Европскиот ден за заштита на личните податоци, 28 јануари, има цел да се подигне свеста и да се промовираат најдобрите практики за приватност и заштита на податоците со фокус на подигнување на свеста кај деловните субјекти, како и корисниците за важноста на заштитата на приватноста на нивните лични информации преку интернет, особено во контекст на социјалното вмрежување.
На овој ден се промовира настани и активности кои го стимулираат развојот на технолошки алатки кои промовираат индивидуална контрола врз лични идентификувани информации; поттикнуваат усогласеност со законите и прописите за приватност; и создавање дијалози меѓу заинтересираните страни заинтересирани за унапредување на заштитата на податоците и приватноста.
Во нашата земја, традиционално, Европскиот ден за заштита на личните податоци го одбележува Агенцијата за заштита на лични податоци, која оваа година го одбележува со презентација за информирање на граѓаните за нивните права во оваа област, со што би се овозможило остварување на овие права на поефикасен начин.
Фондацијата за интернет и општество – Метаморфозис по повод овој ден се вклучи во меѓународното движење „Reclaim Your Face“ започнато од страна на членови на EDRi – Европска иницијатива за дигитални права, а со цел ограничување на користењето на системи за масовен надзор над граѓаните преку користење на нивните биометриски лични податоци.
На овој ден беше отворена за потпишување Конвенцијата 108 за заштита на лицата при автоматската обработка на лични податоци на Советот на Европа и веќе 40 години е темелник за заштитата на личните податоци во Европа и пошироко.