Facebook почнува да го сокрива бројот на лајкови на објавите, најпрвин во Австралија, а потоа насекаде во светот, следејќи го примерот со Инстаграм. Како што објаснуваат од Facebook споствениците на на профилите на социјалната мрежа ќе имаат увид во лајковите на нивните постовои, но не и нивните пријатели.
Ваквото ограничување на видливоста на бројот на лајкови е со цел Facebook повторно да се врати на почетокот како мрежа на која побитна ќе и биде самата комуникација, отколку мерење на популарноста на корисиниците со борјот на лајкови.
Доколку тестот со воведување на приватноста на лајковите помине добро во Австралија, од Facebook новата опција ќе ја прошират и на повеќе земји или дури ќе ја добијат сите Facebook корисници во светот.