• Latest

Европскиот парламент со поддршка на новата програма Креативна Европа 2021 – 2027

June 15, 2021

Втор извештај на ЦИВИЛ: Починати лица во Избирачкиот список, повреда на тајноста на гласањето, пријави за притисоци и непристапни избирачки места

November 2, 2025

ДИК: До 15 часот излезеноста 30,26 проценти, за Скопје 29,94 отсто

November 2, 2025
Скриншот од видео на
Diario AS

Неочекувана главоболка за Орбан – Трамп во офанзива против руската енергија

November 2, 2025

ДИК им ги одзеде акредитациите на осуммина домашни набљудувачи поради агитирање пред гласачко место

November 2, 2025
Скриншот од sec.mk

ДИК: Излезеноста до 13 часот е 19,96 проценти, во Скопје 15,28 отсто

November 2, 2025

Прв извештај на ЦИВИЛ: Изборниот молк масовно се крши, изборниот ден почна мирно

November 2, 2025
Скриншот од ТикТок

Aзискиот моден гигант Шеин обвинет за продажба на „с*кс кукли со детски изглед“ во Франција

November 2, 2025
Фото: sec.mk

ДИК: Излезеноста до 11 часот е 9,21 проценти, најголем е одзивот во Пробиштип со 22 отсто, најмала во Сарај – 1,86 отсто

November 2, 2025
Скриншот од видео објавено од министерот за одбрана Пит Хегсет на Х, на која се прикажани два брода кратко пред да бидат погодени од ракета, во Источниот Пацифик на 27 октомври 2025 година.

САД нападнаа уште еден наводен брод за трговија со дрога во Карибите, при што загинаа 3 лица

November 2, 2025
Скриншот од видео на
The White House

Трамп му нареди на Пентагон да „се подготви за можна акција“ во Нигерија

November 2, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Европскиот парламент со поддршка на новата програма Креативна Европа 2021 – 2027

June 15, 2021 14:18
in ВЕСТИ, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Со тркалезна маса на тема „Креативна Европа – Перспективите на Западен Балкан“, денеска заврши тридневниот циклус на јавни настани на Министерството за култура и Канцеларијата на Креативна Европа – Култура – „Креативна Европа – Дома“, посветени на поддржаните проекти  во периодот 2014-2020 година, како и нивната рефлексија на национално и на регионално ниво.

Министерката за култура, Ирена Стефоска и амбасадорот на Европската Унија во нашата држава, Дејвид Гир, на  денешната тркалезна маса посветена на предизвиците и рефлексијата на програмата Креативна Европа – Култура на ЕУ,  во своите обраќања се осврнаа на резултатите од претходниот програмски циклус, а го најавија и  почетокот на новата програма Креативна Европа 2021 – 2027 година, која на крајот од минатиот месец беше усвоена од страна на Европскиот парламент.

Стефоска истакнувајќи ги  досегашните резултати на нашата држава, потврди дека Министерството за култура веќе изрази интерес за учество во новата програма, како и подготвеност за потпишување на Грант договор со Европската Комисија.

„Во текот на овој циклус поддржани се 79 проекти на невладини организации, издавачки куќи, национални и локални установи од областа на културата, а поддршката на ЕУ за овие македонските организации изнесува 4, 5 милиони евра. Издвачкиот сектор во нашата држава уште еднаш ја потврди исклучителната посветеност и успех во рамки на оваа програма на европско ниво, а Министрството за култура, секако продолжува со ко-финансирање на поддржаните проекти“, рече министерката Стефоска.

Таа додаде дека како координативно тело за спроведување на програмата на национално ниво, Министерството и во иднина ќе продолжи  преку конкретни мерки  да одговори на предизвиците базирани на досегашните искуства од спроведувањето на програмата на национално и локално ниво, а се со цел олеснување на пристапот во новата програма на што поголем број корисници од културните и креативните сектори.

Амбасадорот на Европската Унија во нашата држава, Дејвид Гир на тркалезната маса истакна дека културниот и креативниот сектор секогаш играле главна улога во животот на Европа и ги ширеле европските вредности. Тој истакна дека  културниот и креативниот сектор претствуваат 4,2 процент од европскиот вкупен БДП и 3,8 проценти од работната сила во ЕУ и се меѓу најдинамичните сектори во Европа. Повикувајќи се на информации од ЕУРОСТАТ, Гир кажа дека во културата и во креативниот сектор се  вработени 8,7 милиони луѓе во ЕУ.

„Програмата Креативна Европа на некој начин консолидирана форма на поддршката на ЕУ за овие индустрии. Во периодот од 2014 до 2020 преку оваа програма се доделени преку 13.000 грантови, а ја искористиле 41 земја. Кофинансирани се близу 16.500 културни проекти за соработка во Европа, рече, меѓудругото, тој.

На крајот министерката за култура потврди дека Министерството за култура и во иднина останува целосно посветено во спроведувањето на евроатланската агенда на Владата на РСМ која не може да се замисли без заедничка соработка со сите учесници во културните и општствените процеси.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    139 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ