• Latest

Европски сојуз за промени формираше пратеничка група, координатор Сафије Садики Шаини

November 13, 2023

Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

October 30, 2025
Фото: Град Скопје

Арсовска го назначи Александар Јовановски за нов в.д. директор на Комунална хигиена – Скопје

October 30, 2025

ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР ВО ТЕТОВО: Од локални гласови до заедничка иднина

October 30, 2025
Тепање на руски војник со повикувачки знак „Фикса“ од 80-тиот тенковски полк на 90-та тенковска дивизија на Централната група. Фотографија: Скриншот од видео разговор со роднини/Верстка

Руските армиски началници мачат и егзекутираат војници кои одбиваат да се борат во Украина, открива истрагата на независниот медиум Верстка

October 30, 2025

Словенечкиот проблем: Кога стравот станува политика

October 30, 2025

Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

October 30, 2025
Скриншот од видео на CNN-News18

„Ова беше колеж, а не операција“- фавелата се тресе од најсмртоносниот полициски напад во Рио

October 30, 2025
Фотографија: Скриншот

Аналитичари за укинувањето на санкциите за Додик -„возвратена услуга“ за повлекувањето од функцијата претседател на РС, аналитичарите за укинувањето на санкциите за Додик

October 30, 2025

Нов фронт меѓу Албанците: Таравари и Села се борат за печат, а електоратот бега и апстинира!

October 30, 2025
Скриншот од видео на Firstpost

„Убиваа цивили во нивните кревети“- хаос и бруталност владеат во Судан по падот на Ел Фашер

October 30, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Европски сојуз за промени формираше пратеничка група, координатор Сафије Садики Шаини

November 13, 2023 16:23
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Пратеници од партиите Демократско движење, Движењето Беса и Алтернатива кои се дел од коалицијата Европскиот сојуз за промени од денеска ќе делуваат во една пратеничка група, чиј координатор ќе биде пратеничката Сафије Садики Шаини.

Во групата има шест пратеници и како што рече лидерот на Алтернатива Африм Гаши отворени се за сите кои сакаат да им се приклучат. Заменик координатор на пратеничката група ќе биде пратеничката Мерита Коџаџику.

-По формализирањето на коалицијата нашиот сојуз денеска одлучи да ги сплоти пратениците во една пратеничка група. Во духот на одлуката на нашите партиски органи денеска поднесовме до претседателот на Собранието известување дека отсега ќе имаме заедничка пратеничка група, рече на прес-конференција во Собранието лидерот на Алтернатива Африм Гаши.

На овој начин, истакна Гаши, Европскиот сојуз за промена цели да ги искористи сите можности што ги дава Собранието за делување на пратеничките групи.

– Иако пратеничкиот мандат е при крај сметаме дека има многу отворени прашања и процеси повзрани со европската иднина на земјата за што Сојузот е сериозно заинтерсиран да помогне, наведе Гаши.

Тој апелираше претседателот на Собранието Џафери, како што рече, да не го пролонгира изборот на член на Државната изборна комисија кој и следува на опозицијата бидејќи тоа го прави соучесник  во непочитувањето на законот.

Изет Меџити додаде дека доколку албанската опозиција нема претставник во ДИК, во тој случај следните избори би биле нефер и недемократски.

-Во однос на член на ДИК огласот веќе треба да е затворен, ние имаме предложено наш кандидат, и нема да остапиме од ова. Постојано сме во комуникација со амбасадите, со ОБСЕ со сите што се компетентни по ова прашање и ќе преземеме се што е потребно да го издејствуваме ова, бидејќи тоа ќе значи барем фер и демократски избори. Една држава која се стреми кон преговори со ЕУ да елиминира опозиција на ваков начин преку дискриминација, јасно покажува со какви размислувања водат политики, појасни Меџити.

Тој оцени дека власта повеќе не се фокусира на уставни измени и европски интеграции, туку како да опстанат повеќе на политичката сцена.

-Оваа Влада постојано зборува за уставни промени, европски интеграции, европски вредности како параван, а ништо не работи во таа насока и цело време се соочуваме со коруптивни зделки на различни нивоа, и во последно време веќе не ни зборуваат за уставни промени, во последно време се заинтересирани на кој начин да го изведат тоа албанската опозиција да нема свој член во ДИК и тоа е индикација дека подготвуваат нефер и недемократски избори, сакаат нефер услови за двете страни, иако македонската опозиција има три члена, за албанската опозиција се прави проблем за еден член, истакна Меџити.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    146 shares
    Share 58 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    138 shares
    Share 55 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ