• Latest

„Фајненшел тајмс“: Бугарија се приклучи кон проблематичната европска група

November 30, 2020

Додиковиот фашизам и мобилизацијата на масите

November 13, 2025
Скриншот од видео на ДИК

Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

November 13, 2025

ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР денеска во Куманово: Од локални гласови до заедничка иднина

November 13, 2025
Скриншот од видео на ВВС

Трамп го потпиша законот за буџет со кој стави крај на најдолгата блокада во историјата на САД

November 13, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (7): Затвореници пуштени на викенд не можеле да го остварат правото на гласање поради отсуство во Избирачкиот список

November 12, 2025

Српските студенти ја прекинаа блокадата на Јавниот радиодифузен сервис откако ја освоија концесијата

November 12, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (6): Над 20 починати лица фигурираат на Избирачкиот список на едно избирачко место

November 12, 2025
Israeli settlers set fire on a Palestinian warehouse
Source: Screenshot Al-Jazeera

Израелски доселеници запалија палестински магацин и земјиште додека нападите на Западниот Брег се зголемуваат

November 12, 2025
Креирано со помош на ВИ

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (5): Општа караница на ИМ помеѓу партиските набљудувачи и ИО, за тоа кој пријавил наводен инцидент

November 12, 2025
Фптп: Скриншот од видео на ВВС

Трамп напиша писмо во кое бара од израелскиот претседател да го помилува Нетанјаху во судењето за корупција

November 12, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

„Фајненшел тајмс“: Бугарија се приклучи кон проблематичната европска група

November 30, 2020 09:28
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Тензиите дополнително се зголемија во последните неколку недели, бидејќи Бугарија го блокираше отворањето на разговорите за влез на Северна Македонија во ЕУ, зголемувајќи ги стравувањата дека може да им се придружи на Унгарија и Полска во нивните чести битки со Брисел и земјите-членки на Унијата.

(Фајненшел тајмс)

Бугарскиот опозициски политичар Христо Иванов пренесуваше во живо на Фејсбук пред вилата на Црното Море во јули, кога тројца набилдани чувари го турнаа него и уште двајца активисти во вода. Тој продолжи да снима кога агентите на тајните служби се заканија дека ќе го потопат бродот што ги донесе активистите на имотот за кој се знае дека го користи Ахмет Доган, еден од водечките политички моќници во земјата. Илјадници луѓе гледаа во реално време како полицијата ја испрашува групата предводена од Иванов.

Видеото, откако го прегледаа повеќе од 1,2 милиони луѓе, предизвика повеќенеделни протести низ целата земја против „политичките дружби“. Противниците на владата на Бојко Борисов обвинуваат дека тоа е микрокосмос на бугарските проблеми со корупцијата и владеењето на правото, речиси 14 години откако земјата се приклучи на ЕУ.

Политичките потешкотии на Борисов, исто така, отвораат тешки прашања за Брисел и другите земји на ЕУ. Критичарите велат дека не успеале да извршат доволен притисок врз Софија за подобрување на владеењето на правото и управувањето со земјата. Тензиите дополнително се зголемија во последните неколку недели, бидејќи Бугарија го блокираше отворањето на разговорите за влез на Северна Македонија во ЕУ, зголемувајќи ги стравувањата дека може да им се придружи на Унгарија и Полска во нивните чести битки со Брисел и земјите-членки на Унијата.

Бугарија доби милијарди евра од ЕУ откако се приклучи во 2007 година. Симеон Џанков, бугарски економист и виш соработник во Институтот за меѓународна економија во Петерсон, вели дека парите што се слеале во најсиромашната држава на ЕУ се дел од проблемот.

„Фондовите на ЕУ всушност ги зголемија корупцијата и заробувањето на државата“, вели Џанков, кој беше министер за финансии за време на првиот мандат на Борисов, од 2009 до 2013 година. „Особено, оние кои беа користени за купување, директно или преку проекти, на многу. медиуми и со тоа да се обезбеди покритие за политичарите“, вели Џанков.

Кога Бугарија се приклучи на ЕУ заедно со Романија, двете земји беа подложени на посебен мониторинг на владеењто на правото и управувањето на државата. Букурешт првично постигна силен напредок во борбата против корупцијата, но во 2018 година предизвика силни критики од Брисел за нападот врз независноста на судството, монтиран од тогаш владејачките социјалдемократи во земјата. Проблемите во Бугарија привлекоа помалку внимание, а некои дипломати сугерираа дека Брисел не сакаше да ги критикува истовремено и двете членки од класата 2007 година.

„Бугарија и Романија веќе многу години добиваат слободен карта“, вели Џанков. Тој додава дека поради финансиската криза во 2008 година и миграциската криза во 2015 година, никогаш не било време ЕУ навистина да размисли за проблемите.

Портпарол на Комисијата рече дека извештајот минатата година открива дека „Бугарија направи доволно напредок за да ги исполни своите заложби при пристапувањето кон ЕУ“. Сепак, истакна портпаролот, „подеднакво е јасно дека сè уште има недовршени работи“.

Но, по промената на владата во Букурешт во 2019 година – и во услови на зголемена вознемиреност за авторитарното владеење во централна и источна Европа – центарот на вниманието се насочи кон Софија. Во неодамнешниот извештај за владеењето на правото во Бугарија, Европската комисија изрази загриженост во врска со нетранспарентната сопственост на медиумите, притисоците врз новинарите и новиот предлог закон за странско финансирање на невладини организации. Во јуни, Европскиот суд на правдата утврди дека сличен закон во Унгарија е некомпатибилен со основните права на ЕУ.

Комисијата исто така објави дека „останува да се потврдат убедливите тврдења за случаи на корупција на високо ниво“. Понатаму, беше нотирано дека „недостатокот на резултати во борбата против корупцијата е еден од клучните аспекти за покренување на протестите во летото 2020 година“.

Бугарија постојано е земја на ЕУ со најнизок рејтинг во Индексот на перцепција на корупција на Транспаренси Интернешнл и падна во рангирањето на слободата на медиумите од влезот во ЕУ. Четири петини од граѓаните сметаат дека корупцијата е широко распространета.

Обвинителите во шпанскиот регион Каталонија истражуваат случај за перење пари со можни врски со г. Борисов, кој служеше како телохранител на поранешниот комунистички диктатор Тодор Живков пред да влезе во политиката. Бугарскиот премиер ги негираше обвинувањата против него. Неодамна, се појавија фотографии од маса во домот на Борисов, на кои се гледаат пиштол и банкноти од 500 евра во вкупна вредност од околу еден милион евра. Борисов признава дека поседувал пиштол, но вели дека фотографиите биле изманипулирани.

Во меѓувреме, владата на Борисов исто така е под притисок поради неодамнешното спротивставување на започнувањето на разговорите за пристапување на Северна Македонија кон ЕУ.

„Тие сметаа дека г-дин Борисов ќе го води овој процес“, вели Весела Чернева, директор на канцеларијата на Европскиот совет за надворешни односи во Бугарија. „Ова го става во опасност европскиот проект на начин кој е без преседан“, додава Чернева.

Венецијанската комисија на Советот на Европа неодамна исто така го вклучи алармот за уставните измени, поддржани од партијата ГЕРБ на Борисов, со кои ќе се зголеми моќта на генералниот обвинител и ќе се намали на претседателот на државата и на министерот за правда. Главниот обвинител Иван Гешев се смета за близок соработник на Борисов. Претседателот на Бугарија Румен Радев им се спротивстави и на двајцата.

Џанков вели дека Брисел предоцна ја сфаќа опасноста од бугарската корупција. „Брисел треба да биде убеден дека доколку не се стори нешто сега, Бугарија и Борисов ќе се приклучат во редовите на Јарослав Качински (Полска) и Виктор Орбан (Унгарија), што ќе биде загрижувачко“, смета Џанков.

Христо Иванов по бегството со бродот во Црното Море, за Фајненшл тајмс изјави дека Борисов успеа да напредува на европско ниво затоа што остана во конзервативната мејнстрим – ГЕРБ припаѓа на десноцентристичката групација во Европскиот парламент. Тој не користи нелиберална реторика како што прават Будимпешта и Варшава. Но, сега, вели Иванов, Бугарија се гледа како „дел од поголема шема на корупција и популизам, кој премногу добро се пробива низ вените на европското донесување одлуки“./МИА

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    115 shares
    Share 46 Tweet 29
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ