 116 инциденти со насилство и закани

October 24, 2026
СЛОБОДА | 23 октомври 2026 (фото извор: ФБ профил на претседателот на Украина, Володимир Зеленски)

По години заробеништво, враќање дома: Украина пречека 270 ослободени, рускиот терор продолжува

October 23, 2026
Паметен град на иднината: Вештачката интелигенција во служба на граѓан(к)ите и урбаниот развој. (Илустрација: ChatGPT / OpenAI, за CIVIL MEDIA TECH & AI FORUM)

Градови што размислуваат: Како вештачката интелигенција може да ни донесе почист воздух, помалку метеж и подобар живот

October 23, 2026

Бугарија в недела избира претседател-ка: Во трка се 27 кандидатски двојки

October 23, 2026

Изборен молк во Србија: Тензична предизборна атмосфера

October 23, 2026

Топ 10 најмоќни економии во светот во 2026 година (ИНФОГРАФИК)

October 23, 2026

Руските напади сè повеќе се прелеваат надвор од Украина: Молдавија како нов фронт на хибриден притисок

October 23, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

ЕУ одамна предупреди дека Инфомакс е проруска веб страница што се служи со теории на заговор и ултранационализам

Во Извештајот на Генералниот директорат за надворешни политики на Европската комисија „Стратешки комуникации на ЕУ во борбата против пропагандата“, објавен во 2016 година, пишува: „Постојат голем број медиумски групи финансирани од Москва (иако не отворено) кои го промовираат светогледот на Кремљ, честопати во комбинација со теории на заговор и српски ултранационализам. Ова вклучува периодични списанија и портали преку Интернет, како што се „Геополитика“, „Восток“, „Њуз фронт“, „Руски експрес“ и „Газета“. Не помалку важно, има локални медиуми што експлицитно го поддржуваат Кремљ („Правда“, „Печат“, „Ослобоѓење“, „Србин.инфо“, радиото „Снага народа“ и македонскиот портал „Инфомакс“), а про-Кремљ гледиштата се појавуваат и во дел од етаблираните печатени и електронски медиуми.“

August 25, 2019 15:49
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Инфомакс“ се вбројува меѓу локалните медиумски групи на Западниот Балкан што се означени како проруски, финансирани од Москва и кои се служат со комбинации на теории на заговор и ултранационализам, според Извештајот на Генералниот директорат за надворешни политики на Европската комисија „Стратешки комуникации на ЕУ во борбата против пропагандата“, објавен во 2016 година.

ЕУ сериозно и систематски им приоѓаат на прашањата поврзани со дезинформациите и пропагандата и јасно го идентификуваат извориштето на оваа хибридна закана за стабилноста и безбедноста во Европа и во светот. Инфомакс е проруски продукт. Теориите на заговор и ултранационализмот, лажните вести и говорот на омразата се главнина на секојдневната продукција на овој и низа други медиумски групи во нашата земја. Тие се ноторни непријатели на фактите и професионалното новинарство, а нивните содржини не се разликуваат многу од оние што се под контрола на Вучиќ во Србија или на авторитарните и криминалните центри на моќ во некои други земји во Европа.

Во Извештајот на ова извонредно релевантно тело на Европската Унија, на страница 12, пишува: „Постојат голем број медиумски групи финансирани од Москва (иако не отворено) кои го промовираат светогледот на Кремљ, честопати во комбинација со теории на заговор и српски ултранационализам. Ова вклучува периодични списанија и портали преку Интернет, како што се „Геополитика“, „Восток“, „Њуз фронт“, „Руски експрес“ и „Газета“. Не помалку важно, има локални медиуми што експлицитно го поддржуваат Кремљ („Правда“, „Печат“, „Ослобоѓење“, „Србин.инфо“, радиото „Снага народа“ и македонскиот портал „Инфомакс“), а про-Кремљ гледиштата се појавуваат и во дел од етаблираните печатени и електронски медиуми. На пример, неодамнешната колумна за „Политика“, најстариот српски дневен весник, од аналитичарот Мирослав Лазански, ги осуди откритијата на „Панама пејперс“ како напад од страна на САД врз Путин.“

Нема потреба да се истражува премногу по јавните интернет архиви за да дојдеме до вакви извештаи и констатации. Активностите на овие групи што се кријат за слободата на изразувањето и медиумските слободи се повеќе од очигледни низ секојдневни примери. Сепак, значајно е што една висока ЕУ институција во својот извештај го детектира ова прашање и го издвојува овој портал како таков. Како во Европа, така и во Северна Македонија, постојат релевантни институции и безбедносни структури чија задача е да се борат против овие закани. Во ЕУ веќе се спроведуваат одлучни мерки против хибридните закани по стабилноста и безбедноста што ги спонзорира режимот на Путин. Прашањето дали и Северна Македонија ќе се приклучи кон борбата против овие закани со конкретни мерки, останува отворено.

Џабир Дерала

 

Share775TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ