Според последните информации добиени од Градоначалникот на ЕЛС Долнени заради поплавувањето на подрумските простории на куќи се врши евакуација на загрозените жители на с. Лажани со помош на трактори. Во моментот ангажирани се 2 багери, од ТППЕ Прилеп испратена е екипа со 3 пожарникари со 1 теренско возило, информираа од Центарот за управување со кризи.
Според последните информации од ЦУК водата во поплавените населени места се повлекува. Поголем дел од општина Долнени се без електрична енергија, но не поради дефект туку превентивно е исклучена струјата да заштитат луѓето и мрежата. Екипи од ЕВН се на терен и ја следат ситуацијата. Екипата од ТППЕ Прилеп работела на испумпување на вода од подрум во маркет во с. Лажани. До овој момент нема ниту повредени ниту настрадани.
М.Д.