Граѓанските организации од коалицијата Control Arms, предводена од Amnesty International и IANSA, чија членка од 2002 година е и ЦИВИЛ, бараат од националните влади на ЕУ да престанат со испорака на оружје во Турција.
Тие го поздравуваат фактот што неколку земји членки на ЕУ ја ограничија трговијата со оружје со Турција, веднаш штом започна инвазијата во североисточниот дел на Сирија, но бараат сите земји членки да се приклучат кон целосно спроведување на ембаргото, како и целосен застој на сите испораки на какво било дополнително оружје.
Оваа одлука, според организациите, мора да биде донесена веднаш на министерскиот состанок за надворешни работи.
„Бараме шефовите на државите до крајот на оваа недела да го поништат и ревидираат договорот и да забранат било какво пренесување на воени стоки во Турција. Турција треба веднаш да ги повлече своите трупи“, бараат организациите.
М. И.